- Член од
- 18 ноември 2008
- Мислења
- 85
- Поени од реакции
- 6
Колку убави совети само даде просто невероватно по читањето ми станаа како добар виц!!!За со РС ти треба појачало, за со DVD прво види излезите на DVD колку вати и ома се, па после види колку вати и ома имаат звучкиве. После види дали можеш само со жички (црвена/црна) да ги поврзеш звучкиве со DVD-то. Пиши што си направил.
Дечкото убаво го наведе моделот на DVD - плеерот што го поседува, станува збор за модел LG DVX492H!!
Овој модел на DVD плеер е чист плеер без вграден ресивер, значи чист репродуктор! (Ресивер е нешто слично како стерео појачало, само што има повеќе излези (сараунд) 5.1 , 6.1 , 7.1 и тн. тн. и истотака содржи вграден процесор декодер за распределба на звукот на даточниот канал или поточно DTS Suround, dolby digital и сл. технологии.
Да ги поврзе звучниците на овој модел на DVD плеер е исто како да ги поврзал на звучна картичка од компјутер (нема никаква ралика) и двата излези се суви излези без никакво засилување, што значи не е изводливо и практично!!
Изводливо е да ги поврзе звучниците и со PC и со DVD-то, ама на таков излез со јачина од неколку 10-тина MW на звучниците ќе се слушне само слабо шушкање на музиката или што и да било што се пушта од PC/DVD.
Да не ги спомнам омажите (Ohms) на звучниците!!
Бидејќи и во двата случаи PC/DVD станува збор за суви чисти излези омажата за излез кориснички не ти е декларирана како кај појачалата/ресиверите/моно блоковите и сл. Овие излези имаат некоја си излезна омажа на електрониката од некаде max. 16-32 Ohms што ги прави погодни од нив сигналот да иде директно на засилувачки степен, без попатни оптеретувања со отпори т.е. звучници!!
Овие звучници на сликата се системски со омажа од 3.2 Ohms што е случај со 95% од системските звучници!
***Доколку DVD беше со вграден ресивер кај нив излезната отпорност на ресиверот во поголем дел од случаите е со 4 , 6 и max. 8 Ohms кај поквалитетните, а воедно и поскапите. На пример да беше DVD со вграден ресивер и евентуалната негова излезна отпорност биде 4 Ohms (претпостави), доколу ги приклучиш тие звучници од системот на горенаведениов случај, значи имаш поврзано звучници со ресивер, ама со несоодветни омажи (отпорности). Во овој случај звучниците ќе ти свират, но притоа значајно ќе ти го оптеретуваат излезниот степен (транзистори, интегрални кола, лампи....) од појачалото/ресиверот со таа поголемата или како во случајот помалата отпорност ќе се дисипира поголема топлина т.е. ќе прегрева излезниот степен! Кај поновите појачала, ресивери, моно блокови има вградена електронска заштита со реле па ако приклучиш отпорност која не е во границите на пропишаната заштитата го исклучува целиот уред со цел да го заштити од неправилна работа и неправилно експлоатирање. Додека кај постарите модели вакви заштити претежно нема и со подолго експлоатирање доаѓа до значително зголемување на температурата, а поголема температура значи и пократок животен век во излезниот степен, поточно во активните елементи и за кратко време настанува прегорување на излезниот степен т.е. излезите!!!
Значи во твојот случај буквално не е практично да се поврзат тие звучници со PC, DVD, а не е и практично и доколу DVD - то ти беше со вграден ресивер, погоре делумно и со малку реченици (викам кратки зошто ова е цела наука и на ова прашање има мн. за дискутирање и пишување) објаснив зошто и како!!!