Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.932
Поени од реакции
12.431
е ве молам за утре ми е прашањево не можам никако да го одговорам:
Определи ја врската меѓу природниот,народниот и стандардниот јазик....?
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
12
Ми треба ваша критика

Па здраво пред се
После добри 20 год и еден тон тетратки и ливцина исполнети мојата другарка успеа да ме убеди па напишам нешто штп всушност ке биди објавено
Искрено не сум мн мн сигурна во самата себеси и во тоа што го пишувам затоа и ретко пишувам и тука но сега стварно ми треба ваша помош
овде ке ги објавувам сите текстови кои се надевам ке бидат испечатени па очекувам ваши мислења
еве мал ден од почетокот

Поминаа пет години десет месеци и 7 дена одкако првиот пат те бакнав...знам глупаво е од моја страна но се уште ги бројам деновите...можеби е тоа само навика...можеби се уште не можам да те преболам.Како и да е...повторно пишувам...пишувам само за тебе...незнам дали некогаш ке ги прочиташ овие писма но сепак вреди да се проба....
Паа искрено не знам од каде да почнам...Ајде малку по формално...
Здраво како си?Како е таму?Како си врвиш?Што има ново старо?..
Мислам дека доволно е за почеток знаеш дека никогаш не ми била добра страна кога према тебе треба да се однесувам онака другарски..бидејки никогаш и не сме биле другари..
пишувам за да ти кажам дека ми недостигаш..дека ми недостига она што го имавме...ми недостига твојата насмевка...еј јас многу избегав од темата..сепак ова треба да е само едно писмо до тебе ...како и да е ајде назад...Јас сум добра кај мене се по исто..чаша вино ..полна пепељара..соба зачадена...повторно секое утро го чекам изгревот на сонцето...знаеш дека не можам да спиам кога сум сама...кога нема кого да гушкам..па и затоа ретко спиам..сакам да се радувам на денот....но не сакам ни да испуштам ни минутка од нокта...ретко излегувам...а кога излегувам се трудам да бидам што повеке насмеана...се смеам на сонцето ..се смеам на децата..на птиците...а кога одам дома повторно плачам...ме знаеш каква сум претерано чувствителна....
Но да го оставиме тоа на страна..знаеш мина подолго време од кога не сме се слушнале..не сме се виделе...не сме си пишале...често се прашувам како си...знаеш далечината си го право своето...па и нас не направи странци....И двајцата многу сме сменети знаеш ли Драги...пораснавме...хехехе...пораснавме далеку еден од друг....ти таму со сите наши другари и другарки,,пријатели...луге кои ни беа се во животот...а јас тука далеку од тебе...
Доцна е драги...сонцето одамна угреа..а јас сум уморна..бара главата починка...а и виното почна своето да си го прави...веке чувствувам вртоглавица...ке ти пишам повторно наскоро драги..



Засекогаш твоја
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Критичар бр1.

Има цела тема која се вика приозни искри... инаку просечен текст, со малку труд и образование ќе те бидне, имаш потенцијал.

критики форевер
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Здраво како си?Како е таму?Како си врвиш?Што има ново старо?..

пишувам за да ти кажам дека ми недостигаш..дека ми недостига она што го имавме...ми недостига твојата насмевка...еј јас многу избегав од темата..сепак ова треба да е само едно писмо до тебе ...како и да е ајде назад...
овие два дела не ми се свиѓаат.
првото е мн безвезе,нормално е дека пишуваш љубовно писмо нема потреба од безвезни прашање

второ
таман почна да си ги истураш чувствата врз хартија се сечеш од корен..иди до крај,пиши го она што го чувствуваш и ќе биде по во ред.
и не пишуваш на зададена тема...пишуваш писмо
 

BJK

\m/ Master of Puppets \m/
Член од
21 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
23
iako ne sum citatel na ovoj zanr, sepak sakam da go spodelam i moeto mislenje. spored mene se gleda deka imas talent, normalno e deka sekogas na pocetok kako i vo sekoja rabota ne moze se da e perfektno, no so vreme ke dobies poveke iskustvo i ke mozes da go pokazes svojot kvalitet. mislam deka ako veruvas poveke vo svoite kvaliteti ke uspees. edinstveno ti treba samodoverba. pa so sreka, ke cekame i drugi tekstovi. :smir:
 
Член од
29 август 2008
Мислења
91
Поени од реакции
0
Mnogu korektno od pisatelot znam kako i e i neka ide do kraj BIDI JAKA ...koga nemoze nekoj bidi svoja jakaa i daj go pismoto......:nesum:

Mala ispravka na kraj ne treba taka da se odnesuvas ili pak moze da go zagrizis malku moze moze:salut:prati go send
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
12
како прво фала на сите за критиките стварно мн ми значат па еве уште едно делче чекам ваше мислење

Здраво драги..ете ме повторно мене....денес беше убав ден...цел ден шетав покрај плажата...ги средував малку мислите...и тогаш налетав на онај ресторан каде што прв пат се стретнавме...се секаваш ли...Беше тоа една септемвриска нок...бев излезена со моите другарки ...долго се немав видено со нив....тоа беше неколку дена одкако се вратив...а ти седеше на следната маса....никогаш нема да ја заборавам таа вечер...ние како по навика се разприкажавме почнавме да се смееме..и мислам бас поради тоа што бевме толку гласни ти мене ме забележа..и ако моите пријателки беа доста поубави од мене ти сепак мене ми пријде...на почетокот воопшто не ни ти обрнав внимание..ти беше млад студент дојден од друг град...кој очигледно бара само провод...со кафеаво маслинести очи и заводичка насмевка ...ми пријде и ме праша како се викам....се секаваш ли..а јас наместо да ти одговорам само ти се насмевнав и заминав во веце....а ти во тоа време си се распрашувал по моите пријателки за мене како се викам која сум како сум....иако после тоа не сакаше да ми го признаеш...кога се вратив ме погледна во очи и ми рече..знаеш ли дека ги имаш најубавите очи што ги имам до сега видено..а јас дрско одговорив ...да ....тоа малку те обесхрабри но не се откажа...цела вечер беше упорен..настојуваше да правиш муабет со мене...настојуваше да те заприметам...ах колку ли само брзо врви времето.....после таа вечер долго време те немав стретнато...и ако градот во кој живеевме е мал...и сите се знаеме....но потоа ми се јави еден стар познаник ....незнам зошто со него ги прекинавме контактите но баш ми беше мило кога го слушнав неговиот глас...ме повика на кафе...нормално се спремив и излегов...малку бев зачудена од позивот бидејки рече сакам за нешто да разговараме...а ние одамна не сме се виделе но како и да е отидов...седеше сам на масата и одкако се поздравивме...на долго и на широко си раскажавме се што се случувало додека не сме се виделе...и тогаш тој почна да зборува за тебе....ми рече,,,знаеш имам еден пријател кој многу те бендисва...но ти веке се имаш запознаено со него....мене на почетокот воопшто не ни помислував дека станува збор за тебе..само зачудено го погледнав и го прашав...а кој е тој???....и тогаш ти ама баш од никаде се појави на нашата маса....се секаваш ли....малку бев изненадена кога те видов...но сепак се правев ладна....пријателски се поздравив со тебе...и ти седна кај нас на маса...се расприкажавме...се спеевме..и покрај тебе се осекав пријатно...но сепак не сакав да брзам...ти предложив на почетокот да бидеме пријатели...и за изненадување прифати...закажавме следна средба наредниот викенд....ах само да знаеш колку со нетрпение чекав да дојди тој викенд...незнам зошто но едноставно ми влезе под кожа...иако не те познавав...но по неколку вечери баш пријатно ме изненади порака...беше 3 сатот ако добро се секавам....не очекував во тоа време некој да е буден...и баш кога помислив на тебе...мене ми стигна порака од тебе...таа гласеше...спиеш ли??...само да знаеш колку ме направи срекна ...целатапочнав да треперам..неможев да се смирам и да ти заѕвонам...после добри 10 мин успеав да се смирам и да ти се јавам...се секаваш ли драги....цела вечер ја поминавме на телефон...раскажувавме што на кој му се има случено... како ти е тебе тука во овај град.... како ми е мене таму.... толку бевме занесени во разговорот што воопшто не ни заприметив дека надвор сонцето изгреало...и тогаш моравме да прекинеме.....
Ах драги знаеш ли колку ми се сега пусти ноките..понекогаш гледам во телефонот и се надевам дека ке се јавиш дека ке го слушнам уште еднаш твојот глас а тебе те нема драги....
Ете повторно утрото го дочеквам со полна пепељара и зачадена соба....Морам да одам сега драги ке ти пишам покасно
Засекогаш твоја
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
еве и моја кратка критика како обичен читател

вториов дел е многу по добар од првиот јас мислам , сепак она “и заминав во веце...“ мислам дека не му е местото таму , барем не во таква форма . инаку овде мислам дека чувствата се многу поизразени , зрачат од текстот .

браво за храброста да ги покажеш своите текстови

поззз
 
С

Сатори

Гостин
Јас се извинувам што ќе бидам груба, ама, нема посебност и орИгиналност текстот, работите се опишани премногу едноставно и имаш недостаток од метафори, кои барем јас ги гледам како многу битен елемент од еден текст.
Потоа, ако се одлучиш за толку вообичаена тема, мораш да и додадеш елементи на возбуда за да не биде досадна и веќе премногу пати видена.

Мене лично, далеку од тоа да ме импресионира, многу далеку.
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Хммм..премногу точки во текстот и премногу нелитературни изрази. Угреа=Изгреа,Огреа
Незнам=Не знам
Пепељара=Пепелник
и ајде да не ги набројувам сите.
Текстот е малку изживеана работа,ќе треба да се потрудиш малку со метафорите како што рече Лејди Сатори,а и ќе треба да поработиш на покуси реченици без многу продолжени точки ако сакаш да биде објавен некаде.
Ова не е да те разочара,туку да те поттикне и да продолжиш во добар правец.
Поздрав.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.964
Навистина сакаш искрена критика?
Го делам мислењето со Сатори во тој случај. Од граматички аспект премногу правописни грешки и непотребна односно прекумерена употреба на три точки. Површно раскажување на доживеаните работи без никаква оригиналност, повеќето изрази се веќе клише.
Не знам како стоиш со можноста за издавање, но најдобра критика би можел да ти даде издавачот како најкомпетентен.
Макар што мое лично мислење е дека треба уште многу да се потрудиш. Експериментирај и обиди се да вметнеш повеќе стилски фигури во текстовите, метафора на пример.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
А да се обидеш во некоја друга професија?

Искрено ако збориме.
Прво, интерпункциски знаци не смееш да изоставуваш во литературно дело, изгледа неписмено.
Второ, имаш употребено улични изрази/србизми што се недозволиви (према, пепељара итн.)
Трето, правописни грешки, како мала почетна буква и слично исто така делуваат неписмено.
Четврто, настрана овие работи, текстот како текст нема некоја посебна уметничка вредност и е сосем просечен.
Се надевам не размислуваш сериозно да ги издадеш; а ако размислуваш-ти треба уште многу работа. А и талент. :toe:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Искрено, не ми се свиѓа ни мене...
Мислам дека подобро би било ако не се воздржуваш и да употребиш и малку повеќе емоции.Ако навистина веќе си решила да пишуваш, тогаш барем потрудисе да го задржиш читателот, внеси малку возбуда, внеси метафора, заплет нешто...нешто што ќе го натера читателот да продлжи со читањето. Вака е премногу ама премногу едноставно и здодевно. :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom