Да ве прашам нешто. Можеби проблемот не е во хардвер туку во софтвер, но да пробаме.
Значи имам џојстик, контролер за PC - Gembird JPD-Dual Force на УСБ нормално, и си работеше нормално завчера си играв ПЕС, НБА и слично без никакви проблеми.
Утредента кога пробав да играм гледам дека закочени се горното и левото (ама не физички, мислам не е заглавено копчето туку го покажува како заглавено на игрите) и ми оди горе десно (северозапад хаха). Пробав на сите игри, го рестартирав компјутерот од прва (classic noob fixing a problem), сменив УСБ порти ( -.- ) инсталирав најнови драјвери, пробав се и сешто барам по ГУГЛ и ништо. Е сеа симнав и едно xbox controller emulator и можам да ви покажам преку слика што е проблемот.
Додатно: Имам Windows 7 64-bit ако уопште мења нешто информацијава.
please help ;(
PS: Го отворив контролерот, исчистив, ама исто си е сепак...