Помеѓу благословена игноратност и љубов...

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Колку пократко трае толку побрзо иде во заборав ,иако не е избришано
Рационалност ...It makes your life easy:)
Не е се бе у рационалноста.Јесте дека животот ти е полесен ама и по досаден.Па јебеш га ако цело време бегаш од емоции и мислиш со ладна глава.Колегиве над мене се у право,мине тоа.Емоции,возвишеност,екстаза и сл.Се ти е тоа поради хормони али зошто да си го кратиш тоа.Ке биде глупаво кога ќе престане,чуство на празнина,болка можеби зависи од случајот,ама додека трае ќе биде убаво.Значи да се дешава нешто.А вака рационално ке избркаш се околу тебе и рационално ке останеш неписмена у тој поглед.:toe:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Абе и во двете ситуации имаш РИЗИК, и во вториот игнорантен начин. Зошто тогаш ризикуваш мавање со глава у ѕид што не си пробала, а си имала шанса, ризикуваш болка заради пропуштената шанса.

Исто, размислувај и од оваа гледна точка: Ние луѓето сме многу склони кон идеализирање. Ако ја пропуштиме шансата завиткувајќи се у плашлива игнорантност, ќе ни остане идеализирањето у глава, ништо нема да го скрши[добра поента околу поемите, принцовите и принцезите(there is no such thing)].
Ама...ако си дозволиме ризик, ќе добиеме пореална претстава и ќе видиме дека не било се` така како што изгледало, типот не бил така "совршен". И после полесно ќе можеме да прифатиме крај на прикаската.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
По втор пат ја пишувам реченицава на форумов и пак ке напоменам дека ми е украдена:
,,Најголем ризик е да не превземеш ништо,,
Значи :
....Ако откриеш нешто што е во состојба да ти го парализира цело тело,најдобро е да се обидеш за тоа да дознаеш што повеќе.Ако едноставно го занемариш тоа чуство,никогаш нема да дознаеш што можело да се случи,а тоа е, во секој случај полошо отколку да откриеш дека си згрешил на самиот почеток.Зашто ако си згрешил можеш да одиш понатаму во животот не обѕирајќи се назад и не прашувајќи се себеси што можело да се случи....
Тоа е целата приказна.Колку вложуваш толку можеш и да добиеш.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.964
Поени од реакции
24.203
Тоа е целата приказна.Колку вложуваш толку можеш и да добиеш.
Или повеќе да изгубиш. Се си има две страни на паричката не може да се гледа само од едната-идеалната. Затоа научете ја играта. Колку повеќе си научил, колку повеќе информации имаш толку повеќе се шансите да добиеш. Луѓето најчесто ги прават големите срања кога се под емотивен набој: бес, агресија, страв па и љубов. Вложувај мудро, совеста и разумот секогаш треба да те водат. Само затоа што нешто прваи да се осеќате убаво, не значи дека е исправно. Исто како да му ги објаснувате негативностите од социјализмот на пензионер или да убедувате заљубен човек (за негово добро) дека девојка му се работи со пола град.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Интересна тема и интересни мислења.
Добро е да се впуштиш во нешто што ќе ти прави да се чувствуваш убаво, но како што кажа Сусаро погоре, тоа не значи дека е правилно. Не е лошо да откриваш до кој степен си способен да чувствуваш, на кој начин можеш да се поврзиш со друго суштество и до која мера си кадар да трпиш само заради тоа што мислиш дека вреди да не се испушти можност да сакаш. Но, да се впушташ во такво нешто секогаш кога ќе ти го помати разумот некоја пеперутка, според мене не е во ред. Ама како искуство, не е лошо да се има. После тоа сфаќаш дека брзината со која се појавиле тие ооогромни чувства е иста со нивното исчезнување. Од друга страна, со тек на време сфаќаш дека влегувањето во нечиј живот полека, со вклучен ум, е многу подобра варијанта. Ем објективно ги оценуваш неговите карактеристики, ем со памет одлучуваш дали со тој човек си одговараш.
Да сумирам, разликата меѓу двете ситуации е во следново:
Во првиот случај идеализираш заслепен од почетните чувства и откако ќе помине некое време и дојде време кога го запознаваш вистинскиот карактер, сфаќаш дека има доста работи кои не ти одговараат и се чудиш што те снашло, се разочаруваш, патиш и обвинуваш.
Во вториот случај не значи дека немаш чувства, само го ставаш разумот пред занесеноста. Така не си заслепен, не идеализираш, со отворени очи го гледаш човекот пред тебе и имаш можност да сфатиш дали ти одговара или не. Секогаш има време за чувствата да излезат на површина, кои се создаваат полека и се зацврстуваат со текот на времето.
Според мене вторава ситуација многу подобро може да ти сигнализира дали се работи за вистинска (и обострана) љубов отколку онаа другата, во која врската ја одредува почетната занесеност и импресии, а не обостраната заинтересираност да се гради врска.
Силни и земјотресни чувства нема само ако се затрескаш наеднаш и веднаш, нив ги има и во силна врска која трае и е исполнета со најубави работи. И не се согласувам дека еуфоријата поминува брзо и дека се` после може да се нарече само со еден збор - компромис. Еуфоријата која до својот степен не дошла веднаш за да згасне веднаш, таа секогаш ќе биде присутна.
Јас би рекла дека препознаваш вистинска љубов во моментот кога во себе најискрено ќе им заблагодариш на сите оние кои те повредиле и те оставиле, сите кои те довеле во ситуација да ги оставиш и да не бидеш со никој од нив. Бидејќи, да не биле сите тие разочарувања и раскинувања, немало да дојдеш до личност која ти го пружила задоволството да почувствуваш вистинска (возвратена) љубов.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Дали би побегнале од можноста да осетите вистинска љубов притоа знаејќи дека можеби никогаш повеќе да добиете втора шанса за вакво искуство,а сепак ќе се поштедите од болката или пак би се предале целосно па додека трае нека трае и утре кога ќе ја нема таа личност знаете дека ќе раскажувате исто како мојов познаник со лице на човек чие срце е извадено пред пет минути без анестетици,и да живеете со сознанието дека онаа вљубеност која сте ја чуствувале во претходните врски не е ништо во споредба со тоа вкусот на вистинска љубов ?Да се живее со благословената игноратност или сознанието што е љубов и со фактот дека можеби никогаш нема да доживееш пак такво нештоа со тоа и со болката и копнежот која ќе те измачува ?
Не бегам од таквите глупави можности, затоа што секогаш и секаде одам со срцето пред паметот. Затоа ваљда ќе сум и јас таква како дечкото од примерот, што е најпатетичното нешто на свет. Свесно да сакаш да имаш нешто убаво, за да те скрши еден ден? Не ми е логично. А зошто го кажувам ова како да мора секогаш лошо да заврши? Па затоа што најчесто е така, а сега баш и мака ми е да пишувам за исклучоците, во кои јас не спаѓам.
Сум за тоа да се проба се` што се може, а под се` подразбирам работи кои и ако тргнат на лошо, нема да ти го искорнат скцето. Штета што ова само го мислам, а никако да ми тргне од рака и да го практикувам.
Да немав искусено, сигурно ќе кажев дека е подобро да се живее со потрага или прифаќање на тоа што има изглед да е вистинска љубов, но сега само ќе извикам дека многу подобра варијанта е благословената игнорантност. Тука веќе звучам како тие од муабетот на Сусаро, ама па не е тој крив што е во право.
Им завидувам на разумните и приземјени луѓе, а ги жалам тие патетичните како мене. Овие вториве, гадно ќе си го проживеат животот.:toe:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Зошто да живееш кога може еден ден да добиеш рак/сида/да те згази кола и да умираш у страшни болки.? Всушност зошто било кој да живее кога истото може еден ден да му се случи?
Убиј се и убиј ги другите - новата превенција од катастрофата наречена живот.
:nesum:


Ok, srsly, сум поминала нешто вакво...

Сакав тип до лудило...и, ме остави (имав и ја удел тука).
Следна сцена : ја претворена у такоречи џанак, зомбифицирана, сакам само да не ме боли.

Многу сцени fast forward: Ја уште зомби, ми се гади од секој партнер со кој сум подолго од неколку дена, усовршувам деструкција.

И сцени од не толку одамна: Сфаќам дека сум кукавица, слабак, плачипичка, беда од човек штом не сакам да сакам. Сфаќам дека сите рационализации и убедувања, као не осеќам, не сакам, не ме боли и попаметна сум од сите шо глава кршат за љубов, се обично срање и маскирање на мојата неспособност да љубам, на мојот смешен, инфантилен страв и, конечно, на мојата нечовечност.

Сега, макар и после да урлам од болка, све би дала пак да сакам.
Пошо тоа е врв на постоењето. Нема замена. Чист рај на земјата. Дел од животот шо живот значи.*
*и не, ова не се патетични фрази.

Али љубовта е и одговорност. Љубовта е и учење да си го голтнеш егоизмот. Љубовта бара да знаеш да си погледнеш подалеку од личните, себични желби и замисли.
Затоа и пре ќе ја отфрлиме, ќе се обезчовечиме.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Сега, макар и после да урлам од болка, све би дала пак да сакам.
Пошо тоа е врв на постоењето. Нема замена. Чист рај на земјата. Дел од живот шо живот значи.*
*и не, ова не се патетични фрази.
А ако само еднаш вистински се сака и ако секој има само по една сродна душа, како ќе сакаш пак? Не мислам дека не треба да се сака после изгубена љубов, но колкава е веројатноста таа да ти се повтори?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А ако само еднаш вистински се сака и ако секој има само по една сродна душа, како ќе сакаш пак? Не мислам дека не треба да се сака после изгубена љубов, но колкава е веројатноста таа да ти се повтори?
Шо знам, лично не верувам дека ако има сродна душа, може да ја изгубиме.
Верувам пак,дека оној со кој ни се разидуваат патиштата и не ни е вистински наменет.
Оној кој останува и покрај кој остануваме е нашиот "планиран" сопатник.

Затоа што, во споротивно, односно доколку она дека имаме само една шанса за љубов и само една личност која може да ја пропуштиме е вистинито, онда се би било многу безнадежно.
Во тој случај, и нашата шанса за вистинска радост на земјава може многу лесно да биде испуштена. И тогаш, ни животот не би имал некоја поента.

Рече некој лошо за уметниците?
:icon_lol:
Point taken :smir:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ако и макар само ја насетиш, земај, носи, давај!
Лесно се препознава, тешко се задржува, го мати умот и знае да боли многу...
Ама какви бои има кога ќе ги затвориш очите, и виножитото ќе се посрами...
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Свесно да сакаш да имаш нешто убаво, за да те скрши еден ден? Не ми е логично.
Ти го позајмувам делов од постот само за да ми послужи како помош да се изјаснам во врска со ова.
Мене баш оваа нелогичност ме тера на размислување и ми доаѓа да си го поставам прашањето: „Дали тоа нешто убаво ќе има вредност еден ден кога ќе те скрши?“
Да појаснам. Бидејќи на темава повеќепати се спомнува свесно да посакуваш нешто убаво што знаеш дека ќе те повреди, откако истото ќе те скрши, дали може човек да ја занемари болката и да биде среќен затоа што имал привилегија да ги познае и да живее со тие големи чувства (па макар и не цел живот). Всушност, се поставува прашањето дали може да исплива позитивно чувство откако ќе ти се скрши срцето, дали нема негативните чувства да ги засенат сите убави работи кои ти ги носи искористувањето на можноста.
Можеби малку нејасно се изразив, ама во дилема сум.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ти го позајмувам делов од постот само за да ми послужи како помош да се изјаснам во врска со ова.
Мене баш оваа нелогичност ме тера на размислување и ми доаѓа да си го поставам прашањето: „Дали тоа нешто убаво ќе има вредност еден ден кога ќе те скрши?“
Да појаснам. Бидејќи на темава повеќепати се спомнува свесно да посакуваш нешто убаво што знаеш дека ќе те повреди, откако истото ќе те скрши, дали може човек да ја занемари болката и да биде среќен затоа што имал привилегија да ги познае и да живее со тие големи чувства (па макар и не цел живот). Всушност, се поставува прашањето дали може да исплива позитивно чувство откако ќе ти се скрши срцето, дали нема негативните чувства да ги засенат сите убави работи кои ти ги носи искористувањето на можноста.
Можеби малку нејасно се изразив, ама во дилема сум.
Би се надоврзала со хипотетички пример (иако има и слични, real-life, ситуации)...
Двајца луѓе доживуваат собраќајна несреќа и биваат парализирани. Првиот не може да се помири со тоа. Одбива и да помисли дека може да живее без спосбноста да оди. Одбива да вложи било каков труд во тоа да се усреќи себе си.
Затворен во сеќавањето на животот пред несреќата, во гневот и тагата, тој постанува сениште, и ирелевантно е дали ќе се самоубие или не. Тој одбрал да умре заедно со неговата способност да оди.

Втората личност пак, решава дека тоа е тоа, дека таа е сега баш таква, без способност да оди, и дека животот продолжува.
Се прашува, што сега, што со овој нов "идентитет" на инвалид кој го добив? Како да го извлечам максимумот од истиот?
И почнува да го прави тоа. Постепено, се социјализира, превзема се повеќе активности, станува се поуспешна во она што го прави...едноставно живее со себе, со она што е, и среќна е со тоа.
Почетно, ја донесе клучната одлука дека нема да се умртви, па сега ги жнее плодовите на таквата улога.

Така е и со љубовта, така е и со се во животот. Може да паднеме и да одбереме никогаш да не станеме. Може раната да си ја влечеме постојано со нас.
А, може и едноставно да ја истресеме пепелта и да продолжиме. На почетокот трапаво, понатаму се посамоуверени...до следниот пад веројатно.
Но, падот е неважен. важно е да чекориш.

А, изборот е наш.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Да појаснам. Бидејќи на темава повеќепати се спомнува свесно да посакуваш нешто убаво што знаеш дека ќе те повреди, откако истото ќе те скрши, дали може човек да ја занемари болката и да биде среќен затоа што имал привилегија да ги познае и да живее со тие големи чувства (па макар и не цел живот). Всушност, се поставува прашањето дали може да исплива позитивно чувство откако ќе ти се скрши срцето, дали нема негативните чувства да ги засенат сите убави работи кои ти ги носи искористувањето на можноста.
Можеби малку нејасно се изразив, ама во дилема сум.
Mислам дека целосно да се занемари болката и пустошот во душата кој обично од една таква голема љубов останува не би можел да се занемари целосно и да го надвладее сознанието дека без оглед на се,барем сме спознале и доживеале вистинска љубов.Само постојат такви моменти,моменти во кои мислиш дека си среќен што воопшто ти се дала можност за нешто вредно и вистинско,неспоредливо со билошто,кога знаеш дека многу поважна е привилегијата што си го имал тоа,од самата несреќа што си го изгубил.

За жал,постојат и моменти кога би дал се да го избришеш сето тоа или барем да се прашаш што би било кога би го избришал.Моменти во кои си свесен дека ништо не е и нема да биде достојно за споредба,и никогаш,без оглед колку се трудиш нема да го заборавиш.Моменти во кои ти пречи тоа што се трудиш да постигнеш нешто за што воопшто не треба труд,а без оглед на тоа не успеваш.Постојано се прашуваш дали тежината на споменот од таа љубов е посилна од желбата да почувствуваш нешто макар приближно силно.

Лично јас,сум имала моменти кога тоа ми давало храброст и сигурност,бидејќи сум свесна дека што и да се случи после тоа,не може да ми нанесе такаречи никаква штета,како да имам доживотен имунитет против кршење срце.Ми давало таква лажна самодоверба и супериорност во смисла можам да си играм со кого сакам и како сакам и ништо нема мене да ми фали.Али има моменти кога сфаќам дека играта по некое време ќе ми стане досадна и сама ќе престанам да ја играм, уствари дека за мене е одамна завршена.Немам што да изгубам,ама сега акцентот е на немам.И опс,се појавува нешто стварно добро и сакам да го задржам,но во исто време и ми е сеедно.

Али и покрај се,дури и да можам да го вратам времето назад,знам и сум сигурна дека во никој случај не би се лишила од права љубов за да бидам безбедна и среќна.Едноставно,немам такво срце...или доволно мозок за такво нешто.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Неодамна прочитав дека стресот е корисен.
Ги обновува клетките со голема брзина,што значи го обновува организмот.

Љубовта,да се доживее е привилегија.
И да те скрши.
Ако.
Така ке знаеш како да станеш и да се исправиш.
Боли-и душата и срцето.
А како би се усовршиле ако не со мака и минување низ болката?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom