Последен гледан филм со кратка рецензија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Shelter (2010)



Солиден хорор/трилер, ми се допадна. Џулиен Мур е како и секогаш фантастична но и другиот главен лик одглуми феноменално.
Мур и татко и се доктори/психијатри и ја викна татко и да го запознае еден негов пациент... наводно со multiple personality disorder. Работата е што Мур не верува дека постои таа болест и ќе пробува да го докаже спротивното... и ќе се дешаваат дешавки, вреди да се погледне филмот :)
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.713
Поени од реакции
11.549


Филм кој ја прикажува реалната слика на трговијата со луѓе. Можеби трае малку подолго, 3 часа, меѓутоа мислам дека вреди да се изгледа. Од мене има оцена 8.5/10.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
The Other Guys - Една од подобрите комедии што ги имам гледано во последно време. Се работи за двајца полицајци кои сакаат да станат херои а се тотални гигс, лузери...

TheOtherGuys.jpg

7/10

Monsters

203197,xcitefun-monsters-poster.jpg

0/10

Ова е еден од најглупите филмови евер... 2 часа тотална глупост. Ако ви се губи 2 часа од животот тогаш овој филм е добар начин да го сторите тоа. Дури незнам ни каква рецензија да му напишам.

The Social Network

The-Social-Network-Poster-21-6-10-kc.jpg

8/10

Мислам дека сите знаете за што се работи и нема потреба од рецензија. Добар филм.

The American



2/10 - Само заради Џорџ Клуни и еротските сцени во филмот :drk:

Нем филм! Буквално! Во целиот филм се изговараат само 10 реченици. Мислам дека ова е единствениот филм на Џорк Клуни досега кој е тотално промашување.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Case 39

Случајот 39 е доделен на Емили,социјална работничка која нерадо го прифаќа.Но,по првите контакти со девојчето што има проблеми во домот,таа е фасцинирана од неговата добрина и го посвојува.Ама доброто девојче и не е толку добро :)
5/10 супер реализација,повторлива идеја (содржински филмот одговара на усте 1000 холивуд трилерчиња)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
RocknRolla (2008)

action-crime-triller

Одличен филм како и секоја досега англиска продоукција (барем за мене :smir:). Лени Кол,шеф на лондонската мафија, ги става во залог сите локални недвижности. За значителни трошоци, тој е помогнат од Ури Омович, еден руски програмер. Како знак на добра волја, Омович му дава на Кол слика која му носи среќа како позајмица се до крајот на нивниот договор, која подоцна е украдена од ѕидот на Кол. Додека чуварите на Кол, предводени од Archie(десната рака на Кол), се во потрага по сликата, три локални ситни криминалци,членови на Wild Bunch, крадат пари од русинот Омович со внатрешни информации од неговиот сметководител, прекрасната Стела. Во меѓувреме, локалниот нарко-зависник а воедно и рокер, Џони Танто,кој наводно се удавил, и неговата врска со Кол (Танто е негов полу-син) е клучот за разрешница на заблуди и двојно крстови на животот во подземјето... доста добар филм одвај чекам на продолжението и би му дал оцена 8/10.
PS: филмов го има најдобриот вовед што сум го видел/слушнал во животот,а и супер соундтрак.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
The Other Guys
The Other Guys Movie Poster.jpg

Се работи за двајца полицајци кои ги пишуваат извештаите и таквите досадни работи на двајцата ултра познати цајкани. Но кога на едниот тоа ќе му се смачи ,работите се менуваат.
Моментот со Dwayne Johnson и Samuel L. Jackson беше...."зошто". А што е со Алан и убавите женски ?! Најсајна точка во филмов ми е Ева Мендез, јаоо. Мислев дека ќе биде посмешно ,но доколку сакате да гледате шлакнати цајкани подобар избор би бил The-A Team .Сметам дека залудно потрошив 1 гига од мојте скапоцени 15 гига ,но не важно имаше добри моменти.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Zombieland (2009)
Филмов ти е комедија! Оддамна се немам насмеано вака. Значи се работи за Зомбиленд, место исполнето со зомби и има само неколку преживеани. Главниот лик е Jesse Eisenberg (Columbus) кој заедно со Tallahassee (Woody Harrelson) и двете сестри (таа поголемата мх мх)одат на другата страна на државата без некоја посебна причина. Колку што е гаден филмов, толку е и смешен. А бааги е гаден. :)) Вреди да се погледне филмот.
8/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Knight and Day (2010)
knight-and-day-dvd.jpg

Салт и Бонд може вода да му носат на Рој Милер :pos:

Филмов е модерна верзија од старите „толку е лош што е добар“ филмови. Ќе мора да проголтате многу клишеа и да не ги земате за озбилно неверојатните каскадерски вештини на Том Круз кој се џитка од авиони, згради, мостови, автомобили и што ли уште не... неуништлив како Рамбо и еластичен како Џеки Чен и Оба-Оба Мартинс.
Не знаете кој е Оба-Оба Мартинс, нели? :pos:

Енивеј, филмот е направен за забава и се разбира морате да имате разбирање за глупостите, покрај другото, се работи за акциона комедија а не за акција. Рој Милер е одбегнат агент од ФБИ кој бега од агентите и криминалците кои го гонат. По пат ја среќава Џун, девојка која оди на свадбата на сестра но заглавува на сред брканицата која трае ноќ и ден.

И нема што да ширам понатаму, остатокот од рецензијата е клише. Добар забавен филм со добра доза на хумор и акција. Земајте пуканките и уживајте и не пребарувајте многу-многу :)

7/10


P.S. „Никој да не не следи зошто ќе се убијам себе си и после неа!“ :pos: (закон линија...)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Salt

Филмов е мижи асан - да ти баам. Не сум фан на Анџелина Џоли, ама ја сфаќам потребата да биде хероина во секој втор филм, ама што е многу - многу e. Претеризам до даска, типична американска холивудска пропаганда. Не можам повеќе од ова да пишувам, пошо од Чак Норис моменти веќе ми е преку глава.

2/10
 
T

Tetro

Гостин
Salt (2010)

Агент на CIA, Evelyn Salt (Angelina Jolie), ќе биде обвинета дека е двоен агент и дека работи на страна на Руската агенција...

Сцената со скокањето од еден на друг камион :bip:
Од мене 6/10, оти е добар за опуштање.




 
Член од
6 април 2010
Мислења
101
Поени од реакции
8
Hachi: A Dog's Tale

Краток синопис
Хаџи (Акита) е испратен од Јапонија до Америка,но ненадејно неговиот кафез паѓа од багажникот на железничката станица,најпосле кучето го пронаоѓа професор Паркер Вилсон.Тие двајца созадаваат незаменлива љубов,и секој ден Хаџи го испраќа професорот на железничката станица и го чека секогаш во исто време во 17:00часот и секогаш на исто место, но нивната рутина престанува кога професорот не се враќа од работа но Хаџи го чека на истото место и во наредните 10години.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.908
Поени од реакции
23.321


Час по Историја за првооделенци !
Џек Блек е член на праистоирско племе. Тој е дебел, трапав и мрзлив, и никој не го сака. Еден ден тој ќе изеде од "забранетото" овошје и ќе почне да мисли дека у него е собрана сета мудрост на светот и дека он е Ди Чоузен Ван.
Проблемите настануваат кога он и неговиот најдобар другар ќе го напуштат селото.
И таму ги среќаваме после Каин и Абел, Евреите и нивната ветена земја, Египќаните и Римјаните. Иако све ова се дешавало у 2-3 000 године :)
Неколку смешни сцени и 90 минути од досадниот хумор на Блек Џек у стилот "сеа ја ќе прднем вие смејте се " !

Ако го глеаш со друштво 4/10 , сам 2/10 :)
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.374
Поени од реакции
4.915
August Rush (2007)

Филмов незнам точно во кој жанр би го сместил (нека биде драма) го прикажува животот на едно дете кое се наоѓа во дом за сирачиња и има неверојатен талент за музика. Неговите родители се музичари кои на една забава се среќаваат и after one night stand си заминуваат по своите патишта...Мајката на Август додека е трудна доживува сообраќајна несреќа и нејзиниот татко ја лаже дека го изгубила детето (Август) кој е даден во дом за посвојување...По 11 години мајката дознава дека Август е жив и тргнува по негова потрага, а истото го прави Август кој е во потрага по своите родители, додека таткото на Август не е свесен дека има син...Story goes on со неверојатни и доста емоционални моменти...мора да се спомне и улогата на музиката во овој филм која е на доста високо ниво...
Моја оцена - 10/10 :smir:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.908
Поени од реакции
23.321


Авантура - Акција

Помладиот син на еден крал го одбива предлогот на својот татко да стане свештеник, бидејќи неговиот постар брат требало да стане крал. И малиов бега од дома, но пред да замине у несреќен случај ќе го турне постариот брат преку карпите во океанот.
Пораснувајќи на улица тој станува, одметник, платеник и ловец на богатство. Но во една од неговите борби како платеник за кралицата Елизабета 1 во Африка тој се сретнува со Д Рипер Химселф, и открива дека неговата душа му припаѓа на Ѓаволот заради сите злодела што ги направил. И само уште еден грев ќе значи крај за него.
И типот решава да се смири и си го наоѓа мирот у религијата ( класика нели ? ), се додека еден ден не реши да се врати дома. По пат ќе запознае семејство бла бла бла, и типот повторно почнува да убива, но само во корист на доброто, и заради едно дадено ветување.

Од овде натамо почнува уствари филмот, да не ви кажуем натамо :)

И при крај на филмов негде си мислев да му дадем 8,5-9 и излезе тоа чудовиштето и ми го растури впечатокот

Според книгата на Роберт Ирвин Хауард.
Одлична приказна, добра глума, и задоволителни специјални ефекти

7/10
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740


WoW!WoW!WoW!
Сериозно, пред да почнам да опишувам волку тешко дело, веднаш почнувам со препорака. Филмовили кои не сте го гледале филмчево, под итно да го најдете и да потрошите два и пол часа од својот живот, за кои нема да зажалите.
Ова e филм кој човек и да сака не може да го раскаже. Може да се долови преку чепнување во тематиката, но за убаво да се разглоби е потребна една цела студија.
Прво нешто кое морам да го кажам. Џаред Лето е феноменален. За мој вкус оваа негова изведба е најдобрата досега. За нијанса е подобар од неговата најдобра улога досега во Requiem for a Dream. Навистина пријатно ме изненади, особено кога на ИМДБ видов дека не само што го портретира Немо како помлад, туку и кога има 118 години. Да не прочитав немаше да поверувам.
Женските улоги, тек тук, просечно добро се изведени. Но исто така мора да се пофали Toby Regbo, кој го портретира Немо како дете. Браво за момчево за кое прв пат слушам. Го износе половина филм на свој грб и беше одличен во тоа.

Приказнава човек нема никогаш да успее да ја раскаже. Навистина е посебно доживување кое ќе ви отвори милион прашања во глава. Немо е последниот смртник на земјата кој ќе доживее да умре од природна смрт. Еден новинар доаѓа кај него за тој да му го раскаже својот живот. Но Немо е конфузен во својата приказна, затоа што раскажува различни приказни. Немо не живеел еден живот, туку повеќе. Од сите нив тој носи посебни спомени. Овде повторно го имате обработено батерфлај ефектот, прашањето за диемнзиите и времето. Ова е приказна со човечки елемент во неа, во која се измешани емоции, љубовни приказни и научна фантастика во еден прекрасен склоп.
Да не заборавам на саундтракот кој велгува под кожа и ги прави сцените да изгледаат уште поубави.
Патем, овде има цитати кои се врежуваат во глава.

"Се додека не одберете, можностите остануваат отворени"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom