Помош, софтверски проблеми и совети

PacMan

Компаљер
Член од
24 септември 2010
Мислења
12
Поени од реакции
2
Ај , дечки помош малку. Зошто не можам да прикачувам Уплоадирам видео фајлови ни на фејсбук ни на мајспејс ниту на кој било друг сајт блог или што и да е. Ништо не сум подесувал.
Само инсталирав една игра Нитфорспид. :toe:Ама не гледам баш никаква врска со проблемов.
Исчистив со CCleaner и пак истото.
Имам интернет од Кабелнет, ПП , ми го зголемиле сообраќајот од 15 на 80ГБ со брзина 6/2Мбпс. Да не е до тоа?
случајно да не немаш Флеш Плејер или Јава?
не сум сигурен кое точно треба ама инсталирај ги двете и пробај пак да ауплоудираш :wink:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
1.394
Поени од реакции
259
Дали знае некој Backup бесплатна програма (освен Windows Backup)....да можам да му креирам бекап на цел Local Disk (C), па ако се појави некаков проблем кога и да е, да можам да го вратам :)?
 
fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
Дали знае некој Backup бесплатна програма (освен Windows Backup)....да можам да му креирам бекап на цел Local Disk (C), па ако се појави некаков проблем кога и да е, да можам да го вратам :)?
Мислам дека Авира е најдобра за бекап.
 
Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Вака, компјутеров денес на два пати сам се рестартира. Покажува син изнапишан скрин 2 сек., поради што не можам да разберам за што се работи и потоа бара re-boot и притискање било кое копче ПО тоа. Го рестартирав од почеток првиот пат и се беше нормално додека не се рестартира пак.
Деновиве, односно вчера го имам апдејтувано антивирусот (avast) и ми бараше рестарт, но го одложив.
И направив проверка со скенирање од антивирусот на цел компјутер, немаше ништо сериозно.
Завчера инсталирав усб драјвер од новиот мобилен, но немав никаков проблем и не верувам да е тоа.
Едино, претходно се пожалив дека не стартува од прва, туку од втор/трет пат и ми одговоривте дека е до графичката која ми е страв да ја отворам и чистам сама.

Мислам дека наведов доволно. Што би можело да биде?
Знам дека на стариот компјутер ми се случи ова со синиот скрин, но од толку проблеми не ми ни текнува како постапив тогаш и за што се работеше :/
 
T

Tetro

Гостин
Деновиве, односно вчера го имам апдејтувано антивирусот (avast) и ми бараше рестарт, но го одложив.
И направив проверка со скенирање од антивирусот на цел компјутер, немаше ништо сериозно.
Завчера инсталирав усб драјвер од новиот мобилен, но немав никаков проблем и не верувам да е тоа.
Едино, претходно се пожалив дека не стартува од прва, туку од втор/трет пат и ми одговоривте дека е до графичката која ми е страв да ја отворам и чистам сама.

Мислам дека наведов доволно. Што би можело да биде?

Blue screen of Death се вика симптомот.
1. Аваст не е, и јас го користам.
2. Вирус можно е да имаш некој мал, а и не мора да значи.
3. Обично плавиот екран се појавува поради хардверско-софтверски аномалии, некопматибилни драјвери,.....
4. Формат рулз. :)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Дечки немам антивирус веќе подолго време,кажете ми некој што не е досаден и нема да ми го заблокира компјутерот :smir:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Дечки немам антивирус веќе подолго време,кажете ми некој што не е досаден и нема да ми го заблокира компјутерот :smir:
Авира... од авастот не сум мн задоволен зашо ми правеше некад пропусти.. авира фаќа се живо и диво !!! не замара мал антивирус е и брз е...

--- надополнето ---

ништо страшно ова :)

баг е ова на мозилата, ќе го средат со следната верзија најверојатно

немаш закачено вирус, можеш мирно да спиеш :wink:
Фала пријател... само страшно ме нервира коа ке го видам она дека мозилата е угасена а процесот трае.. од кожа ме вади !!!!

П.С и кај некој друг вака прави од вас форумџииве?
П.С2 да не знае некој кога излага следна верзија на мозила ?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Дечки немам антивирус веќе подолго време,кажете ми некој што не е досаден и нема да ми го заблокира компјутерот :smir:
Ниеден антивирус не ти го блокира компјутерот туку тоа се вирусите кои ги закачуваш поради слабиот антивирус :)
Иначе со секој антивирус е можно и сигурно ќе закачиш некој вирус или нешто слично, значи 100% заштита не е возможна.
Јас го користам Eset Smart Security Centar и сум презадоволен од него. Ако сакаш пиши ПП ќе ти дадам/објаснам се што е потребно.

--- надополнето ---

п.с. Авира е free што значи и не е толку добар, се живо не фаќа ништо, иако ти покажува :).
 
T

Tetro

Гостин
Фала пријател... само страшно ме нервира коа ке го видам она дека мозилата е угасена а процесот трае.. од кожа ме вади !!!!

П.С и кај некој друг вака прави од вас форумџииве?
П.С2 да не знае некој кога излага следна верзија на мозила ?
Прави мозилата од оваа верзија и друѓи глупости :)
Сега сум на хром.
Кога ќе излезе наредната верзија на мозила, може пак да се префрлам :)
 
Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
4. Формат рулз. :)
:icon_eek:
Oh, no, no it doesn't.
Нешто чепкав на нет околу ова за солуција покрај форматот и најдов нешто што веројатно ми го даде проблемот: во Startup & recovery, табот на write debugging & information покажуваше дека имам мал memory dump 64kb. Само го ставив на none.
Тоа е некаква солуција или само го исклучува синиов скрин за да не ме замара и еден ден да ми направи проблем?
Формат воопшто не ми оди во прилог, затоа барам друго решение :(

* во меѓувреме равам boot scan со авастот со рестартирање и го ре-инсталирав драјверот од мобилниот.
 
Може. Само за секој случај, држи си ѓи документите на другите партиции, не во C:
За секој случај :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
Не е лошо кога имате некој проблем (па и макар еднаш месечно без проблем) да си го исчистите Темп фолдерот
C:\Documents and Settings\јузер\Local Settings\Temp
Често овој фолдер се полни со голем број фајлови кои се непотребни (од месинџер кеш, преку адоб плагини, привремени фајлови од инсталации до различни ситни привремени фајлови), а од нет информации знаат да прават проблеми. Исто (ако се сурфа со ИЕ) и темпорари интернет фолдер -тука знае да се симне и по некое црвче од нет.

И (ако често инсталирате) макар одвреме навреме да погледнете во стартап (start>run>msconfig>startup) што точно се подига заедно со системот (пример апдејт на јава, модул од quick time...не се неопходни, а го оптоваруваат системот или бендвидот)
И понекогаш makar edna[ mese;no да погледнете во сервисите кои се активни (start>run>msconfig>services hide all microsoft services). Оние кои се со назнака running би требало да ги препознаете како процеси од програми инсталирани од вас (антивирус, неро...).

Малце ризични операции за некого, но овие фајлови и процеси исто така знаат да направат проблеми....покрај хардверско, не е наодмет малку и најосновно софтверско "зачистување"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom