SCORPIO__20 напиша:
каде да се обратам за видео снимка од касета VHS - да ја преснимам или видео снимката да ја ставам на CD ? дали тука во Ск има такво нешто и каде можам да го најдам
однапред фала
Јас порано го работев тоа. Ја имам дома потребната опрема и така си правев некоја паричка. Тогаш беше 200 денари час, па јас дадов оглас за 150 и тогаш може да се каже дека скоро сите идеа кај мене али се одкажав. Иначе за 100 денари не верувам да најдеш. Или па можеш да најдеш некое, па од снимката да не се препознаеш дека си ти

Иначе е стварно гњаважа. Вака идеше кај мене постапката. Касетата треба да изврти (колку што трае) и истовремено истото се снима на компјутер. Пример 3 саати.(овој процес неможе да се скрати зошто касетата не е дигитална и мора лентата да изврти). За тоа време ништо неможеш да правиш на компјутерот за сликата да биде квалитетна. Потоа со програма малце ја подсредуваш сликата, сечеш небитни делови, додаваш ефекти по желба... и оставаш да се регенерира нов видео фајл (ако трае 3 саати одприлика за 2 саати и 30 минути ќе се заврши). И на крај да изрежеш на ДВД околу 20 минути. Се на се фаќа околу 6 саати за касета од 3 саати.
НАЈВАЖНО!!! Ако стварно касетите што ги имаш ти значат нешто, распрашај се кои "студиа" работат квалитетно, односно сликата да биде добра, а не да ги дадеш негде да ти ги преснимат и џабе пари да фрлиш за лоша снимка.
:helou: