Па Косово е македонска земја тоа многу убаво ти го објасни трн во око. така да мене ме интењресира за мојата земја а тоа е и Косово.
Нема да навлегувам во тоа чие било Косово. Знам само дека сега повеќе не е ни српско, ни македонско.
Затоа, пред да му ја мислиме за некогашните македонски територии и да ги враќаме Сирија, Персија, Косово и останати, дај да си ја чукнеме главата околу тоа што ќе правиме со парчето земја кое сега го имаме.
Да потсетам:
-Македонија од национална држава на македонскиот народ,преку преамбулата во Уставот, стана држава на народи кои живеат на нејзина територија, односно се претвори во држава на етнички заедници и е само декларативно унитарна.
Србија е сеуште држава на србите и етничките малцинства кои живеат на нејзина територија.
-Македонија е пред опасност да го изгуби историскиот и национален континуитет поради Грција, т.е поради менувањето на името.
Србија нема и нема да има таков проблем.
-Македонија со Рамковниот го изгуби ексклузивитетот во својата единствена национална држава, каде што беше носител на државотворноста.
Србите не само што се носител на државотворноста на територијата на Србија(без Косово), туку ја имаат моќта на одлучување и во Република Српска, а бога ми и во Црна Гора.
Па, сега не знам дали треба да се притресуваме за поранешните српски резервисти и за тоа чие ќе биде Косово, или за тоа што ќе биде со нас. Ние сме во понезавидна положба од Србија. Затоа место да изигруваме душебрижници за Косово и на тоа да си ја трошиме енергијата, дај да си го средиме сопствениот двор.