Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Ме искараа во друга тема па ми рекоа овде да прашам . Ако е некој од помош ќе му бидам благодарен

Дали знае некој/а од форумов каде можам да најдам книга од овој писател Sidney Sheldon ? во некоја од книжариве наши дали има и дали е превод на македонски или англиски .
Шелдон го имаш секаде, што на македонски што на англиски. Ако го разбираш англискиот одма започни со него - ептен е лесен за читање. Книги на истиот имаш во Икона и Англискиот центар (кај ескимо). На македонски имаш во Култура, можда и во Икона, Матица и Феникс. Просто книжарнициве вријат од дела од овој писател.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Има некој на форумов што знае словенечки јазик?
 

TDM

Член од
5 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
11
Каде во Скопје можам да ја најдам за купување "Дамата со камелии" од Александар Дима -синот?
Ама да не е она скратеното издание од ЃУРЃА.
Значи сакам да го купам целосното издание, на македонски јазик.
 
Член од
21 јули 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Нешто за Крпен живот да не има некој?
Романот ˝ Крпен живот ˝ од Стале Попов е дело-слика, панорама, историја, живот на македонскиот народ и неговите обичаи. . Во него се дефинира нашиот човек, неговата природа, нашиот и неговиот историски пат, сите драми на тој пат, но и индивидуалните и колективните тревоги, народната психологија, обичаите, навиките, карактерите, духовните и душевните хоризонти. многу страници во ˝ Крпен живот ˝ носат во себе богати етнографски и фолклорни содржини што се добиваат од разновидни датални описи на материјалниот народен живот, на народните традиции и обичаи. Освен богатите сведбени обичаи, место заземаат и народните верувања, а тие неразделно се поврзани со обичаите, маѓиите, соништата и другите форми на народниот живот. Наизглед тоа е приказна за едно село, зафрлено, далечно и скриено од светот, а во нејзиното средиште опишан е животот на едно обично селскво семејство. Но, од друга страна, Крпен живот е и своевидна хроника, многу поширока слика на мекедонското село од почетокот на минатиот век отколку само на животот во Мариово. Во овој роман, кој ќе биде главната драматуршка основа на пиесата Крпен живот, авторот Стале Попов ја проследува историјата на новосоздадено семејство на Иљко Сукалов, кој живее во семејна заедница со своите браќа.
Таа историја започнува некаде кон крајот на 19-ти век, уште од времето кога македонскиот народ се уште бил под тешко отоманско ропство. Главниот машки лик, Иљко Сукалов на својата четирисет годишна возраст останува вдовец, без деца. Исчекувајќи да поминат три недели од смртта на сопругата, време кое задолжително треба да помине, за да се добие црковна дозвола за склучување нов брак, решава да се прежени по секоја цена, речиси за која и да е жена што сака да се зацрни со човек на негови години. Но, ни одддлеку не е лесно да се реализира едно такво решение, затоа што мажи самци има на претек, додека слободни жени не се наоѓаат ни преку десет села. Проблемот сепак ќе го реши сводникот кој работата ќе ја заврши за добри пари. Така ќе се формира ново семејство кое ќе живее еден буквално крпен живот: заедница на обичен селски вдовец со необична, ни селска ни градска вдовица. Нивната приказна се раскажува спокојно, со многубројни животни детали, со изобилство животни податоци. Дејствието на романот минува низ секојдневни збиднувања, а во тоа секојдневие луѓето ораат, сеат, жнеат, вршат, ги полнат и празнат амбарите, го носат житото на мелење, ги наводнуваат и окопуваат градините, косат, собираат сено, берат сливи, оскоруши, варат ракија, хранат гуденца, топат маст, собираат дрва, молзат овци, стрижат, прават сирење, летуваат во бачилата, зимуваат во селото и пак заминуваат кај овците, слегувајќии само за погреби и празници за да се пресоблечат, да направат или да крстат дете итн. Притоа луѓето знаат да бидат и верни и неверни, да гинат за своите блиски, да ги невредуваат до коска, да прават лоши маѓии за да се отстранат непожелните од куќата или од светот. Иљко Сукалов, жена му Доста од Рожден, јатрва и Митра, сводникот дедо Петко, старата вражалка и мегепсница, стариот свештеник, син му Крчо, идната снаа на попот, Нешка Рожденката и многу други ликови. Меѓу нив има возбудливи конфликти како меѓу поединци, како што се Доста и Митра, така и меѓу етнички колективитети, ако Македонци и Турци. Всушност целата фабула на Крпен живот открива една грчевита борба за егзистенција во која чиовекот се бори со земјата, со времето, со душманите од секаков вид, често служејќи се со магија, клетва, баење и слично.

Драматизацијата на Крпен живот, или поточно драмата напишана по мотиви на Крпен живот и другите дела на Стале Попов, во основа ќе биде витраж од шарени крпчиња душа, кој ќе се составува на сцената низ погреби и крштевки, низ магии и обреди, низ љубов и омраза. . .Секоја сцена ќе почнува со погреб и ќе завршува со погреб, зашто да се живее значи да се крпат спомените меѓу оние што сигурно умреле и оние што секако ќе умрат. Што е животот, ако не она што се помни?

--- надополнето: 25 јули 2012 во 09:43 ---
Дечки може ли некој да ми дадете линк или да ми го раскажете на кратко делото од Софкле-Цар Едип?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Дечки може ли некој да ми дадете линк или да ми го раскажете на кратко делото од Софкле-Цар Едип?
А не е полесно да одиш да го прочиташ : во секоја библиотека го има... Башка ќе научиш нешто ;)
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Абее дајте некоја страница да ја спуштам „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ од Робин Шарма...или па за онлајн читање некој сајт....
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Издадена е на македонски „Храбар нов свет“ од Хаксли ? И доколку да, каде може да се купи?
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Има преведено некои книги кај нас од Бит Генерацијата?
http://en.wikipedia.org/wiki/Beat_Generation

Џек Керуак е преведен кај нас, на ТРИ издание. Друго не ми текнува...

А и јас едно прашање да поставам, да не ја има на интернетов студијата на Гоце Смилевски - Телото во романите на Милан Кундера? Треба да му ја пратам на еден другар од Србија.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
Едно прашање, некаде на поминување видов дело од Карлос Фуентес и ми изгледаше како на македонски да е, па може доколку знаете, да ми кажете на која издавачка куќа е искочен?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom