Јас на мојот стар компјутер имам 2 вакви HDD, го прават истиот звук привремено, и знаеш ли што им правам?
Не се заштрафени и двата, само си стојат на рамно (пример: Едниот ми е врз CD-ROM-от, другиот над дискетната единица), и при уклучуцање на компјутерот, додека ги детектира уредите што се на IDE каблите (тие дебелите кабли) ако некој од нив залупа така, како мавање на паричка, го гасам РС, ги протресувам асално 2та HDD, значи ги лупам од куќиште, онака убаво ги залупувам, пуштам РС и све е како ново
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Со оваа финта ги оправувам веќе 2 години 2та HDD, Пробај и ти
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Абе да имав подобар компјутер од овој, ако требаше, и со токмак ке удрев....
____________________________
... Купив комплет штравчигери „ *“, го отворив, и дојдов до следниов заклучок:
-Плочките се во ред
-Кога дискот ( плочкатите ) ќе се забрзаат до потребната брзина ( wooow, мнооогу беше брзо...да го видевте само струењето на воздухот во околината на плочката, предизвикано од брзата ротација!!!... ), магнетната глава (G), oд точката на средината на површината на плочката (T), оди во позиција кај точката K,тогаш се слуша ист звук каков што се добива кога со паричка чукате на нешто, но со послаб интензитет,Магнетната глава, со максимална брзина, се упатува од точката во која што е (K), до точката најблиску до центарот на дискот (M).Тогаш, од областа S се слуша силен звук ( каков што веќе кажав ), веројатно од „направата“ во хард дискот, која што за цел има да ја задрши магнетната глава на површината на дискот,т.е. механички да не биде возможно магнетната глава да го напушти дискот....
Хмм...на овој проблем мислевте?
Што не е во ред?
Јас мислам дека не е во ред нешто со софтверот кој што ја управува магнетната глава, за кој мислам,но не сум сигурен, дека е запишан во ROM меморијат сместена во хард дискот...
Мислења???
______________________________
Ај четврто докторско мислење:pos2:
60% е да е ојден хардот, 40% шанса е да му е корумпиран бутсекторот и мбр-то.
Коа ко купив мојот нов харддиск, одма после 2 недели почна таков звук да прави и да јавува БСОД со UNMOUNTABLE_BOOT_VOLUME. Напраив фул бекап и си реков, па нека рикне ионака ми е под гаранција. Ама не рикна. Се расчепкав у ДОС и му испомењав некои фајлови ко boot.ini, NTDETECT.COM, NTLDR итн, после тоа упалив Hirens BootCD и пуштив 2-3 програми да го средат МБР-то. До ден денеска работи супер (1 година) и не клика така.
Можно е кога тие специфични сектори да му се сјебани, иглата од што е толку збунета што незнае што да прочита, да мава по ѕидот на харддискот. Нормално ако проблемот не се реши брзо, од толку мавање стварно ке рикне.
Мн пати од тогаш го форматирав, ги избришав сите партиции, креирав една од 10гига ( а хард дискот е 40 ), но пак истиот проблем...
Како да го средам МБР-то?
со кои програми?