Имам едно прашање за вас. Денеска си земав Nikon d40 и нормално чкрапнав неколку фотки во RAW(NEF) по нивно ама кога пробав да ги отворам во ПЦ ЦС2 несака. Имал ли некој сличен проблем и ќе може ли да ми помогнете некако.
Честитки за новиот миленик , со здравје да си го употребуваш и да не радуваш со убави фотографии .
NEF фајловите можеш да ги прегледуваш со Nikon Picture Project софтверот што го имаш на CD со апаратот , за почеток .
Фајловите ги отвораш во ова програмче , ги конвертираш и потоа во PS .
Мене ми беше комплицирано , и се откажав од NEF . Топло ти го препорачувам Nikon Capture NX , за обработка на NEF и воопшто фајловите од Никонот.
Еден пријател Никонџија до коска вели Никон апарат со Никкор објектив и Никон софтвер за постпроцесинг , ќе добиеш максимален квалитет на твоите фотографии .
Се што не ти е јасно , можеш слободно да прашуваш . Поиграј си со Никонот , без добро да го запознаеш нема да му ги откриеш сите можности . Јас после една година , летово се радував како мало дете кога открив примена и ефекти на некои опции .
Уживај и нека те прати добро светло !:smir: