Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
The Eagle

Филм за освојувањето на Британија од страна на Римјаните, и за враќањето на изгубениот орел со тоа и честа на семејството. Channing Tatum како главен лик, мене лично не ми се допадна, да беше некој друг можеби подобро би бил оценет филмот иако се работи за просечен филм. IMDb му стегнал 6.2 мојата оценка би била негде 7ка.

 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ќе напишам за последните два филма што ги гледав и по некоја случајност двата ми се погодија да се со Том Крус во главна улога...
1. Eyes wide shut (1999)



Овој филм е многу, многу специфичен по својата тематика. Станува збор за млад брачен пар, кои имаат многу интересен брак и некоја специфична конекција меѓусебе. Тој е доктор, успешен, згоден и богат, а таа се откажа од својата кариера за да се грижи за ќеркичката Хелена.

Во моментот кога ќе помислите дека еден со друг ќе се изневерат, ќе се излажете иако убедени ќе бидете во тоа...Случајно во еден разговор помеѓу нив, жената ќе му признае дека пред неколку години видела некој згоден маж и цело време мислела на него и го посакувала...Тој, иритиран од ваквото нејзино признание, видно повреден посетува проститутка (и плаќа но не спие со неа,) а потоа го запознава својот поранешен колега од факултет, кој е пијанист и за кратко време се наоѓа во еден огромен замок, каде што сите носат маски, водачот таму одржува некој ритуал со песна и музика и на крај следуваат оргиии...
Режисерот намерно остава на крајот од филмот, самиот гледач да си даде одговор на некои прашања кои остануваат отворени, а меѓу нив е смртта на една млада манекенка...
Тој и таа го пребродуваат сето ова...Нивната конекција е пресилна за да им се доведе бракот во прашање и покрај сите невољи.


2. Collateral (2004)




Е ова е вистинско ремек дело...Тука Том Крус е негативен лик, на сериски убиец, крајно професионален, со изострен ум, невидена интелигенција и ладнокрвост...
Дејството се случува во една ноќ, во Лос Анџелес, кадешто еден локален таксист, запаѓа во канџите на убиецот, со тоа што овој како најобичен патник се качува во неговото возило и го тера да го носи од едно на друго место кадешто убива луѓе кои му се на списокот...
Последната потенцијална жртва ќе биде спасена благодарение на таксистот...
И покрај лошото искуство и преживеаниот кошмар, таксистот учи многу полезни работи од овој другиот и ќе установи која е причината што во животот е толку неуспешен таксист, обичен потрчко и плашливко...
На машките посебно им го препорачувам филмот, зашто сум сигурна дека ќе им се допадне...
Блонди, не ти е прв пат цел филм да го раскажеш. Пишувај спојлери бре девојче, ако не знаеш како ич не ни раскажувај како завршил филмот. Мислам после твоиве рецензии, зошто некој би сакал да ги гледа филмовиве? Бидејќи не ти е прв пат ваков испад, имаш опомена.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Блонди, те опоменав и јас пред месец дена мајке ми, The Orphan цел го имаше раскажно, среќа гледан ми е иначе само опомена малце ќе беше. Види неколку страни поназад или на некои филмски сајтови како изгледа рецензија за филм. Рецензија не е раскажување, критички осврт.

Midnight Express (1978)



Ако сте љубител на драмите во кои се отсликани затворските маки на луѓето кои се осудени дел од својот живот да го поминат во таква установа, ако Escape from Alcatraz и The Shawshank Redemption се филмови кои ви оставиле навистина силен впечаток и барате да погледнете некој филм сличен на нив, тогаш Midnight Express е токму она што треба да го изгледате.
Били Хејс е американски турист на одмор во Истанбул, Турција со својата девојка, кој се решава да прошверца хашиш назад до неговата земја Америка. Но, како и секој наивен млад човек, очигледно не размислува за последиците и притоа фатен е на аеродромот и однесен во турски затвор каде што треба да ја одлежи првичната казна затвор од 4 години.

Морам да кажам најпрво дека го изгледав филмов по препорака на Џимеј кој ми кажа дека филмов како што поминува времето, станува се поморничав и поморничав. Точно така. Колку и да не го оправдував Били со постапката што ја направи и изградив став дека неговата казна е заслужена, сепак подоцнежниот развој на настаните ме разубеди и не можев а да не сочувствувам со неговиот лик. Иако описите на затворот и вработените чувари во него значително се разликуваат од книгата со тие во филмската адаптација (на филмот според авторот на книгата претерано е со бруталностите и опишувањето на турскиот народ), сепак не менува многу во доловувањето на емоциите. Били е затворен на еден континент, неговата фамилија е на друг. Станува жртва и пион на политичките несогласувања на неговата земја со земјата во која што ја одлежува казната затвор и ги трпи последиците кои значително се отсликуваат на неговата психа. Ова е филм исполнет со тензија во кој постојано ќе се прашувате што ќе се случи наредно и иако најпрво ќе го осудувате Били како што тоа го направив јас, ќе почнете да „навивате“ тој да се спаси од пеколот во кој поминува низ затворот. Посебно најмногу ме погоди срцепарателната сцена во која
девојката на Били доаѓа да го посети во затворот и тој на работ на нервно растројство низ солзи и вели дека ја сака иако е веќе 5та година во затворот.
како и
неговиот говор во судницата кога се чувствува предадено, изиграно и неговиот бес испливува на површина.

Иако филмот значително се разликува од книгата, да не беа некои додатно вметнати сцени во филмот кои најпрво се вметнати за да ја отсликаат немоќноста и фрустрацијата на затворениците да се справат со злобните стражари, го препорачувам на сите (посебно на горенаведените) бидејќи иако нема некои звучни имиња, глумата е перфектна, музиката е ниво. Но најпрво ја издвојувам тензијата која преовладува низ целиот филм која е најмногу иницирана од самиот ентериер на затворот. Го изгледав пред 3-4 дена и се` уште сум под импресии и се ставам на местото на главниот лик во некои сцени.



Од мене овој филм има чиста 10ка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.562
Harold and Kumar Escape From Guantanamo Bay
Ако сакате добра комедиви го препорачувам филмов :)
Харолд и Кумар се пријатели кој случајно ќе налетат во неволја и ќе бидат обвинети за тероризам , па ќе избегат од затвор но тука не завршуват нивните лудории... Оценка 10/10
 
Член од
8 април 2010
Мислења
68
Поени од реакции
46
Barry Lyndon (1975)

Kubrickovo cedo. Ja sledi prikaznata od ranata mladost pa do sredovecnosta na eden Irec. Glavniot lik, kako sekoj izmacen covek e osloboden od moralnost i romantizam. Eticki nedostoen, no celosno covecki opisan, kako covek so mani i doblesti. Inzvoredna studioznost na karakteri. Forest Gump pred Forest Gump. Smesen, silen, dolg, emotiven film.

 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Double jeopardy (1999)
Улоги: Tommy Lee Jones, Ashley Judd и Bruce Greenwood.
Режија: Bruce Beresford.



Интересна крими драма, која започнува исто како оние патетични амерички филмови, со убиство и потоа низ целиот филм се развлекува откривање на истото. Но, тука е сосема поинаку текот на филмот.
Имено, млад брачен пар одат да пловат со мал брод, кој жената го добива на подарок од мажот, и на сред ноќ жената се буди и насекаде гледа крв и крвави траги...Ги следи истите и излегува на палубата на бродот и гледа крвав нож, а мажот и го нема никаде...Го зема ножот во раце и во тој момент здогледува крајбрежна полиција...Осудена е за убиство на мажот и оди во затвор...При тоа адвокатот ја известува за сума од 2 милиони долари од животното осигурување на мажот и...Малолетното дете го дава на нејзината најдобра пријателка да го чува...
Дали е нејзиниот маж стварно мртов?
Што всушност се случува со него и со нејзината пријателка?
И зашто слоганот на овој филм гласи: Murder isn't always a crime!

Мене лично ми се допадна филмот, обработува интересна тематика и оригинална...А плус ни покажува како функционираат дел од америчките закони за извршено убиство, одлежување на казна, условно итн...
И најмногу за тоа до каде е спремен да оди болниот ум заради пари...
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Remember the Night (1940)



Пред божиќ, Lee ќе украде... па откако ќе ја фатат треба да и судат, но таа до следното судење ќе биде на слобода т.е. поради John кој цело време ќе бидаат заедно... и така се до следното судење додека не се изрече конечната одлука за неа.

... во секој случај претежно интересна драма, но секако очекував повеќе.

Оценка: 7.5/10
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
100
Поени од реакции
42
It's All Gone Pete Tong



Френки Вајлд е еден откачен типац, супер диџеј но почнува да го губи слухот а полека и разумот, но љубовта спрема музиката и неговата работа ќе направат легенда од него. Погледнете.
имдб: 7
јас: 7
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Ова ми беше критика/рецензија за филм на факултет.

Конечно, после неколку месечно колебање дали да го гледам најновиот „блокбастер” на Холивудските студија или сепак да останам на моите чувства кон ликот и делото на Дилан Дог без да бидам претпазлив дали нешто може да предизвика масовен хаос во мојот дигестивен систем, решив да го изгледам филмот „Дилан Дог: Убиство во ноќта” или на англиски „Dylan Dog: Dead of night”. И ете, конечно можам да кажам дека онаа дрско-вештачка серија „Погрешно време”, која ги доведе до најниско можно ниво моите критериуми за лошо сценарио и уште полоша глума, си најде свој еквивалент во Холивуд. Ова го кажувам од гледиште на љубител на Дилан Дог кој е разочаран од Крејвен Роуд (улицата на која што живее ДД) и назад.
Целиот италијански ДД округ со гадење го прифаќа фактот дека Американската бескурпулозна желба за се што е напишано да го пренесат на платно, го сквернави нивниот миленик. Дури и тимот кој стои зад целиот ДД проект (сценаристи и цртачи) не можеа да го скријат своето незадоволство. Главната сценаристка Паола Барбато, кратко по излегувањето на филмот изјави: „Љубителите на ДД навистина умеат да бидат преосетливи и преостри, но овојпат имаат право. Дилан е премногу комплексен за да можете да го претставите со тоа што во сценографијата ќе вметнете галија и кларинет.” Интересна е и изјавата на Марко Шелиќ, уредник на српското издание на ДД: „Зошто баш тој, италијанскиот скоро непознат јунак за американците, да биде мета на силување? Мунро (режисерот на филмот) би требало да знае дека во срцата на тинејџерките нема да може да го замени оној ненадминато лигав Самрак (Twighlight) колку и да оди по неговите стапки.” Нејасно е како режисерот, кој се декларира како љубител на стриповите со ДД иако прочитал само 6 (со букви: шест) броја од истиот, може да биде компетентен да се нафати на ваков предизвик. Но, да не бидам неаргументирано критички и „хејтерски” настроен (бидејќи сето тоа може да се направи во неколку реда), да почнеме со ред. Што всушност го прави овој филм толку лош?
1) Опкружувањето и позадинската приказна
Најпрвин, главниот јунак во филмот не е Англичанец и не живее во Лондон. Дилан е 100% Американец кој живее во Њу Орлеанс, град кој не е толку Американски колку што може да биде Њујорк, но тоа не е нималку олеснителна околност. Филмот ни го претставува ДД како душево растроен, потполно неприлагоден и разочаран. Намерата на авторот на филмот е да не наведе на тоа дека ова не е негово природно опкружување и дека во евентуалните продолженија ќе се позанимава и со неговото интернационално минато.
2) Главен лик
Ова не е јунакот на кој сите нам ни е познат и сме навикнати на него. Брендон Рут, поранешен манекен и глумец на кој врвот на кариерата му е главната улога во филмот „Враќањето на Супермен” од 2006 година, глуми уште еден стрип јунак. После „Супермен” се има појавено и во уште неколку филмови, но сето тоа не е доволно за да биде нешто повеќе од потпросечен глумец. Ниту таму критиката, ниту пак љубителите на стриповите Спајдермен не беа задоволни од изведбата. Тука доаѓа до една нејасна одлука на главниот тим, зошто ангажирале глумец со нетолку успешна кариера, покрај одличните можности за докажување, да го глуми главниот протагонист? Вкочанетото лице и широкиот грб не се ни малку слични на Дилан Дог кој на сите нам ни е познат. Каде тој е претставен дека носи железен боксирач со себе? И кога ДД влегувал во групни тепачки на секои пет минути притоа неповреден?
3) Спореден лик
Иако според многумина ова е најголемиот пропуст, морав да го сместам на третото место поради поголема претстава за приказната и главниот лик кои се набројани претходно. Гручо Маркс, ликот без кој Дилан Дог е исто како Том без Џери, е изоставен поради тоа што на подрачјето на САД секој кој сака да го употреби ликот, името на комичарот или некој кој ќе го глуми или имитира, ќе мора да плати 8 милиони долари (неофицијална сума) за авторски права. Иако можам да ги разберам челните луѓе на филмот поради оваа „вртоглава“ сума, несфатливо ми е како се осудиле воопшто да го почнат снимањето покрај овој проблем. Во оваа група на споредни ликови иако не е лик, спаѓа и превозното средство на ДД, црна фолксваген „буба“. Повторно доаѓа до судир со нечие интелектуално поседување. Овојпат, куќата „Волт Дизни“ ја заштити белата „буба“ од користење откако ја искористи во филмот „Herbie: Fully Loaded”.
4) Фабула
Дури и да го изгледате овој филм како нешто кое нема никаква врска со ДД, нема да наидете на нешто којзнае колку интересно за да ве задржи до крај. Под влијание на сите тие тинејџерско-вампирски филмови, повторно се јавува слична приказна. Дури ни посветата кон авторот и издавачот (архи-вампирот кој е клучен за приказната се вика Склави и е сместен во комората покрај вампирот кој се вика Серџо, додека пак италијанскиот вампир кој се презива Борели, му помага на Дилан околу решавањето на мистеријата) да се стекне барем малку подобра слика за ова дело. Во филмот, Дилан своите услуги ги наплаќа по 250 долари плус трошоци (околу 150 фунти), додека пак во стрипот, ангажирањето чини 100 долари плус трошоци. Повторно доаѓа до внесување на други, некарактеристични особини и правила кои се косат со оригиналните. Нормално е тоа дека екранизацијата не би требало да биде иста како и изворната верзија, но вакви радикални промени не се потребни. Во сеопфатната мешавина од позајмени делови од други филмувани стрипови како Блејд и Хелбој, епскиот завршеток на филмот не не остава рамнодушни затоа што чувствуваме олеснување од агонијата на која како гледачи (и љубители на ДД) сме биле изложени. Во врска со продолжетоците, режисерот Кевин Мунро изјавил дека сака да се позанимава со односот на ДД со инспекторот Блок. Исто така, како главен негативец да го постави Др. Ксабарас кој би го глумел актерот Хју Лори (Dr. House).
Единствена светла точка во оваа темна приказна се шпекулациите за продолжение на филмот „Dellamorte Dellamore” на Микеле Соави каде што главна улога е актерот Руперт Еверет, човекот по кого е правен Дилан Дог
 
Член од
8 април 2010
Мислења
68
Поени од реакции
46
Take the money and run (1969)

Sigurno eden od najdobrite filmovi na Woody Alen. Izrazito lucidna i intelegentna komedija za kriminalecot Virgil Starkvel. Ulogata ja tolkuva Alen, a i ne bi mozel da zamislam nekoj drug vo istata.
Definitivno eden od najsmesnite filmovi sto ke go vidite, ako go gledate. :)
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
The adventures of Tintin (2011)


Веројатно сите имате слушнато за Тинтин, стрип карактер со потекло од франција, детектив усвари.
Интересна авантура како и да е, Тинтин на рандом пронаоѓа дрвен брод во кој има скриено тајна порака како да стигнеш до богатството, но Тинтин не е единствениот кој ќе тргне по него и нормално така авантурите започнуваат.
Режисер е Стивен Спилберг па под дифолт ќе си речеш следува интересна авантура, што и одприлика е така, иако во некои моменти станува досаден малку, сите тие дејствиа збунуваат некако, па и филмот ми изгледаше подолг поради тоа, i guess.
Анимацијата, то ест цртежот е холи фак, прилично добро направено, прилично реално, дури онака почна да ми фали малку олдскул стилот но сепак доста интересно изгледа и ова.

Ај кога давате сите оцени па и јас, 6/10 би му било таман. :)
Вреди да се симне, или ако уште го даваат во кино може и таму да се изгледа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Horrible bosses (2011)
Улоги: Kevin Spacey, Colin Farrell, Jennifer Aniston, Jason Bateman, Charlie Day, Jason Sudeikis
Режија: Seth Gordon
Комедија, драма, крими



Филмов е лудница...Немам одамна гледано толку оригинална и добра комедија. А за актерската екипа, мислам дека се создадени за улогиве во филмот...
Тројца најдобри пријатели трпат страшни тортури, уцени и притисоци од своите шефови на работа...Од шала, смеа...Решаваат да ги убијат и да си ги скратат неподносливите маки...
:pos:
Колин Фарел, Џенифер Анистон и Кевин Спејси се шефовите... :pos: Во три различни фирми...Кевин Спејси ги прави оние исти психотични потези и изрази на лицето како во Американска убавина... :pos:
Кој сака добра комедија, му препорачувам филмов да го гледа...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Интересен mystery-thriller кој мислев дека го одгатнав на самиот почеток но се лажев! Psyside го напиња филмов одамна па си реков ајде да го погледнам...
Ќе ве држи во неизвеност цело време(уствари некаде до пола филм, каде што на некој начин самиот филм си се спојлерисува :D). Од глумата не сум нешто најзадоволен, највеќе од главниот Џон Кјузак. Па добро мајка му стара, во 2012 боље изглуми! Некако не ми покажуваше доволно емоции... другите беа до некаде ОК.
Накратко, невреме/дождови и после одреден сплет на околности, 10тина луѓе се наоѓаат во еден мотел каде што почнуваат да се случуваат убиства.

Од технички аспект, неколку работи ми фатија око... Знаете онака имаш кадар, ликот напред фокусиран а тој позади blurred... се пребацува фокусот кон ликот позади и има некое чудно минимално истегнување на сликата.. на другите можеби не, мене ми пречеше ова. Исто така ретко приметувам грешки но во овој филм приметив една ствар... Онака, ја даваат типката од напред како збори и се менува кадарот од грб ама онака измеѓу грб и профил... и типката збори уште 1-2 секунди а уствари не отвара уста -_-.

И покрај замеркиве, интересен е и вреди да се погледне.

7/10.​
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443


Wall Street: Money never sleeps (2010)

Филмов вчера ми беше на репертоар. Ја обожавам темата и е родена за да се направи добар трлиер. За што се работи филмот, брокери, изнаоѓање финансии и она што беше главна фора на филмов шпекулациите на берзата. Но филмов ме разочара. Се е почнато убаво, дојде до делот одмазда но мешањето на емоциите во оваа работа е тотална утка! Филмов има оценка 6 што според мене треба да биде за една оценка пониско од мене 5.

*ако знае некој нека предложи филм од истава тематика




Flypaper (2011)

Уште еден филм што вчера го изгледав и уште една тема што на мене ми е интересна. Се работи за грабеж на банка но ако до сега бев задлабочен во фаќање детаљи ова ми дојде како релаксација на мозокот со неколку пресврти. Се работи за интересен филм или поточно некој вид на комедија што добро ме насмеа. Има неколку погодени улоги. Филмов има оценка 6 но од мене има 7ца.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ете го ѕирнав „Мајки“. Нема да биде рецензија ова, малку рандом мисли:
Ко прво, идејата му е оригинална или барем јас прв пат ја среќавам. Филм составен од три дела од кои двата се фикција а третиот е документарец. Не знам дали има и други вакви филмови нити пак можам да одлучам дали е добро да ги има. Проблемот е следниов: првите два дела се за никаде. Едниот е кратка урбана приказн без посебна поента а вториот е кратка рурална приказна без посебна поента, освен потсетувањето на тоа дека 17 години после „Пред Дождот“, Мариово е истата дупка. Што сумирано значи дека концептот е необичен, но во пракса првите два дела од филмот се изгубено време и служат колку за филмот да се нарече драма, а не документарец.

Кога сме кај документарецот, тоа е најдобриот дел од филмот и подобро Милчо да го снимел само него. Ќе беше блиску до одличен документарец. Викам блиску, од причина што имаше премногу субјективни и припрости коментари кои не би требало да се најдат во документарен филм.

Она што е добро сепак е, тензијата која се гради постепено и соочувањето на засегнатите луѓе со суровата реалност. Навистина потресна приказна која не остава да размислуваме. И се разбира, преработката на „По друм одам“ на Тања Царовска која е фантастична но за тоа веќе сите знаете.

Ете тоа е тоа.

Sinners and Saints (2010)

Еве ви една добра пуцњава. Филмот спаѓа во категоријата „ништо посебно“ ама решив да го шкртнам тука за сите кои ми пишувате „кажи бе некоја добра акција“. Добрите акции завршија пред Expendables да станат тоа што се денес, но ете овде има кршење кичми пропратено со солидна глума и приказна и се разбира многу клише. Тоа е тоа.

Што уште...

Аха,

Flypaper (2011)

Сосема просечна крими/комедија во која група професионалци и двајца идиоти истовремено ограбуваат банка. Што да ви кажам друго не знам, комедија е, завршува со хепиенд. Ако сакате гледајте ако не не морате. Више...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom