Веќе коа спомна за хирурзите во Америка, првокласен хирург зема околу еден милион годишно а кога ќе се одбијат даноците излегува многу помалку, За тоа време Шекил О Нил во Америка праи 87 милиони долари годишно.
Шекил си скока ко мајмун и си го прчи.
Хирургот во Америка се задолжува во банка за да го плати образованието кое трае цели 12 години, притоа жртвувајќи ги најубавите години од животот, после наредните години ги користи да ги отплати долговите за студирањето - каде годишно се потребни околу 400 000 долари. И тек кога ќе дојде до тоа ниво првокласен тој е на располагање 24/7 (впрочем како и целата неговата кариера во медицината) и работи многу повеќе од стандартните 160 часа месечно.
Ги направи докториве кутрите мали хрчки. Каде плаќаат годишно по 400 000 долари?
Од извори блиски на владата, ниеден факултет за медицина не чини 400 000 долари годишно. Еве ти
линк за Харвард,
John Hopkins,
Washington University in St. Louis, и да не продолжувам понатаму, во медицина си, сигурно знаеш дека овие се меѓу најдобрите. Води Washington University сo 67k годишно. Хирурзите во САД заработуваат милиони годишно. Не околу еден милион туку и повеќе. Значи, не се тие за жалење, ниеден од докторите во САД не се за жалење. Хуманизам и ренесанса не спроведуваат таму. Спортот е искомерцијализиран и не може да ги споредуваш како дејности. Конкретно македонските спортисти се во незавидна позиција. Се обидуваат да постигнат нешто, а на ниеден начин (или многу малку, далеку помалку отколку што треба) не се поддржани. И не може да се мешаат политика и спорт, нели, не буквално. Еве ти го и
Др. Оз кој заработува исто колку спортистите, а "доктор" е. Факт е дека кај нас докторите се неверојатно многу потценети во секој поглед, но не може тие фрустрации да ги изразуваш на погрешен терен. Потценети се и спортистите, потценети се и физичарите, хемичарите, филолозите...
Да го упростиме примерот, како ти би реагирал кога би ти кажале сам да си платиш за медицинскиот материјал кој ти е потребен за работа? Или кога мора сам да плаќаш за да ти објават научен труд во стручно списание што е услов за да ја обновиш лиценцата? А платата под секој стандард и одеднаш оп - 200 евра членарина за едно здружение, уште 100 за друго, па претплата за стручно списание, ти поставуваат услов кој мора да го исполниш и за тоа мора сам да платиш, немаш апсолутно никаква бенефиција од државата. Не е така добро кога си на таа страна нели? Размисли малку и за тоа пред да кажеш нешто за македонските спортисти.