- Член од
- 24 мај 2013
- Мислења
- 138
- Поени од реакции
- 207
Мене ми беше супер во Поморие,пред две години бевме баш таму,бевме во новиот дел,таму повеќе е за фамилијарни,а стариот дел ми е некако поубав,а плажите во двата дела се убави.Можиш таму да си најдиш смештај,не се скапи,додуша зависи што бараш,ние си имавме соба,уредна,со сопствено купатило,тераса,тв,едно друго,е сега кујна немаше,имаше само маса со столици,ама не ти ни треба,нема да готвиш таму на тие цени :lol: А за забава,зависи што бараш. Додуша,порано некако ми беше поживо,сега е некако повеќе со забрани и преуредено,под режим како кај нас,па се повлекла некако забавата...Ама сепак има сеуште. Автобусите од едниот до другиот дел се по 1 лев. Има летувалци од многу држави бидејќи има и доста хотели изградени,некои и специјално за странците,така да... Мене ми е ок. Јас Несебар сум била само за прошетка,плажите незнам какви се,ама овде се доста долги плажите. Алги има ако е лошо времето,медузи има дури во втора половина на август,иначе не. Незнам како тоа немало сол,кога од ко ќе се исушиш од водата,си целиот со сол. Тоа е моето искуство.