Помош, проблеми, прашања, совети...

Член од
15 октомври 2017
Мислења
90
Поени од реакции
4
Колку рачки (Joystick) можат да бидат поврзани исто времено и да работат сите? Ми треба за фифа
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Помош!
Неможам да влезам на десктоп на хард диск...а претходно имам ставено друг хард диск инсталирам со Виндовс 7...а на овој претходно ми дава блу скиин ерор и неможам ни преку сејф мод да влезам....сакам да префрлам некои работи(слики,фолдери)...Ќе може со обична инсталација на виндовс 7 па да ми направи фолдер Windows.old..или да купам USB kабел за да префрлам што ми треба ??
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571

Нова инсталација на Windows 7 нема да ти го реши проблемот.

Податоците од работната маса Desktop на корисникот се` сместени во фолдерот Users, поточно во фолдерот кој го носи името на корисникот, а е` сместен во фолдерот Users, на пример C:\Users\Imenakorisnik\Desktop .

Бидејќи фолдерот е` направен во еден оперативен систем, а сега ти се обидуваш да го отвориш во друг оперативен систем, не ти дава пристап до фолдерот бидејќи истиот е заштитен исклучиво за тој корисник на тој оперативен систем во кој е направен фолдерот.

Решението ти е` да го стартуваш компјутерот со некој ботабилен програм, а да не биде Windows оперативен систем.

Можеш да се обидеш со стариот Winternals ERD Commander 2005, треба да го симнеш, да го изрежеш на CD или да направиш ботабилна USB меморија со истиот, па да го стартуваш ботабилно преку CD-то или преку USB меморијата.

Откако ќе го стартуваш, ќе можеш рачно да пристапиш до потребните фолдери во Users фолдерот и да ги копираш потребните податоци.

Или пробај со некој друг ботабилен Commander програм.
 
Член од
13 март 2018
Мислења
53
Поени од реакции
49
Помош? До шо можи да биди пцто почна многу често да гаси на рандом моменти, НЕ баш рандом туку кога има HIGH cpu Usage односно при играње игри, а понекогаш ретко и при нормално сурфање. Е сега лето доаѓа и има жешки температури свесен сум дека загрева. Го отворив процесорот ставив паста за заби:LOL:(не тролам, мртов озбилен сум) немав термална паста тогаш а ми беше итно, го зачистив од прашина (не дека имаше многу) но повторно загрева и гаси? До што можи да е работата, Слабо напојување, нов кулер..? :toe:
Секое лето истите проблеми ги имав но секогаш после чистење од прашина си работеше совршено, сега пак го исчистив но повторно гаси, овој пат можда е напојувањето или процесорот (НЕ дај боже)?
 
Зошто не му стави сало на процесорот кога веќе импровизираш ?

Ако си стручен за сервисирање и одржување на компјутери, ќе си знаел дека нема замена за термална паста, а ако не си стручен, однеси го компјутерот на сервис, па таму нека го средат.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Пипл, имам читано за батериите на смартфониве дека е подобро (можеби) да ги полниш стално ко ќе имаш луфта и дека не мора до 100% да ги оставаш да се полнат. Ме интересира дали истото важи и за батериите на лаптоп? Дали се оштетува ако не ја наполниш до 100%?
 
Не знам што велат другите или какви се нивните искуства, но од моите лични искуства можам да те информирам дека речиси секогаш го оставам лаптопот вклучен на адаптер со батеријата внатре - бидејќи батеријата како што знаеме, е` наменета за мобилност на лаптопот - па ако го носам лаптопот вклучен од една просторија во друга, го исклучувам од адаптерот, па во другата просторија повторно го приклучувам на адаптерот.

Такво искуство имам со 3 различни лаптопи речиси 10 години и слободно можам да ти потврдам дека на ниту еден од тие лаптопи не сум сменил батерија досега и секогаш се полнат до 100% без никакви проблеми.

Од друга страна, за проблеми со батериите најчесто слушам поплаки од луѓе кои повеќе ги користат лаптопите на батерија, отколку на адаптер.

Да бидеме искрени, батеријата е за надворешна употреба, по дома слободно можеш да го оставиш лаптопот на адаптер.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Јас лаптопот ко користам 4 години и на адаптер ми е само ко ќе се испразни. Дома го користам ама цело време без адаптер.
 
