Португалија

Член од
18 октомври 2010
Мислења
207
Поени од реакции
44
Споделете искуства во врска со патување во Португалија, места за посета за одмор, плажи, туристички атракции, ноќен живот итн. Се надевам летово дека ќе одам во Португалија така да убаво е да се слушнат искуствата на форумов
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.321
Поени од реакции
29.050
Неаме пари ние за Португалија па така немаме искуство :D
Ќе скратиш на интернетот и ќе заштедиш за одмор на Португалија.
Кога се сака, се може. И да не забегуваме оф-топик со вакви муабети :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.439
Кој може да оди би препорачал. Мислам дека се работи за една од поинтересните држави за посета. Мој фаворит од тоа што сум го видел дефинитивно е Порто. Градот преубав со многу атрактивни градби и положба. Помеѓу океан и река. Целиот град е на ридишта а со мост кој е конструиран од фирмата Ајфел поврзан е со малото градче Гаиа од каде всушност доаѓа познатото Порт Вино. Она што најмногу ми се допаѓа кај Порто е тоа што и покрај тоа што има туристи не е mainstream туристичко место со надуени цени (во центарот на градот на пример пивото е 2 евра) и комерцијализација. Во близина на Порто би го препорачал и Гимараеш помал град но доста интересен со тесни сокачиња и интересна архитектура како и историја. Град во кој е создадена португалската држава па од тука историски многу битен град за Португалија. Можеби е добро да се спомене дека Португалија има супер патна инфраструктура а и добро е поврзана со летови. Има и ефтини летови. Пример со Ryanair.
Се на се Португалија не е многу позната и искомерцијализирана како Шпанија и Италија но со она што го нуди навистина вооптшо не заостанува зад овие два туристички гиганта.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.460
Поени од реакции
7.735
Кои се најпознати туристички места во Португалија и што има да се види?
Има ли лет од Скопје до Лисабон или Белград/Софија?
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
2.675
Поени од реакции
1.022
Член од
18 октомври 2010
Мислења
207
Поени од реакции
44
За лет може да се искомбинира Скопје - Франкфурт (wizzair) па после со Ryanair можеш да идеш до неколку дестинации во Португалија (види на Ryanair.com). Јас планирам да одам на Југ поточно во градот Лагос кадешто има преубави плажи па може да се посети и Лисабон или Порто.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.141
Поени од реакции
11.770
За лет може да се искомбинира Скопје - Франкфурт (wizzair) па после со Ryanair можеш да идеш до неколку дестинации во Португалија (види на Ryanair.com). Јас планирам да одам на Југ поточно во градот Лагос кадешто има преубави плажи па може да се посети и Лисабон или Порто.
Какво сместување? Одиш преку агенција или на сопствена режија?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.754
Поени од реакции
8.630
Португалија е мамата.
Имав прилика да ја прошетам скоро цела со се Шпанија и не зажалив за ништо.
Порто, Идања Вела/Нова, Кастело Бранко, Сагрес, Лагос, Лагоа, Арифана, Алжезур, Лисабон, Каскаис....
Луѓето се исти како нас, сличен менталитет, цените поевтини и од грчка дури и во некои од апла туристичките места. Океанот е порнич, плажите исто а се остало е ирелевантно и небитно.
До Португал се стига на мал милион начини. Имаш визер, рајанер, курсестресеер, трејлер, аутостоп и слично.
Автостопирав и баш е ок, не чекав повеќе од саат време во една точка. Храната е лудница, порт вината исто, а жените им се мед!
Наредна година здравје пичиме со трејлер, а балканов може да се носи у три лепе.
 
Член од
11 септември 2014
Мислења
83
Поени од реакции
117
Bila sam na Palma de Majorci, odusevljena sam prirodom, klimom, ljudima, prosto se u vazduhu oseca zivotna radost, gostoljubivi su , veseli..temperamentni
Ibica je mesto za ludi provod, znaci malo spavanja, ludilo pocinje vec od 4 popodne...totalno se prepustis da te nosi neka energija za koju mozda i ne znas da je imas u sebi.
Glavni grad Palma je prelep, nije velik, ali pun zelenila, malih trgova, kafica...za soping pravo vreme avgust...neverovatno niske cene.
Ovo je samo kratak opis Majorke....nekom drugom prilikom mozda napisem nesto vise;)
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
На крај на месецов треба да одам службено на 4 дена во Лисабон. Секој ден ќе бидам слободен попладне по 15 часот, а последниот ден од сабајле до 13. Што да посетам? Каде да се забавувам? Каде да се бањам, ако водата од океанот е прифалтиво ладна?
Има и редовна линија за Порто, се стига за 1 час, дали вреди да се наткреваме до Порто и што таму?
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
305
На крај на месецов треба да одам службено на 4 дена во Лисабон. Секој ден ќе бидам слободен попладне по 15 часот, а последниот ден од сабајле до 13. Што да посетам? Каде да се забавувам? Каде да се бањам, ако водата од океанот е прифалтиво ладна?
Има и редовна линија за Порто, се стига за 1 час, дали вреди да се наткреваме до Порто и што таму?
Хаха бев пред 2 години. Циганска држава можеби поциганска од Романија и Италија.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Има некој да одговори на моите прашања наместо да се фали?
 
R

Redhead

Гостин
Има некој да одговори на моите прашања наместо да се фали?
Бев претходното лето во Португалија - два дена Лагош, три Лисабон и два Порто. Земјата е преубава, остај што зборат циганска дека била.
Во Лисабон се возевме со трамвај (број 28), по што е позната Португалија, се возиш со трамвај по тесни улички и стварно е интересно. Го фативме од центарот и отидовме до Castle of Sao Јorge. Од горе има преубав поглед кон градот.
Белем (по Torre de Belem), област покрај вода кајшто има катедрала, убав парк, кафанчиња...од тоа место тргнал на пат Васко де Гама и по тоа е познато како и по најстарата продавница за колачиња во Португалија (пред која има огромна гужва и решивме да не ја посетиме).
Има музеј на некој познат богат евреин како што ми спомна другарка што претходно била ама не ни изгледаше тоа привлечно и не отидовме.
Бев со моите така да за ноќен живот не можам да ти дадам многу информации. Навечер шетавме во центарот, една вечер бевме во едно ресторанче (не му го памтам името) каде што имаше традиционална португалска храна, а другата во Hard rock cafe.
За шетање и шопинг :
http://www.tripadvisor.co.uk/Attraction_Review-g189158-d195824-Reviews-Chiado-Lisbon_Lisbon_District_Central_Portugal.html

http://www.tripadvisor.co.uk/Attraction_Review-g189158-d195105-Reviews-Bairro_Alto-Lisbon_Lisbon_District_Central_Portugal.html

http://www.tripadvisor.co.uk/Attraction_Review-g189158-d199878-Reviews-Praca_do_Comercio_Terreiro_do_Paco-Lisbon_Lisbon_District_Central_Portugal.html

Тука е и лифтов - http://travel.usnews.com/Lisbon_Portugal/Things_To_Do/Santa_Justa_Elevator_Elevador_de_Santa_Justa_28331/

Во Порто обавезно да ја посетиш São Bento railway station и во близина е познатото Majestic Cafe.

А да не заборавам, водата во океанот е грч ладна, далеку е од прифатлива.

Сега за сега ова ми текна...доколку ми текне на уште некое место ќе пишам. Јас прекрасно си поминав и се заљубив во земјава, посебно затоа што им го знам и сакам јазикот, иако не е проблем да се разбереш и на англиски, луѓето се фини и услужливи.

Се надевам дека ќе ти биде од помош напишаново и убаво да си поминеш! :D
 
Последно уредено од модератор:
На врв Bottom