Половно возило до 3000 евра

Член од
25 јануари 2006
Мислења
76
Поени од реакции
4
Ок еве нешто да прашам. Сакам да земам bmw 320д од 2000. Гледам дека до кај 3500 евра може да се најде во германија. Е сега има друг модел 320д со 150кс во производство е од октомври 2001. Кој мотор е подобар и дали овој првиов т.е. постариот има некоја мана(бош пумпа и.т.н.).
п.с. Колку би ми излегло вкупно пари до регистрација??
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Мислам дека ке те фати околу 5500-6000 евра, ако го купиш за 3500 таму.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Ок еве нешто да прашам. Сакам да земам bmw 320д од 2000. Гледам дека до кај 3500 евра може да се најде во германија. Е сега има друг модел 320д со 150кс во производство е од октомври 2001. Кој мотор е подобар и дали овој првиов т.е. постариот има некоја мана(бош пумпа и.т.н.).
п.с. Колку би ми излегло вкупно пари до регистрација??
Нормално е поновиот да е подобар, common rail е. Но тие мотори од 2001 имаат проблем со swirl flaps, еве поточно http://www.swirlflaps.co.uk/what-are-swirl-flaps.html
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.901
Поени од реакции
722
Дали Оpel-иве вредат за до 3500 +/- евра?И ме интересира како стојат дизел моторите во овие коли 2.0 DTI како кај оваа има поминато околу 335 000 што би значело дека се издржливи,само онака како се однесува во зима на ладно,палење,одржување и слично ме интересира ако некој има искуство.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Е сега до 3000 тешко ама до 4000 можи Опел Астра караванчич бензин, затоа што на сите дизели деловите се изгор тоа што нема да го потрошиш на гориво ќе дадеш и плус за делови, тоа си е лично мое мислење. Кај Астрата бензинец ако дојде случајно до ремонт само кариките се менувале клиповите не паѓале плус багажен простор, се спушта возачкото седиште имам место комотно нозете да си ги пуштам напред а не десната нога да ми се искриви на колено, ниска аеродинамична забрзува пууууууууууу лета нагоре, не би ја сменил за ништо.

Моторот не се слуша дека работи вентилаторот од климата се слуша :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да ви се надоврзам околу муабетот за Опелите. Се е релативно... и зависи од тоа како ја чувал колата тој што ја возел пред тебе.

Може да има 300.000 км. и да е како излезена од салон, а може да има 180.000 км. и да е канта. Помалата километража никако незначи дека возилото е посочувано или подобро.

Околу палењето на моторите, и дизел и бензин (особено возила стари 10 години) исто палат. Ете го Аудито, го имам 1 месец, (1.9 ТДИ) до сега греач немам видено да се вклучи. Пали многу подобро од бензински мотори. Така да, ако моторот не е продуван, ќе пали, без разлика дали е дизел или е бензин.

Околу одржувањето, не коментирам. Дизел возила возам откако положив (6 години) и до сега освен масло и филтри друг дефект на ниедно возило сум немал. Така да тоа што би било ако би било е млатење празна слама.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Околу палењето на моторите, и дизел и бензин (особено возила стари 10 години) исто палат. Ете го Аудито, го имам 1 месец, (1.9 ТДИ) до сега греач немам видено да се вклучи. Пали многу подобро од бензински мотори. Така да, ако моторот не е продуван, ќе пали, без разлика дали е дизел или е бензин.
Кога гледав дизел коли мој близок роднина кој е автомеханичар освен 1.9 TDI друго ништо дизел не признава како врв на квалитет, и според него не е важно дали е Ауди, Голф, Пасат, Шаран или Форд Галакси принципот на работа бил ист. Ама и со цената се 1500-2000 евра плус од Астра бензинец. Е сега гледав и Алфа Ромео со овај фиатов JTD мотор и слободно ми објасни една дизна 500 евра вкупно сите четири 2000 евра тоа за дефект ако се случи натаму Бош пумпа ова она не се прави муабет.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кога гледав дизел коли мој близок роднина кој е автомеханичар освен 1.9 TDI друго ништо дизел не признава како врв на квалитет, и според него не е важно дали е Ауди, Голф, Пасат, Шаран или Форд Галакси принципот на работа бил ист. Ама и со цената се 1500-2000 евра плус од Астра бензинец.
Освен аудито, имав Ескорд, имам Фиеста и Кадет дизел. Ако го занемариме фактот што 1.9 TDI е со 110 кс, а 1.8D на форд е со 60 кс, нема некоја голема разлика. Истото е и споредено со Опелот. Од сите три возила сум презадоволен засега и се покажаа како одлични. Аудито ќе треба да ја помини првата зима за да го процениме :)

Е сега гледав и Алфа Ромео со овај фиатов JTD мотор и слободно ми објасни една дизна 500 евра вкупно сите четири 2000 евра тоа за дефект ако се случи натаму Бош пумпа ова она не се прави муабет.
Слично е и за дизните на новите TDI/DCI мотори (VW/Renault). Секоја електронска дизна е ѓаол и пол. Истото е и за пумпите. Ама и не се расипуваат тколку наеднаш како што тврдат сите. На сите возила досега сменив дизни само на Ескордот.

Факт е дека секој што купува дизел возило, го купува за да го вози. Тргнувајќи од продажната цена која е за 3000-4000 евра повисока во споредба со бензинец, па се до поскапите делови. И треба да бидеме на чисто, со 20.000 км годишно, едвај се исплати да купиш нов дизел. Секој западноевропјанин е запознаен со фактот, така да секое дизел возило што се тркала по нивните патишта, сигурно тепа по двојно од она што е наменето како репер.

Каде е тогаш проблемот?

Проблемот е во вратените километражници. Купуваш дизел со 180.000 км кај нас, а уствари тој има 3 пати по толку. Гарантирам дека 99% од дизел возилата што се увезуваат по плацови се такви, во трка за повисока заработка. Пумпата е предвидена да изоди 500.000 без ремонт, додека дизните 300.000 км. Е затоа откажуваат, и плачат сопствениците... а не поради тоа што дизелите се скапи за одржување или незнам што.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Каде е тогаш проблемот?

Проблемот е во вратените километражници. Купуваш дизел со 180.000 км кај нас, а уствари тој има 3 пати по толку. Гарантирам дека 99% од дизел возилата што се увезуваат по плацови се такви, во трка за повисока заработка. Пумпата е предвидена да изоди 500.000 без ремонт, додека дизните 300.000 км. Е затоа откажуваат, и плачат сопствениците... а не поради тоа што дизелите се скапи за одржување или незнам што.
Па затоа се скапи за одржување затоа што нема кола над 200 000 километри а некои се реално со многу повеќе. А и се изнагледав ѓубре по плацевите овде наши, една Астра што имаше ја симнаа од камион чукната јајце велигденско предна задна врата од кај возач шофершајбната сол и ми вика дека ќе ја направеле и 3200 евра :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Крпени шприцани фарбани за центрирање можи и нема да можи :pos::pos::pos::pos:, на прва кривина ќе продолжи право по инерција сериозен сум, таму од отпади земани бегај....
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Сумлива кола за таа цена.....мора да има нешто дефект!

Таа кола реално би вредела од 3500 па нагоре!

--- надополнето ---

Половно возило Голф 3 или Венто.... ке ти се фане некаде околу 2-300 евра повеке ама знаеш си решил проблем за делови и ефтино одржување!

Е сега проблемот е тоа што во државава ги премногу тие коли каде 50 % од нив се да не кажам репарирани, така да со среќа.

Ја коа би бирал тоа е мојот избор!

ПС. Нормално не би ја одминал ниту Фиат Браво 1.9, ми лежи на срце таа кола!
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Која кола сега нема електрика? :)
наброја дека од електрика има СЕ,колата сигурно има над 200 000 км,кај да е ќе почни електриката да прај трепни-угасни и ќе започнат ноќните мори за новиот сопственик :toe:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Интересно изгледа... а и не е скапо. Само прашање е колку се реални километрите. Ако е од увоз, 80.000 нема теорија :) Ако е од тука, би требало да е реален.


Сумлива кола за таа цена.....мора да има нешто дефект!

Таа кола реално би вредела од 3500 па нагоре!
Половно возило Голф 3 или Венто.... ке ти се фане некаде околу 2-300 евра повеке ама знаеш си решил проблем за делови и ефтино одржување!

Е сега проблемот е тоа што во државава ги премногу тие коли каде 50 % од нив се да не кажам репарирани, така да со среќа.

Ја коа би бирал тоа е мојот избор!

ПС. Нормално не би ја одминал ниту Фиат Браво 1.9, ми лежи на срце таа кола!
МОРА да има дефект? Твоја да не е? Ако не е, од кај знајш? Вака од слика, колку шо можам да видам јас, толку можиш да видиш и ти...

Споредбата со Венто и Гољф ич не ти држи... генерациски гледано Фокусот е 10 години понапред од 3-ка и венто (кој излегоа во 1992).


наброја дека од електрика има СЕ,колата сигурно има над 200 000 км,кај да е ќе почни електриката да прај трепни-угасни и ќе започнат ноќните мори за новиот сопственик :toe:
Електриката трепни угасни не прај од километрите... тоа да ти е јасно. Трепкањето настанува поради нередовно одржување. Така да ако се потрошени плочките од кочниците, сијаличјката за ABS-от ќе трепка. А тоа можи да се случи и на 50.000 изминати километри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom