Портокалов криминал!

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
НЕКОИ ФУНКЦИОНЕРИ СТАНАА АПАШИ НАД АПАШИТЕ

Подолго време пред да го напишам овој текст размислував дали е потребно еден професор да се занимава со вакви работи, особено ако за тоа си има надлежни органи во државата. Но, откако ми стана јасно дека од тоа ќе нема ништо, решив јавно да ги споделам со јавноста моето размислување и моите сознанија, па белки ќе се сетат премиерот, надлежниот министер и Антикорупциска комисија дека, конечно, ќе треба да преземат мерки за ова што го пишувам подолу, а кое мислам дека им е мошне јасно на сите освен на тие што треба да преземат нешто.

Имено, се работи за се поголемата корупција, која подолго време е присутна и видлива кај функционерите што се сега на власт. Јавно го поставувам прашањето зошто и покрај очигледната кражба досега никој не презема ништо. Сите антикризни мерки што ги презема владата се ништо, без ефект и стопроцентно сум сигурен дека ќе нема потреба од нив доколку ги запира своите функционери во натамношното безмилосно крадење на државата и на граѓаните на Република Македонија. Во своето крадење еден дел од актуелните функционери отидоа предалеку, ги надминаа ненадминливите сдсмовци. Станаа апаши над апашите! Доколку сака сериозно да се зафати со лекување на оваа болест (за да не добие размери на пандемија, ако и веќе не е), премиерот и другите надлежни ќе треба сериозно да речат стоп за криминалот и да се зафатат со сечење во корен на краците на ова октоподиште. Казнените мерки за овие крадци колку и да бидат болни за партијата на власт ќе мораат стоички да се издржат за доброто на сите нас за доброто на Македонија. За почеток е доволно само да проверат какви автомобили возат сегашниве функционери, а какви возеле пред да дојдат на функцијата, колку стана купиле откако се на функцијата, за себе и за своите деца.

Но, ова не е се, нека проверат какви и колку џипови се купени на име на своите сопруги и љубовници и како за кратко време станале сопственици на фабрики, а притоа се директори на јавни претпријатија, на разни агенции и служби само неколку години. Само нека споредат што имале пред неколку години кога ја преземале функцијата и што имаат сега. Со своето натрупано богатство за само неколку години можат да им позавидат и најголемите светски бизнисмени.

Навистина не ми е јасно зошто досега не се преземени мерки кон очигледниот криминал на директорот што ја градеше, а денес и управува една од спортските сали во државата. Жално е што и покрај оставката на претседателот на Надзорниот одбор на оваа институција за која пишувам, кој јавно не се согласи да потпише документи и ситуации со десетина пати зголемени цени, надлежните не преземаа ништо. Човекот си даде оставка, која беше прифатена како да не било ништо и притоа експресно е назначен нов претседател на Надзорен одбор, кој без око да му трепне ги потпишува овие ситуации. Новиот претседател на надзорниот одбор брзо се снајде во својата нова улога и влезе во веќе разработената шема. За случувањата и бескрупулозната кражба во оваа институција не беа доволни ниту пишувањата на еден македонски неделник. За информација на читателите ваквите објекти во Република Хрватска чинат најмалку 7-8 пати поевтино отколку што неговата изградба чинеше кај нас. Претпоставувам дека не е преземено ништо досега поради големиот срам што ќе пукне во јавноста, бидејќи директорот на овој објект партијата на власт од политички мртовец го претвори во активен потрчко, но и поради неговото блиско пријателство со директорот на УЈП на РМ.

Исто така, треба јасно да се проговори и за процентот за исплатени средства (популарно наречен аванта, рекет и сл), кои министрите и нивните пајташи им ги бараат на разните фирми што соработуваат со министерствата. За да им ги исплатат легално заработените средства што подолго време министерствата им ги должат на своите соработници, рекетот достигнува и до фантастични 50 проценти. Проверете колку најголемиот коалициски партнер, односно министерот што го раководи ова министерство што е формирано пред десетина години, му побара и му ги зема на лицето А.М.Љ. Проверете колку му бараат за да му ги пуштат и другите средства што му ги должат. Премногу господа надлежни! Овие ваши функционери усул немаат, па уште и му закануваат на човекот. Ете до каде дојдовме?!

Купувањето и продавањето на кандидатура за градоначалник, советник, пратеник или друг функционер е јавна тајна, за која изгледа не знаат само тие што треба да преземат нешто. Кандидатите за градоначалници, на овие избори на еден дел од партиите во коалицијата, мораа да платат за тоа што се кандидирани. Цената за едно градоначалничко место во околината на Скопје, за која свој кандидат кандидираше една мала партија на една етничка зааедница во коалицијата на Груевски, достигна до фантастични 20.000 евра, кои несудениот градоначалник мораше да ги даде за, „партијата“ плус човекот и сам си ја финансираше својата кампања. Проверете колку илјади евра претседателот на оваа мала партија им бара на функционерите што ги поставил во институциите што му припаѓаат на неговата партија како божемна помош за партијата. За да не се мачите ќе ви кажам дека сумата е точно 10.000 евра, кои доколку не им ги депонираат во „партијата“ во скоро време ќе побараат негово разрешување. А тоа впрочем и се случи пред неколку дена. Владата експресно по предлог на претседателката на кадровската комисија на Владата на РМ го разреши директорот на оваа новоформирана институција, а по претходно барање на претседателот на малата партија коалициски партнер на ДПМНЕ.

Дали треба да ги споменувам се позачестените пишувања на новинарите и нивните сериозни сомневања за криминалот во владината служба за општи и заеднички работи при реконструкцијата и опремувањето на претседателска вила Анекс 2, за криминалот на поранешниот привремен градоначалник на општина Карпош, за сомневањата со експресните измени и дополнувања на деталните урбанистички планови посебно за време на мандатот на поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Центар, за недовршеното уривање на најгрдиот објект до градскиот стадион во парк и др. Меѓутоа и покрај тоа што сум сигурен дека ова му е повеќе или помалку му е познато многу одамна на премиерот, навистина не ми е јасно зошто молчи и ги толерира овие бедници од луѓе. Доколку се плаши за својот рејтинг, веднаш ќе му одговорам дека нема потреба бидејќи преземените мерки против овие ништожници само ќе му го зголемат рејтингот кој по сето она што се случува на економски план сериозно може да ја фати надолнината. Ова ми се чини како онаа народната „си патиме од блиските свои“.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
И преголем октопод стана ова...на микро (општинско ниво) е рамно на пандемија.
Бар во мојата општина какви само ликови влегоа по советнички места, во разни комисии и сл.
Не оди ова вака....
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Portokalov,Sin,Crven,Zolt Kriminal poslednite 20 godini vo ovaa nasa napatena drzava

Ovcite istrizeni ,Volcite naraneti
 
R

RAYTHEON23

Гостин
И преголем октопод стана ова...на микро (општинско ниво) е рамно на пандемија.
Бар во мојата општина какви само ликови влегоа по советнички места, во разни комисии и сл.
Не оди ова вака....
мчи мчи:helou:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Како можеме да очекуваме нешто поразлично од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Двете партии се фалат со своето многубројно членство, кое по секои избори бара да ја наплати својата поддршка. Без разлика дали се работи за министерско место, директорско место, или обично вработување. А, плус тука се и шетачите, кои земаат пари и привилегии без разлика на тоа кој е на власт.

Потребна е гооолема храброст (која засега не ја гледам) да се смени оваа пата-пата ситуација.
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
ne deka nesakam da debatiram,megutoa navistina ovoj del apsolutno ne mi e poznat,za koj sto pisuvas,nevelam deka ne e vistina se sto si napisal no iskreno nemozam da ti ja razberam prikaznata,iako gi pratam politickite zbidnuvanja vo drzavata za toa sto pisuvas nisto ne sum sretnala dosega,a iskreno da ti kazam sekojdnevno se menuvaat na funkcionerskite stolcinja,pa bidejki i ti ne pisuvas so ime i prezime nemozam da te razberam,

samiot fakt deka odbegnuvas da gi imenuvas ucesnicite vo prikaznata ,jasno kazuva vo kakva drzava sega ziveeme.sekade e prisuten stravot,i se se sveduva na "cuti ima i beter"
veke ne se raboti za zacuvuvanje na rejtingot,spored mene sega se raboti samo za faktot deka verojatno i vlasta znae deka i se priblizuva krajot,pa zatoa vo panika gledaat kolku moze poveke da ukradat ,za da moze poveke da im trae otkako ke se simnat od vlast.ako e za uteha mozam da ti kazam deka ova sto site go pravat kako sto velis ova kradenje bez usul,bidi siguren deka go pravat po predhodno znaenje na premierot.

zatoa veke pisuvav,najvinovni se mediumite koi rabotat za vlasta i preku mediumskoto siluvanje po principot 'EVE NIE KE VI KAZEME KOLKU VI E UBAVA ZIVEACKATA,I TOA SAMO BLAGODARENIE NA USPESNATA RABOTA NA VLASTA "gi stavia ovie vladeteli vo stakleno zvono i gi drzat daleku od realnosta .

da bea akteri vo tvojata prikazna nekoi bliski istomislenici na LJubco Georgievski ,dosega veke mediumite ke objavea iljadnici prikazni (nevodejki pritoa smetka dali vo javno izneseniot zbor se e vistina ili laga)

a na ovaa vlast nikoj nisto ne im moze,ednostavno neli oni se najdobri ???/
 

bama

† Револуционер †
Член од
1 февруари 2007
Мислења
2.040
Поени од реакции
362
Бојата не е битна битен е криминалот шо се прави за лошо на народот за добро на лугето кој седеТ во фотелиите во влада
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Овој проблем можеби е стар и колку и најстарата професија ( проституцијата ), го има секаде и во ЕУ и во Кина и во САД, а богами и во Македонија. Тоа е цената која секој политичар си ја наплаќа, па и ти да си и ти ке си ставиш нешто во џепче. Но... проблемот е колку ке си ставиш во џепџе а колку ке дадеш на народот. Првиот ешалон од власта е ок до некаде но вториот особено третиот тоа е катастрофа. Можеби тоа се луѓе останати од времето на транзицијата кои само мењаваат бои ( такви има многу кои ги познавам ), но се надевам дека таквите набрзо ке ги снема.
 
N

n/a

Гостин
Циганине ти што свираш...
што у моју душу дираш...
:toe:
важно е... да се.... :)
сети се на главната поента од истоимениот филм. :wink:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Абе ти си бил навистина трн у око, вакви јавни тајни болат,само вистинито но болно.. :кучињата си лаат а карванот си врви: ...
власта си ја реди работата како и одговара нејзе свесни се додека се на власт трба да си ги товарат дисагите колку што е можно по брзо, затоа што не знаат колку уште ке бидат на власт, невидено слепо грабаат ли грабаат без усул.... не знам уште што да кажам....:costumed2 срамота ......:toe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
во право е трнот...стварно БРАВО!!!!

треба народот да се освести од хипнозата со клипови па плакај данок бриши дупе со миризлива хартија и тако даље:toe:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.493
Поени од реакции
8.005
Zevsus, добри ти се линковиве, ама јас имам подобар.
И то из баограда разумеш :baeh:

Ситуацијава е присутна на балканов, општо :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Браво Трну, ти си еден од ретките кој знае да биде критички настроен кон оваа Влада, претпоставувам со цел за подобра Македонија.

Моја проценка е дека веќе некое време Власта се најдува во состојба во која се најдуваше ВМРО во 1999-2000 година, ова денеска со Амди како да беше де жа-ву.

Досега не критикував ништо посебно, само за да не му давам муниција на овие од СДСМ, оти претходната Влада ме нервираше повеќе од оваа.

Ама некако се заборавија овие и секој ден се повеќе се нервирам ...
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Пример, директор на некоја јавна установа за 1 година, купува добра кола и прави јака викендица-куќа на периферија.
Додека се повеќе овакви јавни примери имаме и лесно се докажува нивното криминално работење, обичниот народ го казнуваат по пазарите, му ги качуваат даноците, сметките итн....

Процентите и личните интереси бутнаа големи тендери во енергетиката.
Црвената книшка е пред гаранциите за квалитет и сертификатите.
итн итн....

Погледнете со патиштата какво перење на пари е.
Се крпат дупки кои за 1 месец повторно се дупки.

Државата и општините си играат дрндупка со нашите пари.
Ми изиграваат големи државници а се еден обичен паразит кој го цица народот, ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom