Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Pet Sematary

pet_sematary-2.jpg


Хорор во кој едно семејство се преселува во една куќа која изгледа перфектно но сепак има две лоши страни:
- Пред куќата има опасен пат каде што поминуваат брзи камиони, и мистериозните гробишта за животни позади куќата.
Нивниот сосед е еден постар човек кој им ја објаснува поврзуваноста на опасниот пат и гробиштата.
Додека семејството и соседот уживаат во малиот излет на тревата, малиот Гејџ летајќи го својот змај излегува на патот и го прегазува камион. Тој е погребан и неговите чувствуваат голема носталгија по него.
Неговиот татко дознава за едно место, малку подалеку од гробницата за животни каде што кога ќе се закопа покојниот, тој се враќа меѓу живите.
Една вечер тој оди и го ископува својот син од неговиот гроб со цел да го презакопа на саканото место и неговиот син да се врати.
Тоа и го прави и уморен легнува да спие.

Вратата се отвора и влегува Гејџ но тој не е повеќе она мирно момче.
75447_181161_1.jpg


Го зема скалперот од татко му (инаку доктор)
и ги убива ближните и соседот бидејќи не воделе грижа за него и не го спречиле да излезе на патот.

Останати лица кои имаат влијание во филмот но доколку објаснував ќе беше долга рецензија:

000000001.jpg


pet-sematary-zelda.jpg
 
littlejoposter.gif


Џозефин е млада жена која раѓа вонбрачно дете, но како резултат на предрасудите кои ги има нејзиното семејство таа е исфрлена од дома и оставена сама на себе. Таа оди на запад, но многу бргу согледува дека тешко ќе просперира со оглед на тоа дека е жена и големите шанси да биде нападната и силувана. Таа наоѓа решение за својот проблем, се преправа во маж, прави лузна на лицето да неможе некој да ја препознае. Се нарекува себе си Џо, скратеница од нејзиното име а подоцна ќе го добие прекарот Малиот Џо. Но дали ќе успее да ја сочува својата тајна со оглед на својата сила и кревкост.
Категорија драма, вестерн. Ми се допадна глумата на Сузи Амис, Иан Меккелен, се на се добар филм.
 
Sucker Punch
282px-Sucker_punch_ver10.jpg


Приказната се врти околу 20 годишната Бејбидол, која е испратена во клиника за ментално болни од страна на нејзиниот очув. Во клиниката таа се повлекува во својот фантастичен свет во кој таа е една од новодојдените во еден бордел. Нејзина задача е да смисли бегство за неа и нејзините четири другарки.
Фантазија, акција, трилер...
Филмот не е ништо посебно, можам да ја пофалам само музиката...
6/10
 
Првитефилмазалетововозбуд

Од најлош кон најдобар

Vacancy
MV5BMTQ3MDk2MDI5N15BMl5BanBnXkFtZTcwMDgyNzUzMw@@._V1._SY317_.jpg


Филмов не можи да биди по-просечен.
Типична приказна, од почетокот - му снемва гас на сред ноќ на сред пустелија па мораат да поминат ноќта во сомнителен мотел, до заплетот - оо нешто чудно се случува таму (кој би рекол), до расплетот кој се предвидува уште пред да почни филмот.
Ништо не ми остави впечаток, ни глума, ни музика, ни режија. Дури ни Кејт не беше нешто посебно заносно убава, ни па да имаше секси сцени барем то да си речиш. Не задржва внимание, не те остава во исчекување, нема потресни сцени.

Не е некој преидиотски филм од кој оглупуваш, ама едноставно нема причина зошто би го гледал.
4/10

Splice

MV5BMjEwODQ0MjI2OV5BMl5BanBnXkFtZTcwMTA4MjQ0Mw@@._V1._SY317_.jpg


Аамм...хммм, еее...филмов ее...оваајј.....Yeah, that about sums it up.

Трејлерот го прикажва како многу мрачен, хорор филм. Апсолутно нема врска. Генерират суштества со комбинирање на ДНК од повеќе видови на животни и во нов експеримент со додавање и дел од човечка ДНК ќе ја создадат Дрен. Како нељубител на вакви научно фантастични филмови овај не ме изнервира толку, се поднесва. На крајот малце потпретераја со карактеристиките на суштествово, ама океј. Ама филмов нема некоја посебна цел или приказна. Добро одглумено, Броди <3. Не е возбудувачки. Малце невообичаена драма, ако би го класифицирала.

Немам ни разумна оценка. 4 нека е.

The broken

MV5BNTc2MzM0MDI1Ml5BMl5BanBnXkFtZTcwMTA4MDYyMg@@._V1._SY317_CR9,0,214,317_.jpg


Веќе почнувам да мислам дека глупометарот ми се расипал, од толку долго шо немав филм гледано и сега сите ми се ок. Сакам ко ќе најдам некој принепознат филм шо ми е океј. Овај ми е о-кеј филм.

Опасно сличен на Mirrors. Хорор, да речиме, ама не страшниот или грозниот тип, туку мистериозниот и морничавиот. Се појавуваат двојници на едно семејство кои излегуваат од огледалата и се со убиствени нагони. Главната т.е. се обидува да сфати тоа, дечко и почнува да се однесува чудно па ја прават луда заради тоа, си ја гледа нејзината двојничка наоколу но поради сообраќајна несреќа заборава која всушност е и нејзиниот живот и во потрага по тоа дознава нешто сосема поинакво од тоа што го бараше. Не е прекомплициран, ама со мал twist на крајот.

5/10

Rosemary's baby

MV5BODE5MjcyODkxMl5BMl5BanBnXkFtZTcwNjM4NjcxMQ@@._V1._SY317_CR7,0,214,317_.jpg


Now we're talking.

За жал (или среќа) имав преемногу ниски очекувања од филмов. Атмосферата во трејлерот е ужасна, плус не ме возбудва годината кога е создаден. Но мило ми е дека иако на мајтап, му дадов шанса на филмов.

Можеби заради то шо очекував да е ужасен, ме возбуди ептен. Филмов има атмосфера, има attitude, има шмек, те обзема. Не знам дали е до старомодната глума (ако можам така да се изразам) или до камерата или до музичето кое можи само во вакви стари филма да го има.
Пак, не е типичен хорор ама има гоолема доза на морничавост и налудничавост која модерните филма не можат да ја постигнат. Се соживуваш со ликовите, навиваш за нив, сакаш да влезиш во екранот и да му удриш шамар на некои оти се глупи, на други оти се малце поглупи. Дејствието е бавно, ама го чекав крајот без здив. И ме разочара. Но чувствата на патот до таму шо ги доживеав вредеа ^_^

Приказната непотребно да се кажва, треба да се роди синот на ѓаволот.

За прв пат се сложвам со имдб. 8ка

K-PAX

MV5BMTIzMDY0MzUxOF5BMl5BanBnXkFtZTcwNDE2NjkxMQ@@._V1._SY317_CR2,0,214,317_.jpg


Океј, не знам x2, оти толку долго чекав дури да го гледам филмов. И овај го замислував тотално поинаку, некој глуп сај-фај завлезен претеран филм. Морам да прекинам да ги предрасудвам филмојте.

Немам шо да кажам многу, вервам на форумов веќе се е кажано. Само за прв пат сај фај и вселенска приказна да ме бендиса толку и да не ја мразам. Прекрасен филм, на тотално различно ниво.

8.5/10
 
THE MAN
MV5BMTQ2NjgzMjgyMV5BMl5BanBnXkFtZTcwODkxOTAzMQ@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg

Малку постаро филмче од 2005г. не знам како ми избегал да не го гледам досега. Во кратки црти, полицаец(Samuel L. Jackson) си ја брка работата кога во сето тоа се вмешува еден човек(Eugene Levy), кој не можи да се воздржи 1 минута да не зборува. Одлична комедија за тепање време, нема да ви биде досадно ни 1 минута.

The book of Eli
MV5BMTgwNTY1MjIzMF5BMl5BanBnXkFtZTcwMjE3NTUwMw@@._V1._SY317_CR1,0,214,317_.jpg

Пост-апокалиптичен филм со Denzel Washington каде тој заштитува една книга со својот живот, книга која ќе го спаси човештвото. Акција/Авантура, вреди да се гледа. И патем Mila Kunis е во главните улоги.
 
Од повеќето филмови што ги изгледав ќе одвојам 2 кои ми оставија најголем впечаток..
http://www.imdb.com/title/tt0081505/ - The Shining (1980)
Многу fucked up филм. Сцени кои никако не се вклопуваат во филмот, а сепак оставаат позитивна критика врз гледачот... Jack Nicholson - should I say more ? Најдобра улога во која сум го видел, вистински психопат. Приказна да опишувам нема пошо глупо ми е со спојлериве, а знам дека ќе го згрешам..
Останува оцена - 8.0/10..

http://www.imdb.com/title/tt0111161/ - The Shawshank Redemption (1994)
Филм во кој се впуштив да го гледам без да знам што се случува ни за каков филм се работи.. Уште една затворска сага и животот зад решетки со маестрална глума на Тим Робинс и се разбира Морган Фриман.. Одличен саундтрак..
Се на се одличен филм..
Оцена - 10/10..
:coffee:
 
I heart Huckabees (2004)

Медитација - исклучување на умот - влијанијата, или нихилизмот - помирување со тапоста и непреземање ништо е решение во ова општество на предавства? Еден ден си разочаран од предавствата, следниот ти си предавникот. Еден ден си слепец, веќе следниот гледаш, свесен бар малку за својата егзистенција. И тоа ти е ко да си ја открил Америка. Биди среќен ако прогледаш у животот. What's so great about depression? - Nothing. Unless it holds the key to something you compulsively avoid so it will never be examined or felt hence your behavior becomes repetitive like a story. Понекад у моменти мислиме најдобро е кога си удрен у глава, зашеметен,пијанство, дрога, секс, работа 24/7. Ипак се работи за "an absurd theatrical we must play out, back and forth, drom pure being to human suffering." Јебига, човечки суштества сме, мислиме, се грижиме колку-колку, пробуваме да разбереме, сакаме. And he almost died 'cause he cares about the same things. And that shows there's no nothing even when you die.

9 накај 10 /10
 
Fast Five

l_1596343_ecf8ad48.jpg


Петтото продолжение на Fast & Furious серијалот не носи во Рио Де Женеиро каде што Доминик Торето (Вин Дизел) и Брајан О Конор (Пол Вокер) овојпат се наоѓаат од спротивната страна на законот. Во обид да стекнат слобода тие влегуваат во војна со човекот кој го држи во свои раце криминалот во Рио. За заплетот да биде уште поинтересен од Америка со својата единица пристига Лук Хобс (Двејн „Рок“ Џонсон) специјалист за фаќање криминалци.
За да можат да ја спроведат својата идеја Дом и Брајан напомош викаат ликови со кои соработуваа во претходните делови на Фаст ен Фјуриус.

Според мене, ова е најдобриот F&F досега.
 
Insidious (2010)

Далеку дека ова ми е последен гледан филм но се решив да му дадам една кратка рецензија. Со оглед на тоа колку е ценет меѓу луѓево како страшен и многу добар а за мене е само еден просек од филм, налик македонски проект - само една добра идеја ама премногу лоша реализација.
Значи целата поента и тема на овој филм е астралната проекција, една многу светски истражувана состојба на духот на човекот кој го напушта телото во сон и потоа се враќа назад во телото. Но кај малиот Далтон тоа не е така. Тој сред спиење запаѓа во една состојба слична на кома и не се буди со месеци.

