Поп Ацев: Пливам за Македонија, а сам си плаќам влезница за базен!

Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Да престане да плива за МК и да ја претставува, има 100х поголеми шанси да му тргне во животот

... како спорт (секој спорт ) може да биде професија рамноправен на медицина или информатика но факт е дека е запоставен ...
за грев...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.915
Поени од реакции
16.181
нека дојде тука, во Македонија да го видам како ќе троши и од што ќе троши 500 евра дневно..велиш револуција за 240 денари, па тоа е тоа де, на овој сјаен спортист државата нема/не сака да му помогне никако, дури ни за тие влезници, од друга страна, некои спортисти земаат колку најдобар,првокласен лекар што ќе земе за 100 животи.нема правда, тоа е.
Со првиот авион ќе се врати Фелпс назад. ;) .. кога бегаат надвор од државата спортистите пцуеме по нив зошто бегаат, а не гледаме како да ги задржиме и да му понудиме подобри услови за тренинг и да не му наплаќаме за одржување на тренинг. Мислам која е логиката да се наплаќа за да го користи базенот. (2-4 часа дневно или колку му се потребни..)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
нека дојде тука, во Македонија да го видам како ќе троши и од што ќе троши 500 евра дневно..велиш револуција за 240 денари, па тоа е тоа де, на овој сјаен спортист државата нема/не сака да му помогне никако, дури ни за тие влезници, од друга страна, некои спортисти земаат колку најдобар,првокласен лекар што ќе земе за 100 животи.нема правда, тоа е.

Многу сте смешни со ова што споредувате лекари и спортисти и џоа лекарите помалце земале.

Прво, во Америка еден стоматолог за да му направи на некого вилица, зема 25.000 долари. Две вилици - 50.000 долари (не ги лупам од памет бројкиве). За порцелански вилици цениве се дуплираат. Протези се 5000 долари од најефтините. Хирурзи - операции без 80.000 - 90.000 долари во Америка нема. И тоа најпроста операција. Трансплантациите се некаде околу 500.000 долари. Знаете ли колку луѓе имаат умрено поради тоа што здравството во Америка е прескапо ако не си осигуран? Првокласен хирург во Америка не е без неколку милиони годишно.

Второ, спорт сите сакате да си гледате, кревате узбуни кога на ТВ нема да пренесуваат некој натпревар, нели? Епа тие ТВ права се продаваат, клубовите и телевизиите заработуваат огромни пари од тоа и нормално е актерите во тоа да земаат дел од заработеното. Нека прекине светов да гледа спорт и ќе видите дали ќе земаат спортистите толку пари. Тогаш може срцето помирно ќе ви е.

Трето, коментаров ти е ... :гик:... затоа Америка го има Мајкл Фелпс, најуспешниот индивидуален спортист на сите времиња а ние се молиме да имаме барем една спортска градба што ќе функционира како што треба.

И немојте после да сте пцуеле по тие што земаат државјанства да бидат репрезентативци на други земји...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
хахах стварно си интересна .

Ти тука пушуваш за некој пливач кој немал пари за базен да плате хаха .
Дали знаеш ватерполо репрезентацијата немапе базен каде да ги игра натпреварите (не се секавам со кој репрезентации ) постоеше можност на домашен терен да играме во Албанија или Србија ....резил .

Знаеш ли ти кој ја финансира ватерполо репрезентацијата !? Колку пари се фрлаат таму !? Барем да го земаат и Поп Ацев у авион кога идат на подготовки у странство. И така идат 2-3 пати месечно...
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970

Знаеш ли ти кој ја финансира ватерполо репрезентацијата !? Колку пари се фрлаат таму !? Барем да го земаат и Поп Ацев у авион кога идат на подготовки у странство. И така идат 2-3 пати месечно...
Не знам многу работи за ватерполитите ,важно знам за тој проблем кој се вртеше по телевизиите .
Како и да е сакав да кажам дека состојбата е лоша .
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.408
Многу сте смешни со ова што споредувате лекари и спортисти и џоа лекарите помалце земале.

Прво, во Америка еден стоматолог за да му направи на некого вилица, зема 25.000 долари. Две вилици - 50.000 долари (не ги лупам од памет бројкиве). За порцелански вилици цениве се дуплираат. Протези се 5000 долари од најефтините. Хирурзи - операции без 80.000 - 90.000 долари во Америка нема. И тоа најпроста операција. Трансплантациите се некаде околу 500.000 долари. Знаете ли колку луѓе имаат умрено поради тоа што здравството во Америка е прескапо ако не си осигуран? Првокласен хирург во Америка не е без неколку милиони годишно.
Веќе коа спомна за хирурзите во Америка, првокласен хирург зема околу еден милион годишно а кога ќе се одбијат даноците излегува многу помалку, За тоа време Шекил О Нил во Америка праи 87 милиони долари годишно.
Шекил си скока ко мајмун и си го прчи.
Хирургот во Америка се задолжува во банка за да го плати образованието кое трае цели 12 години, притоа жртвувајќи ги најубавите години од животот, после наредните години ги користи да ги отплати долговите за студирањето - каде годишно се потребни околу 400 000 долари. И тек кога ќе дојде до тоа ниво првокласен тој е на располагање 24/7 (впрочем како и целата неговата кариера во медицината) и работи многу повеќе од стандартните 160 часа месечно.
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836

И кој е тука попаметен? :ROFLMAO:
Инаку доста беше тролање на темава... over and out.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Спортистите ко да не плаќаат данок на приходите а?

Прв пат слушам ова спортист да си го прчел али ај коа немате ни еден час тренинг одржан во животот очигледно џабе е да ви се објаснува.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Стварно Џену. Не ти е срам да отвараш ваква тема? Тој наместо да биде среќен што не сме го обесиле на плоштад, се буни. Колку само фамилии може да се нахранат со тоа авионската карта што АМС му ја плаќа за некое натпреварување. Или да се купат лекови што за некого живот значат... :notworthy:
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Какви пациенти и комплексаши што не мрднале од компјутер и порно цел живот се изнапишувале тука...
Генчо е еден од најдобрите наши спортисти и најдобри таленти што може да успее на високо меѓународно ниво, греота е да не поддржиш таков тален, секоја нормална држава инвестира во талентот освен нашата. Срамота е за толкави проекти да фрлаат пари, а да не помогнат за вакви работи што се драстично поефтини. Правиот патритизам се прави кога инвестираш во талентот не во фасадата на градот, за жал ниедна партија тоа не сака да го воочи.

^^ Тој мајмун што е на првата страна на сликата покрај сите работи што ги пишува таму, нагарди, пехари, титули е и дипломиран доктор.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
.
Какви пациенти и комплексаши што не мрднале од компјутер и порно цел живот се изнапишувале тука...
Генчо е еден од најдобрите наши спортисти и најдобри таленти што може да успее на високо меѓународно ниво, греота е да не поддржиш таков тален, секоја нормална држава инвестира во талентот освен нашата. Срамота е за толкави проекти да фрлаат пари, а да не помогнат за вакви работи што се драстично поефтини. Правиот патритизам се прави кога инвестираш во талентот не во фасадата на градот, за жал ниедна партија тоа не сака да го воочи.

^^ Тој мајмун што е на првата страна на сликата покрај сите работи што ги пишува таму, нагарди, пехари, титули е и дипломиран доктор.
Забар е Генче, сепак не се излежувал цело време, убаво ти текна заборавив да напоменам (y)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Веќе коа спомна за хирурзите во Америка, првокласен хирург зема околу еден милион годишно а кога ќе се одбијат даноците излегува многу помалку, За тоа време Шекил О Нил во Америка праи 87 милиони долари годишно.
Шекил си скока ко мајмун и си го прчи.
Хирургот во Америка се задолжува во банка за да го плати образованието кое трае цели 12 години, притоа жртвувајќи ги најубавите години од животот, после наредните години ги користи да ги отплати долговите за студирањето - каде годишно се потребни околу 400 000 долари. И тек кога ќе дојде до тоа ниво првокласен тој е на располагање 24/7 (впрочем како и целата неговата кариера во медицината) и работи многу повеќе од стандартните 160 часа месечно.
Ги направи докториве кутрите мали хрчки. Каде плаќаат годишно по 400 000 долари? :cautious: Од извори блиски на владата, ниеден факултет за медицина не чини 400 000 долари годишно. Еве ти линк за Харвард, John Hopkins, Washington University in St. Louis, и да не продолжувам понатаму, во медицина си, сигурно знаеш дека овие се меѓу најдобрите. Води Washington University сo 67k годишно. Хирурзите во САД заработуваат милиони годишно. Не околу еден милион туку и повеќе. Значи, не се тие за жалење, ниеден од докторите во САД не се за жалење. Хуманизам и ренесанса не спроведуваат таму. Спортот е искомерцијализиран и не може да ги споредуваш како дејности. Конкретно македонските спортисти се во незавидна позиција. Се обидуваат да постигнат нешто, а на ниеден начин (или многу малку, далеку помалку отколку што треба) не се поддржани. И не може да се мешаат политика и спорт, нели, не буквално. Еве ти го и Др. Оз кој заработува исто колку спортистите, а "доктор" е. Факт е дека кај нас докторите се неверојатно многу потценети во секој поглед, но не може тие фрустрации да ги изразуваш на погрешен терен. Потценети се и спортистите, потценети се и физичарите, хемичарите, филолозите...
Да го упростиме примерот, како ти би реагирал кога би ти кажале сам да си платиш за медицинскиот материјал кој ти е потребен за работа? Или кога мора сам да плаќаш за да ти објават научен труд во стручно списание што е услов за да ја обновиш лиценцата? А платата под секој стандард и одеднаш оп - 200 евра членарина за едно здружение, уште 100 за друго, па претплата за стручно списание, ти поставуваат услов кој мора да го исполниш и за тоа мора сам да платиш, немаш апсолутно никаква бенефиција од државата. Не е така добро кога си на таа страна нели? Размисли малку и за тоа пред да кажеш нешто за македонските спортисти.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
.

Забар е Генче, сепак не се излежувал цело време, убаво ти текна заборавив да напоменам (y)
Го знам Генчо многу добро, човекот е машина во секоја можна смисла.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom