Имам расипан Асус лаптоп. Нема гаранција ама си мислам да го носам кај некој што се разбира од асуси, па ме интересираше кој е овластен сервисер?
Или кој е добар сервисер генерално?
Иначе проблемот се состои во тоа што од време на време екранот станува цел бел и така останува освен ако не го стиснам на пластиката над ф10. Да се чудиш...

Го носев на поправка и никој не може да открие што му е. Се сумња на флет кабелот или графичката. Ама не ми се верува дека е флетот зошто сум имал лаптоп со расипан флет и тој покажуваше проблем само кога го мрдав капакот, а овој сам од себе, без да го мрдам покажува бел екран.
Нешто слично на ова