Позитивната работа која ми се допадна кај овој филм е замислата и темата. Сè започна многу добро, најавата на филмот беше морничава и предизвика кај мене лазење на морници. Експозицијата и заплетот беа единствените нешта кои навистина ми се допаднаа во филмот заедно со сцената во епилогот
(невестата во црно што ме извади од памет, не дека ситуацијата ми беше логична, туку дека беше добро изведено)
како и многу добрата глума на Патрик Вилсон кој сметам дека беше одличен избор за овој филм.

Првото што многу ме изнервира кај овој филм мене, како љубител на фотографијата и некој што се занимава со тоа беа премногу лошите кадри. Добро, до толку ли да не се знаело денес во 21 век, од толку кран камери со кои се снимаат филмови да се направат добри сцени? Па кај хорор филмовите тоа е клучно нешто по добриот избор на музика. Хичкок сè уште е на врвот 50 години со сцена под туш и наместо режисерите да одат напред, се уназадуваат со аматери кои ги избираат да бидат директори на фотографија и монтажери. Само во една рецензија досега видов некој да се пожали на кадрите. Многу ме нервираше ова додека го гледав филмов, на момент беа до толку глупави што не знаев што сака да ми прикаже авторот и на што треба да обрнам внимание.

Второто нешто што ме изнервира и ми го уништи филмов беше одењето во екстреми. Кај се видело во астрална проекција да има ѓаволи, демони, чудовишта? Ај што се решиле да вметнат такви работи, океј е, сфаќам до некаде, но не го разбирам претерувањето со нив. До толку претерале што веќе не знаев дали го гледам Insidious или па Nightmare on Elm Street и тоа некоја од поочајните верзии. Тотално ми се изгуби смислата на филмот и почнав да стискам FF за да дојдам до нешто нормално.

Од мене има една 6/10, чисто поради почетната напнатост која ја создава и морничавата најава. Ќе се снима и втор дел на филмов на кој верувам дека би му дала ни 6, но сепак да почекаме.

Bad Teacher (2011)

Не се работи за кој знае каква комедија, но ако поминувате низ напнат период ко мене :), вреди да се спушти и да се погледне, чисто колку да изгледате филмче без да се напнете и да се насмеете на некои работи.

Се работи за една професорка во основно која работи што се вели ради реда и живее паразитски од парите на нејзиниот свршеник. Но тој сфаќа дека таа е со него поради парите и ја раскинуваат свршувачката. Потоа почнуваат „проблемите“ на младата и згодна професорка која мора да смисли како да собере пари за својата пластична операција за вградување на силиконски импланти на градите.

Горе - долу солидно смешен филм, но според мене Камерон Дијаз не е е актерка за комедии и поготово за онаков лик на типична глупача на изглед. Повеќе ми е акциона актерка која треба да се држи до улоги во такви филмови. Нешто слично како Анџелина Џоли да глуми комедии, така и оваа. Во овој лик многу подобро би се снашла Џенифер Анистон која и вака и онака, директно или индиректно пробува да ја интегрира Рејчел во сите улоги кои и се дадени во филмската кариера. Барем овој филм ќе беше 10ка за нејзината кариера :) Не дека лошо глумеше Дијаз, се трудеше но сепак посмешно би било со ваква актерка како Анистон на која не и треба многу за да ја долови таа „изгубеност во свемирот“ која требаше да се долови тука.

Мене ми беше солидно смешен овој филм. Не очекувајте премногу, но барем ќе го пуштите мозокот на пасење и ќе се насмеете на некои смешни ситуации.

Вреди да се погледне, од мене има 7/10. Ако го имате гледано филмов и не се сложувате со мене, го гледав филмов во 4 сабајле и пак ќе кажам, напнат период, ништо чудно ако го преценувам :)
 
Fast Five

Сите (almost..) знаеме какви филмови нуди серијалов. Јас навистина сум збунет малце. Прво, филмот како филм е добар филм, баш онака добар. Нема интриги и планови како Oceans 11 или некој трет филм од тој жанр кој го доведува криминалот во тоа ниво да си речеш ’’леле како е можно овој да не го открил патувањето со брзина на светлината, а го направи цел овој план кој е исто тежок колку патувасдјхајсд со... на светлина’’, значи планови и завери од висок ранг си нема, него има уличарски кражби, што е океј и многу по забавно од тоа што спомнав погоре. Второ, филмот не е воопшто досаден и мерак ќе ми прави ваков долг филм да го гледам уште еднаш, па уште еднаш, па уште еднаш... (yeap, im that kind of guy). Од цел сериал е навистина подобар филм, чудно ама вистина...

Е сега, за да не биде ова мајндфак и да си речат њот, иосоно и тие на кои не им се важат мислењата (женските): што му се случе на Јонзе, полуде ли? Да кажам тоа што ме мачи околу филмот:

Ќе почнам со еден онака многу прост пример. Bourne серијалот е добар, така? Сите во ова се сложуваме... е сега, излегува четвртиот дел од овој филм и се вика Bourne: Armageddon, со Брус Вилис, Бен Афлек, Лив Тајлер на Џоли бившиот ебач итн, и како сите овие заедно се обидуваат атомска да пикнаат помеѓу нозете на еден огромен метеор... Овој филм како таков, е супер добар филм, ама нема 2 врски со предходните 3 дела. Епа исто ми се случе и со новиот Fast5. Една трка која ја очекував најмногу, не ја ни покажаа (кога ке го земат поршето), а демек тоа the big car chase требаше да е нешто? Бркање со полиција, и тоа направено како тоа демек колите ги возат супермен и бетмен, а полицајците освен во америка и во бразил биле глупи само овие во бразил уште 10 пати повеќе. Немаше ни 2 врски со предходните 2 серијали (за првиот филм и за предходниот). Таму се возеа коли, се тркаа ти реков ми рече... Тука трка нема, има нешто налик на вестерн ограбување на воз и тоа е тоа, ама тоа не е трка. Има квази планирање за грабеж, ама ова не е италиан џаб, има бркање по Рио, ама ова не е Хулк има тепање ама ова не е Faster, го има the rock ама ни јас не знам зошто го има, кој патем е кул, ама не му е местото тука.

Плус демек на стар рецепт одеа, кој го памти првиот филм, знае дека Доминик со Оконор, стануваат пријатели кога Оконор ке му го спаси гзот од полицајци, и тука демек овие го спасуваат Дуејн од тие street thugs... Демек еве, старо ама ново...

Се на се, филмот е супер, би можел да го гледа и човек кој не знае и нема поим за Nos/Fast and Furious/NFS:Underground 1,2..., ќе ужива и све ќе сфати. АМА ова нема 2 врски со fast and furious серијалот. 7/10 за филмот. 0/10 како продолжение.

kolku za info znam deka za brzo ke ima 4 del od bourne i akter ke bide istiot koj ke go igra hawkeye vo The Avengers. Taka da, moze mirno da spiete :)
 
City of God

51QXBFP777L._SL500_AA300_.jpg


Гледаш сликава и си викаш - Бразилциве снимиле филм љубовен и со оружје. Сигурно цело време ќе се врти приказнава околу црнецов што ја сака девојкава и нешто со банди што го закачаат...Ама колку само НЕ!

Просто сум изненаден од филмов и колку има добро комплексно дејствие. Камерата да не зборам само колку беше добра. Локациите на дејствието се одлично избрани и актерската екипа, која е повеќето мали деца, одлично ја завршила работата. Најлошите актери беа возрасните, кои на моменти ми изгледаа смешни како незнаат да глумат. Всушност децата и тинејџерите се носители на дејствието.

Дејствието почнува во 60тите години од минатиот век, во една новоизградена населба во предградието на Рио, каде што живеат поранешни бездомни фамилии, на кои државата им дала покрив на глава, и само тоа. Во околина каде што ретко кој има образование, работа и претежно се работи за класа на луѓе за кои нема место во општеството, главниот збор го имаат криминалците. А лидери на тие криминалци се 3ца тинејџери кои им се идоли на малите деца во населбата. Повеќето деца ја гледаат иднината како дел од криминална банда, освен едно дете кое решава да ги избегнува конфликтите и да проба да живее поштен живот во таква околина. По низа на настани, криминалната банда се распаѓа и остануваат децата, импресионирани од животот на криминалот, да ја продолжат работата. Тие деца, сега веќе тинејџери ќе формираат банди, кои се тек на време ќе владеат со поголемиот дел од градот. Но гладот за повеќе моќ е неограничен и почнува битка за целосна власт а помеѓу таа војна, се наоѓа детето од почетокот кое сега е тинејџер и сака да го оствари сонот...

Сигурно повеќето тука сте го гледале филмов а за тие што не го гледале - топло го препорачувам.

Од мене има 9/10
 
High fidelity (2000)

Причината поради која успеваат многу од договорените бракови ја имате тука. Се работи за убеденоста сам со себе во однос на врската во која си, се работи за одлука кога решаваш да поебеш нагон и авантуристички дух кон непознатото, со цел да се впуштиш со 100% input у навидум познатото. Тоа од една страна. Од друга, одлуката да не бараш веќе маани кај партнерот, ни свесно, ни потсвесно, клише моментот реално да прифатиш некој таков каков што е. Со тие 2 моменти, ја доживуваш љубовта више целосно.
John Cusack е симпатичен и таман за филмов.
Недостаток е недоволната разбработка на ликовите и недореченоста на моменти.
Али е еден од филмовите што нема прејака поента ама ти влага под кожа, како Garden state.
Би го глеала и пак, тоа ми е критериум за добар филм. :D
 
http://www.imdb.com/title/tt0884328/

Одлична , одлична , одлична приказна. Приказна за тоа како човек би реагирал кога знае дека смртта е блиску до него. Дали би барал спас со разум .. со борба ( во овој случај со разни суштества ) или па ќе се сврти со верба кон бога.
Насекаде е магла од која излегуваат чудни суштества кој никој не може да сфати од каде се дојдени. Група на луѓе (се да речам заглавени) во еден супермаркет барајќи спас како да излезат од супермаркетот а да не бидат убиени од суштествата кои излеваат од маглата. Некои веруваат дека можат да се спасат со борба .. но сепак пред нив кога е смртта се вртат кон тој што им нуди спас .. а има една жена која нон стоп проповеда од библијата велејки им дека само бог може да им помогне што полека преминува и во лудост. Мене приказната ме воодушеви .. а крајот ... крајот е нешто што мора да се види. Човек да се наежи и со подзината уста да остане 15 мин. :)
 
The Bang Bang Club

The-Bang-Bang-Club-poster.jpg
TheBangBangClub_jpg_618x999_q85.jpg


Драма снимана според вистински настани за 4 фотографи кои ги фотографираат последните денови на апартхејдот во Јужноафриканската Република.
Животот на екипата бил премногу возбудлив, така да не било проблем сето тоа да се склопи во еден филм. Фактот дека Грег Мариновч има добиено Пулицер за фотографија од војната која била во тек, и Пулицерот на Кевин Картер за култната фотографија од мршојадец кој демне дете во пустината, дава на значење дека во филмов се работи за луѓе кои оставиле длабока трага во светското новинарство.
Филмот успешно ги прикажува ужасите на војната и карактерот на фотографите од овој Бенг Бенг клуб. Сето она што е потребно за да одиш секој ден за да фотографираш како луѓе гинат затоа што едните се од едниот табор, а другите се од другиот табор.
Доколку ви се интересни темите фотографија, војна или уште повеќе воена фотографија, филмов е must see.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom