Ајде вака.
Прво, секоја кола од 1993 навака работи на компјутер. Со тоа ти ми кажуваш дека најубаво е да си купам Голф 2 дизел и да немам мака од електроника, компјутери и слично.
Тоа што го кажуваш ти има потенцијал да се случи кај било кое возило од 1992 навака.
Второ, секое возило особено од поновите генерации си имаат сензори буквално на секој елемент во возилото. Пример VW,Audi, Skoda имаат некаде околку 20 000 мерни точки (некаде 80 страници имаш кодови за VAG) и во секој момент со помош на компјутер можеш да видиш кој елемент е при крај на работен век и/или не го бива и треба да се смени.
На кластерот на шалтаблата ги гледаш најосновните елементи (ABS, светла, греачи, притисок на масло, акумулатор, трепкачи, ESP и сл.) Имаш како што кажав безброј кодови.
Кога се става возилото на компјутер за дијагностика се читаат сите овие кодови и се добива информација кој дел не го бива. Пример моторчето на задното стакло дава сигнал дека не е во ред. На колата можеби тоа работи, но ...ете нешто не е како што треба или треба да се замени.
Тоа е целата финта.