Последен гледан филм со кратка рецензија

I

Intex

Гостин
Scott Pilgrim vs. The World



Прво, благодарност до пенкалото за препораката.

Не знам како да почнам. Ми остави преголем впечаток. Да, ми беше интересен Kick-Ass, овој е со слична тематика и е далеку подобар, поуникатен, подобро среден, со поинтересни дијалози.

Скот Пилгрим се вљубува во Рамона и мора да се бори со седумте нејзини бивши злобни момчиња. Вака најкратко би можело да напишам ревју за филмот. Останатото е да го гледате, и верувајте, нема да бидете разочарани. Уникатно режиран, секоја чест на режисерот ... кој и да е, ме мрзи да го барам сега.

Оценка: 9/10

П.С. Џими, Интерашу, ако сакате префрлете ги неколкуте мислења од овде кои беа за Дони Дарко во генералната, да не бидеме оф-топик. Фала.:)
 

Rifle

E da beee!!!!!!!
Член од
25 ноември 2010
Мислења
45
Поени од реакции
2
Apsolutnih 100
Filmot e od 2001god Srpski e se zboruva za 2 brata edniot( postariot ) bil prvak u strelastvo koj dobil zlatna medala na olimpiskite igri toj pocnal da se drogira a brat mu e edno normalno momce koe isto taka trenira strelastvo kulminacija na filmot pocnuva otkako mafijasi go pretepuvat postariot brat bidejki i m duzel pari za droga i potoa pomaliot brat mu ga naodja sniperot na postariot berat i pocnue da gi ubiva mafijasite koi go dirat bratmu i nakrajot postariot brat se samoubiva koga specijAlci mu vleguvat u stan filmot e dobar bas dobar mnogu e realen nema filmska fantazija ova ona tuku cista gluma vi go preporacuvam da go gledate (go ima cel na YouTube :) )
Ocena 8/10
apsolutnih100slimdvd.jpg
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Гледав многу филмови во последно време, а и одамна немам напишано ништо на темава, но ќе издвојам само 3 кои особено ми оставија впечаток.

Big Fish



Тим Бартон во своето најдобро светло. Филмот е базиран на голема симболика и метафора за тоа како еден човек се одлучил да живее, како сакал да живее, а каква всушност била неговата реалност. Иако несфатен од останатите, тој треба да остане до крај во својот свет и да им докаже дека тоа е неговата реалност. Ако не се гледа од почеток до крај ќе ви изгледа како мрднат цртан филм, меѓутоа пораката што ја носи филмот е длабока и вредна за размислување.

Dead poets society



Филм стар колку и јас. :) Ме воодушеви идејата за тоа колку е важно да се биде посебен и истакнат, да се биде храбар наспроти целата конформистичка околина. Филмот има прекрасна идеја за тоа како навистина да се допре животот и да се почуствува, да им се спротиставиме на конвенционалностите што не опкружуваат, макар што некои нема да успеат секогаш ќе знаат дека барем се обиделе. Тука се гледа другарството и предавството, она што навистина вреди и тоа што сепак ќе остане на маргините.
Ми беше интересно да го видам Robert Sean Leonard во улога на млад ученик, многу години помлад од она што го знам како партнерот на Хаус. :)

Pope Joan



Книгата ја имам читано пред 3 години, а филмот е навистина прекрасна реализација. Сите работи што ги паметам од неа беа прикажани. Тематиката е доказ за храброста и пожртвуваноста на една жена жедна за знаење и покрај омаловажувањата и понижувањата од страна на „супериорниот“ машки род. Воопшто не сакам да звучам феминистички, но се револтирам кога гледам до кој степен ја третирале жената како нешто што постојано треба да се потчинува. Наспроти тоа Јована има огромен потенцијал уште од мала, бистар ум кој навистина го искористува за да им помогне на луѓето и да го смени општеството на подобро.

Johanna von Ingelheim: As for will, woman should be considered superior to man for Eve ate of the apple for love of knowledge and learning, but Adam ate of it merely because she asked him.

Оваа нејзина реплика ќе ги остави занемени сите што ќе пробаат да ја стават на тест нејзината женска интелигенција и остроумност.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Приказна за убавото момче кое си ја продаав својата душа во замена за вечна младост.Својот портрет го чува сокриен,далеку од очите на другите бидејќи на него се појавуваат трагите на наеговата необузданост,нечуствителност...На крајот ја уништува својата слика а со тоа се уништува и себе си.Филмот е снимен според книгата на Оскар Вајлд и една од моите омилено.Филмот не беше лош,но не и тоа што очекував,во секој случај подабар избор е книгата.И да додам така не го замислував Дориан Греј.

 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Into the Wild

into+the+wild.jpg

Типов е образован,од финансиски стабилно семејство.Има извесни проблеми со родителите,што се рефлектира и на социјалниот живот.Почиња да гледа подруго на работите-убеден дека не му требаат ни луѓе ни пари,ни општествено истакнување,и прави чекор-остава се позади него и тргнува да живее In To The Wild -сам.Успат запознава разни ликови..
Низ филмов се осеќаат стегите на општеството,наметливоста,процедуралноста.
Добар пример кога сакаше да се спушти по реката,па отиде да бара дозвола и требаше да ја чека 12 години :uvo:,ако не,да си плати :)
Очекував повеке,ама вреди да се изгледа.
Забелешка-има превише непотребни дијалози според мене.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Into the Wild

Прегледај го приврзокот 37783

Типов е образован,од финансиски стабилно семејство.Има извесни проблеми со родителите,што се рефлектира и на социјалниот живот.Почиња да гледа подруго на работите-убеден дека не му требаат ни луѓе ни пари,ни општествено истакнување,и прави чекор-остава се позади него и тргнува да живее In To The Wild -сам.Успат запознава разни ликови..
Низ филмов се осеќаат стегите на општеството,наметливоста,процедуралноста.
Добар пример кога сакаше да се спушти по реката,па отиде да бара дозвола и требаше да ја чека 12 години :uvo:,ако не,да си плати :)
Очекував повеке,ама вреди да се изгледа.
Забелешка-има превише непотребни дијалози според мене.
wow, mora da se gleda :) si se pronaogam vo ovoj covek :)
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
1408
http://www.imdb.com/title/tt0450385/

Дефинитивно добар филм, интересен. Се зборува за еден писател кој бара живот после смртта, откако неговата ќерка умира. Посетува разни хотели, мотели и останати „прогонати“ места, и пробува да најде духови или нешто пара-нормално во нив. Еден ден, му стигнува разгледница со еден хотел, а на неа пишува да не влегува во соба 1408. Тој ќе го стори сосема спротивното, секако. И потоа, останува стварно вие да видите што се случува во собата.

Имам една маана, тотално му го згрешиле жанрот на филмот. Воопшто не е страшен, барем според мене, не припаѓа во хорор. Можеби нешто како психолошки трилер, или пак мистерија :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.201
Поени од реакции
30.390

Го немав гледано филмов, па го фанав синоќа на телевизија.
Интересен трилер, полн со напнатост, и интересна приказна.
Но сепак, предвидлив, а според мене предвидливоста е голем минус за филмовите.
Бред Пит и Морган Фриман одлично се снаоѓаат во нивните улоги.
Па според мене филмов заслужува 7.5/10
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Храбриот со Џони Деп и Марлон Брандо.Рафал сака да обезбеди на жената и децата сигурен дом.Тие живеат на депонија,која ќе ја откупи една фирма и треба да се иселат.Рафаел кој неколкупати бил во затвор,очаен за ситуацијата го дава својот живот за пари.Тој треба да мачен а потоа убиен,но му даваат уште една недела да живее.За таа недела тој ќе се обиде да воспостави цврста врска со своите деца и жена.
 
T

Tetro

Гостин
9 РОТА (2005) [9th Company]
Акција, драма, воен.


Филмот е базиран на вистинската приказна за 9-та чета за време на советската инвазија во Авганистан во периодот 1988-1989.
Советската армија е составена од млади регрути кои се испратени од еден логор во средината од војната во Авганистан.
Акцијата не е како што се гледа обично на телевизија. Играта е многу крвава и валкана. 9 чета е одбрана да ја одбрани базата на ридот 3234.....

9/10, вреди да се гледа филмот
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
Che (part 1) 2008

Филм во кој се раскажува за борбата на кубанците, Фидел Кастро и неговиот командант Ернесто Чегуевара (Ел Че)...одличен филм ако сакате да дознаете повеќе за Ел Че, а воедно и за кубанската револуција. Се надевам дека и вториот дел ќе прикаже толку добри ефекти и приказна..

ОЦена - 8/10:smir:..некако има многу глуп старт, бидејќи се надевав дека ќе започне со детските денови на Чегуевара,но тоа не се случи..
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
9 РОТА (2005) [9th Company]
Акција, драма, воен.


Филмот е базиран на вистинската приказна за 9-та чета за време на советската инвазија во Авганистан во периодот 1988-1989.
Советската армија е составена од млади регрути кои се испратени од еден логор во средината од војната во Авганистан.
Акцијата не е како што се гледа обично на телевизија. Играта е многу крвава и валкана. 9 чета е одбрана да ја одбрани базата на ридот 3234.....

9/10, вреди да се гледа филмот
Се сложувам вреди да се гледа.Добар Руски филм.Поодамна ми е гледан и знам дека ми остави впечаток за добар филм.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Dazed And Confused (1993)

Класика. Можеби и најдобриот филм што сум го гледал во животот... Незнам, едноставно секогаш ги базирам седумдесетите според него. Интересен, навистина. Многу марихуанче, многу секс, многу пиво, многу rock'n'roll... Таков живот сакам и јас, можеби затоа. Како и да е, не е ова баш рецензија, али филмот... ако не сте го гледале, мора да го гледате. Јас престанав да бројам од дамна колку пати сум го гледал и гледал и гледал... :)

http://en.wikipedia.org/wiki/Dazed_and_Confused
http://www.imdb.com/title/tt0106677/
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Dazed And Confused (1993)

Класика. Можеби и најдобриот филм што сум го гледал во животот... Незнам, едноставно секогаш ги базирам седумдесетите според него. Интересен, навистина. Многу марихуанче, многу секс, многу пиво, многу rock'n'roll... Таков живот сакам и јас, можеби затоа. Како и да е, не е ова баш рецензија, али филмот... ако не сте го гледале, мора да го гледате. Јас престанав да бројам од дамна колку пати сум го гледал и гледал и гледал... :)

http://en.wikipedia.org/wiki/Dazed_and_Confused
http://www.imdb.com/title/tt0106677/
Slicno neso na tvojov film, go nacekav na HTV ama malce postar film, jako mi glumi Sean Penn gledaj go ako sakas
http://www.imdb.com/title/tt0083929/
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959

Cop Out
Демек Брус Вилис глуми во филмов, па викам ќе биде некоај добра акција-комедија, ова испадна едно од најмутавите работи што ги имам гледано во последниве неколку месеци.
Значи дечкиве ќе ги суспендираат и после ќе бидат ограбени и ќе тргнат по крадците и нешто пукања имаше, овој црнецот нешто го изневерува жената, па не го изневерува. Хуморот многу многу многу ретко може да ве насмее. Се на се ништо посебно не сте испуштиле ако го немате гледано.
Од мене има 2/10.

--- надополнето ---

 

Kajgana Shop

На врв Bottom