Последен гледан филм со кратка рецензија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Toto the Hero (1991)


За сите оние кои го изгледаа (и на кои им се допадна) Mr.Nobody, еве уште еден постар филм на истиот режисер, Jaco Van Dormael, кој треба да го изгледаат. Филмот во многу работи потсетува на Mr.Nobody, односно авторот позајмил некои работи од ова свое остварување и во новиот филм.

Слично како и Mr.Nobody, и овој филм започнува со еден старец, Томас (Тото), кој живее во еден старечки дом, присетувајќи се на детството и младоста и барајќи одмазда за според него, нанесената неправда. Имено, Томас има другар, Алфред, со кој се родени во истата болница во која настанал пожар, по што сестрите ги спасувале новороденчињата. Томас верува дека при ова дошло до замена, и дека Алфред, дете на побогати родители, му го украл животот и дека е виновен за сите негови проблеми. Па така, решава да побегне од домот и да го убие Алфред.

Толку за содржината, за да не откривам премногу. Слично како и во Nobody, режисерот ќе не одведе во патување низ животот на Тото, по расфрлан редослед, уфрлајќи тука и сцени не само од реалниот живот туку и од фантазиите на Тото. Едноставно, Jaco Van Dormael знае да раскаже приказна, и не е толку до приказната колку што е до начинот на кој е раскажана.

8/10
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


Andy at the age of 40 still hasn't had sex. He lets his secret slip at a poker game with his buds from work. After the revealing all his friends are on a mission to help get him laid. Along the way Andy meets a nice mom: Trish who fall head over heels for each other.

Најдобрата комедија што сум ја гледал во последно време.

9/10
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не дека ми се пишува во темава за лоши филмови поготово што зад мене има 50+ добри наслови за кои би пишал ама... бидејќи е актуелен (тазе рипнат) ќе пишам за Skyline, филмот е ...благо кажано милионско разочарување... недовршен, со сценарио преполно со огромни ДУПКИ, измешан... нејасен и повторно ќе речам недовршен, искрено вакви квази автори кои имаат мега буџет и успеваат да создадат - СРАЊЕ се за отстрел, друг пример за вака сјебан филм е Resident Evil 4 ама како тргнале тие со приказната од него барем ништо друго неможеше и да се очекува... но тука, па можеле барем недела дена да минат над дебилното сценари - да изгледаат пар трилери и да им текне како се прави филм.

Препорака да НЕ СЕ ГЛЕДА за skyline. На имдб има 4,6 реално е за 1,6 помалку.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Препорака да НЕ СЕ ГЛЕДА за skyline. На имдб има 4,6 реално е за 1,6 помалку.
Фала, тукушто сакав да го симнам и изгледам, но сепак ќе се раководам според советот. Претпоставува според трејлерите дека е некоја шема/тиња, но ова дефинитивно ме спаси од дрндање околу симињање, преводи, режење...
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Вчера го гледав The Butterfly Effect. Психолошки трилер. Ashton Kutcher е во главните улоги. Во филмот вушност главната тема е теоријата на хаосот, се работит за 7 годишно дете кое добива black out, како што имал и неговиот татко. Од 7 години води дневник и во иднина со помош на истиот се обидува да се сети на одредени случувања во минатото, а исто така пробува да ги измени шо со секоја мала промена ја менвит цела иднина и наместо да ги подобрит работите уш појќе ќе ги влошит и ќе настанит тотален хаос.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Skyline


Многу глуп филм. Вонземјаните напаѓаат, и некои сватчиња у хотел идеа нагоре-надоле по скалите да се спасат да избегаат со брод или поима немам што. Филм за проста маса. 1/10 само незнам зашто и тој еден поен. А да за cast and credits добро направено :)
 

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Takers
(2010)



Крадци на банки кои се на пат да ја извршат нивната најголема кражба. Информациите за кражбата ги добиваат од нивни пријател кои ги мести, следува конфликт со руската мафија, престрелки, тепачки, акција... Тука е и полицијата која цело време им е зад нозе. Добар филм.

Оцена: 8/10

Трејлер
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Harry Potter and the Deathly Hallows - part 1 (2010)



За содржината на филмов нема многу да говорам, бидејќи ни јас не ја знам баш добро, со оглед на тоа што ги имам гледано само првиот и вториот дел, а овој е првото продолжение од седмиот (чинам и претпоследен) дел. Ќе откријам само дека на Хари Потер сакаат да му го украдат магичното стапче, бидејќи неговото во комбинација со друго магично стапче имаат голема моќ. :icon_bigg
Филмот трае 2 часа и е возбудлив на моменти. Почнува мошне добро и занимливо, и уште од самиот почеток се внесуваш во филмот. Делови од заплетот ми беа премногу заплеткани оти ми фалеа предзнаења од претходните делови, но 80% ја разбрав содржината.
Фановите ќе бидат задоволни, а тие што не се фанови како мене нема да останат разочарани. Филмот располага со квалитетни ефекти и те држи буден.
Оцената на IMDB му е 8.0 и според мене е заслужна.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479


Нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај нај awesome филм на сите времиња.

Зошто?

Најавната шпица.

Најсцена на сите времиња!

Краток опис?За жал не можам да го опишам со свои зборови па таа привилегија му ја оставам на Spoony.

 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.115
Поени од реакции
25.177


Интересно анимирано филмче. За тепање на време е супер. Се работи за Гру кој е супер вилан и кој сака да ја уркаде месечината. За да го стори тоа тој треба да го уркаде Shrink Ray пиштол со кој се смалуваат работите. Тој успева да го украде пиштолот но неговиот најголем непријател Vector му го краде на него. Тој бара начини како да влезе и да си го врати пиштолчето..

Оцена: 7.5/10
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
The Kids Are All Right


- Две деца кои се зачнети со вештачко оплодувње, имаат ис татко, различни мајки. Во едн куќа живеаат децата и деве мајки кои се лезбејки. Децата ке се потрудат да си го најдат татко им и тој да биде дел од нивниот семеен живот.
Интересн приказна.
7.5/10
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.348
Поени од реакции
8.424
Paranormal Activity 2

Филмот е глупост невидена за џабе изгубив време и да знаев ќе си гледав друг филм .Гледајќи на бокс офисот и рекламите си реков барем е исто толку арен(страшен) како првиот не дека нешто многу беше страшен првиот ама од тој вид беше прв и не можеше да се гледаат грешките во снимањето па за тоа вториов го гледав и од тој агол и крајно сум разочаран и не би му го препорачал на никој или ако веќе некој толку го бендиса првиот нека ги гледа само последните 25 минути од вториов
Добро во вовај дел е тоа што повеќелуѓе имаат вклучено во овај дел од кој едно дете и куче но во секој случај не ме бендиса тоа што во демек страшните случувања наместо првен да запалат сијалица како секој нормален тие трчаат со камерата да снимаат и така од мене 2/10
 
T

Tetro

Гостин
The A-Team (2010)






Летечки тенк, страшна работа :vozbud:
Добра екипа, одбрани глумци. Приказната импресивна, звукот не по мој ќејф, ефектите матрикс (или не).
Да не заборавам да спомнам дека Joe Carnahan ептен употребил научна фантастика, а можеле да го направат многу пореален филмот.

вкупна оценка од мене 7/10


============================================


Cekaj me, ja sigurno necu doci (2009)



Алек е очаен поради тоа што го оставила Теодора после тригодишна врска. Патетичен е, мисли на самоубиство постојано, не може да се помири со тоа дека е готово меѓу нив. Секој ден се среќава со другарот Бане и се вртат истите муабети, за Теодора. Во меѓувреме Теодора ќе се заљуби во Немања, а Немања во друга девојка, Марина. Марина пак, не сака ниту да разговара со Немања. Марина го запознава Алек.....

9/10



e pete nedelje pocinje stvar da se lomi....ili se obesis ili nastavis dalje!!!!
:pos::pos::pos::pos::pos:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Town (2010)


И покрај тоа што главниот актер (воедно и режисер) не е многу по глумата, филмот изненадувачки, е добар. Би било подобро кога Бен Афлек би се занимавал почесто со режија и сценарио, а главните улоги да им ги препушта на други актери, затоа што обично или е просечен, или ни толку. Во секој случај, за неговиот лош перформанс компензираа Rebecca Hall и Jeremy Renner кои беа навистина одлични.

Charlestown е предградие на Бостон познато по тоа што од таму има толку многу ограбувачи на банки што веќе преоѓа во семејна традиција. Даг МекРеј (Афлек) е предводник на групата ограбувачи. Тој е нешто како мозокот на операцијата, но не може да го излезе на крај со Џејмс (Ренер), неговиот другар кој после 9 години во затвор е надвор од контрола и ги загрозува операциите. Во целата приказна влегува и Клер (Хал), службеничка во една од банките кои групата ги ограбува, која ќе се најде помеѓу криминалците од едната, и ФБИ од другата страна.


Филмот не е од типот на Ocean 11, не се работи за спектакуларно организирани грабежи на невозможен начин, туку е драма за луѓето кои живеат во предградието и кои се приморани уште од млади да навлезат во криминалот. Работите кои ги поврзуваат, лојалноста, погледот на светот од нивна перспектива. Не е лошо замислено, освен што на моменти има многу лоши дијалози и како што спомнав, глумата на Бен Афлек поради која нема никаква хемија со Ребека Хал. Но ако се прогледа низ прсти за тоа, ова е сосема добра акција/драма која би требало да ги задоволи и пребирливите.

8/10 од мене.
 
M

Mario Gómez

Гостин


Одамна немав пишено рецензија, а имав гледано многу добри филмчиња.


Ама овој е. :pos::pos::pos:

The mother of all ергенски вечери...

9\10 must see. :)
Doug:Tracy did mention we shouldn't let him gamble. Or drink too much.
Phil: Jesus, he's like a gremlin. Comes with instructions and shit.
:pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom