Најчесто msvcr90.dll е поврзан со проблеми со регистрите, вирус или дури и хардверски проблем.
За да го решиш пробај нешто од следното:
1. Ако го имаш рачно избришано овој фајл, поврати го од Корпата за отпадоци.
2. Скенирај го компјутерот од вируси - оваа грешка често се јавува кога некој вирус/malware софтвер ќе го уништи .dll фајлот.
3. Направи Систем Ристор - Start - All Programs - Accessories - System Tools - System Restore.
4. Апдејтирај го самиот Виндовс. Ако имаш СП2 стави СП3 бидејќи некои Виндовс апдејти со себе вклучуваат стотици .dll фајлови одобрени од Мајкрософт.
5. Исчисти ги регистрите -
CCleaner.
6. Логирај се како администратор. Отвори Start -Run - cmd. Тука пиши sfc /scannow. Ако поправи некако фајл оваа команда, рестартирај го компјутерот.
Се надевам дека помогнав!