Ај едно прашање до експертите во оваа област
Вчера направив формат на ПЦ то, инсталирав Win 7 64-bit, сите програми, драјвери што требаат. Е сега кога завршив се, приметив еден проблем, ако малце се оптерети процесорот, да речеме до 20-40% мене почнува маусот да ми сецка, Chrome- от многу споро отвара страни, на некој начин се се кочи, а ви кажувам само 20% нека ми го цица нешто процесорот.
За информација имам Core2Duo 2.7GHz, и 2 GB ram. Рамот не се исполнува цел додека пробелмот постои.
Некој некаква идеа до што може да е проблемот?