Пак го пишувам ова тука, може на некој во меѓувреме му текнало. Значи, се работи најверојатно за некој уметнички филм. Има една цивилизација на луѓе кои `ивеат само 6 дена (или 4-5 дена). Тие праќаат луѓе постојано кои треба да дојдат до една врата, да ја отворат и со тоа да почнат да живеат долги животи како нашите . По моето сеќавање оваа цивилизија постои во една огромна пештера. Одбираат едно дете, првиот ден го учат математика, општо наука, вториот ден му даваат најосновни знаења за светот по кој ќе патува, и го пуштаат на патот. По патот се соочува со многу загатки, се сеќавам дека имаше еден тип кој играше шах со него. На крајот детето , веќе како стар човек доаѓа до вратата и ја отвора. Ако некој има некаква идеја кој филм би можел да биде или каде да го барам по други форуми благодарам однапред (филмов го барам од 1999 година).