- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 1.432
- Поени од реакции
- 2.543
Сеа пред малку го гледав Rabbit hole со Никол Кидман и Арон Екхарт во главна улога...Сите што се љубители на добрата драма ви препорачувам да го погледате филмот...Сниман е во 2010 година...
Станува збор за млад брачен пар, кои пред 8 месеци го загубиле нивниот 4-годишен син во несреќа пред вратата на нивната куќа...Навидум изгледаат како да се вратиле во колосек, но не е ни приближно така...
Нивниот социјален живот е сведен на нула, прекинати им се контактите со сите пријатели, во домот сите предмети на нивниот син стојат на своето место, нивните меѓусебни односи се ладат постепено...
Дури и седиштето на нивниот син сеуште им стои во колата...
Останува на нив што ќе одберат... Дали ќе продолжат понатаму со животот и ќе сфатат дека минатото не можат да го променат или ќе трагаат залудно по една бесконечна и безнадежна патека која ги води единствено до пропаст...?
Филмот има прекрасна порака за сите кои во животот загубиле некоја драга личност и не можат да се помират со тоа...