Со надеж дека сеуште ти треба обработка на гавранот ке написам некој збор. Инаку тоа што се случувало со По додека ја пишувал оваа поема треба сам да го извлечеш. Како и да е јас и тоа ќе ти го дадам па ти думај се што че пишеш.
Едгар Алан По во поемата Гавранот ја опишува веста за смртта. Таа страшна вест му ја носи грд створ. Поетот во една темна и страшна нок, околу полноќ, седејќи покрај своите книги слуша како некој тропа. Но ноќта страшна не носи ништо добро. Ни гостин, ниту патник. Носи морничавост и страв, страв од смртта. И токму во тој час во неговата соба доаѓа непоканет гостин, лош и грд створ. Створ ѓаволски, полн со очај, ужас, злоба... Гробна тишина..Седи и ништо не кажува. На прашањата упатени кон него има само еден одговор - NEVERMORE!!
Поетот се плаши со причина но не занего туку за неговата сакана Ленора.. Неговата слатка Ленора, со ангелски лик, неговата љубов неговата непрегор. Во сонот што го надвладува има визија за смртта. Чуствува насекаде тишина, мирнотија, шепот, студ, самотија.. И само едно име се провлекува, во н окта. Името на Ленора - Никогаш повејќе со неа. Страшното сениште му ја кини душата, му го пара срцето со неговиот NEVERMORE! Се труди да свати дека се тоа е шега, но залудно, гавранот ни мрда - ни прет, само коби на вратата, бдее со своите демон очи. Поетот мрак го обзема и темна сенка го покрива. И тој тони, длабоко во ноќта, а знае дека никогаш повејче нема да се крене.. NEVERMORE!
--- Тој умира и ја гкеда неговата смрт, насекаде околу него тишина, студ, и понекоја тажачка. Го мириса и темјанот... Неговата разделба со овој свет...----
Ова е мала помош како концепт одземај додавај како што сакаш и не замерувај ако имам грешки и бесмислени зборови, доцна е..
еве уште нешто што успеав да напишам а во прилог на тоа претходното.
Земајќи го предвид фактот дека господинот По претставува еминентна личност во поглед на литературата, доаѓаме до заклучок дека и покрај неговиот контраверзен живот останува забележан како врвен сликар на пишаниот збор. Ако се водиме по онаа старата, дека сликата земенува 1000 зборови, во овој случај, во придружба на поема од ваков калибар би рекол дека еден збор заменува 1000 слики, побудува чувства од внатрешноста, ги влече од утробата и ги претвора во воздишки на незаборавот.
Хартијата сеуште шушка под суровоста на перото, под околностите во која е напишана една од најубавите поеми на сите времиња. гавранот изобилува со ужас, темнина и морничавост. Но и покрај маестралната суровост се појав уваат бројн и ресурси на љубовна емозија скриена помеѓу строфите, како пајак кој тае и ја чека својата жртва на емоцијонална мрежа.
Анализа на оваа поема е крајно неблагодарна работа, најпрво затоа што делото е напишано на двосмислен начинпа секој индивидуалец има слобода да си изгради своја приказна. Како и да е, земајќи го податокот дека г-дин По претставувал голем љубител на алкохолот и на халуционите дроги, дојдов до своја теза. Според мое лично толкување писателот ја поделил поемата на два дела, првиот - реален *каде што реално ја опишува неговата состојба, соба, чукањето на вратата..
За вториот дел ке оставам да си создадеш своја слика секако ако го подржуваш моето гледиште. Се надевам дека помогнав.
П.С. Најдобрата поема EVER!
само едно мало барање... Мала помош околу Обработката на -КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА- некој вовед како да почнам и што е всушн ост поентата. Би ми користеле малку постручни мислења. фала
П.С. на кој му треба нешто во врска со Александар Македонски нека каже најдов нешто од средно што сум пишувал...