Член од
13 март 2018
Мислења
53
Поени од реакции
49
;)
Зошто не му стави сало на процесорот кога веќе импровизираш ?

Ако си стручен за сервисирање и одржување на компјутери, ќе си знаел дека нема замена за термална паста, а ако не си стручен, однеси го компјутерот на сервис, па таму нека го средат.
Па поможи бе торко ако знајш повеќе.. Ама само да се јадело измет..
И северно македонци ни е многу за ваков народ
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.551
Поени од реакции
931
Ова изумите на Linus Tech Tips ме терат да се ис*рам на процесорот за да го оладам.
Иначе, извинете незнаев дека со паста за заби можело да се олади процесор. Но ете сега знам :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Па поможи бе торко ако знајш повеќе.. Ама само да се јадело измет..
И северно македонци ни е многу за ваков народ
Еве ти помош торко. Уште да можеше и памет да купиш за 149 денари, ама тешко, ти не ни знаеш каде е север.

http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10019_10020_10027&product_id=23213

Намали на "направи сам" игранките на YouTube и или земи научи како се поправаат и одржуваат компјутери, или остави го компјутерот кај стручни лица кои знаат како се поправа и одржува компјутер.
 
Член од
13 март 2018
Мислења
53
Поени од реакции
49
Еве ти помош торко. Уште да можеше и памет да купиш за 149 денари, ама тешко, ти не ни знаеш каде е север.

http://setec.mk/index.php?route=product/product&path=10019_10020_10027&product_id=23213

Намали на "направи сам" игранките на YouTube и или земи научи како се поправаат и одржуваат компјутери, или остави го компјутерот кај стручни лица кои знаат како се поправа и одржува компјутер.

Добро бе купив ваква, колку време велиш да тера? Ќе го поминам летото само со една? Нормално малку ќе ставам сега и по некој месец повторно.. И дали можи некако пастата за заби да ја исчистам од предходно шо ја кладов?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Добро бе купив ваква, колку време велиш да тера? Ќе го поминам летото само со една? Нормално малку ќе ставам сега и по некој месец повторно.. И дали можи некако пастата за заби да ја исчистам од предходно шо ја кладов?
Никогаш не му знаеш тоа, може после два дена да треба да ставиш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.571
Добро бе купив ваква, колку време велиш да тера? Ќе го поминам летото само со една? Нормално малку ќе ставам сега и по некој месец повторно.. И дали можи некако пастата за заби да ја исчистам од предходно шо ја кладов?
Затоа убаво ти реков - однеси го компјутерот кај стручни лица.

За почеток, секогаш кога се менува термална паста се чистат и процесорот и кулерот, по можност со чист алкохол.

Потоа се нанесува термалната паста врз целиот процесор во еднаков слој, не е поентата во тоа да го потрошиш целиот шприц, туку да го покриеш процесорот со еднаков слој термална паста - не поголем од 3 до 4 милиметри.

А термалната паста ќе си трае со години, а не за едно лето, јас имам тероризирано компјутери 24/7 со Call of Duty, Battlefield и бројни други видео игри, па сепак процесорот никогаш не се прегреал и не сум менувал термална паста со години.

Ако правилно си ја нанел термалната паста, а сепак си имал проблем со прегревање, тогаш можеби имаш проблем со кулерот, а не со термалната паста.

Ако кулерот доаѓа со самиот процесор, ете каде ти е` проблемот.

Кулерите кои доаѓаат со самите процесори или добро ладат, ама затоа па брмчат како трактори, или се тивки, ама затоа па не ладат добро и процесорот се прегрева.

Еве ти добри кулери за процесорот, но мораш прво да провериш дали кулерот одговара на лежиштето за процесорот на твојата матична плоча, да не испадне дека без потреба си купил кулер кој не одговара на лежиштето за процесорот на твојата матична плоча.

http://www.anhoch.com/product/43324/cooler-gigabyte-aorus-atc700-rgbdual-120mm-2-ball-bearing-fanssockets-intelamd

http://www.anhoch.com/product/43298/cooler-msi-core-frozr-xl
 
Kajgana Shop

На врв Bottom