Кога гледав дизел коли мој близок роднина кој е автомеханичар освен 1.9 TDI друго ништо дизел не признава како врв на квалитет, и според него не е важно дали е Ауди, Голф, Пасат, Шаран или Форд Галакси принципот на работа бил ист. Ама и со цената се 1500-2000 евра плус од Астра бензинец.
Освен аудито, имав Ескорд, имам Фиеста и Кадет дизел. Ако го занемариме фактот што 1.9 TDI е со 110 кс, а 1.8D на форд е со 60 кс, нема некоја голема разлика. Истото е и споредено со Опелот. Од сите три возила сум презадоволен засега и се покажаа како одлични. Аудито ќе треба да ја помини првата зима за да го процениме
Е сега гледав и Алфа Ромео со овај фиатов JTD мотор и слободно ми објасни една дизна 500 евра вкупно сите четири 2000 евра тоа за дефект ако се случи натаму Бош пумпа ова она не се прави муабет.
Слично е и за дизните на новите TDI/DCI мотори (VW/Renault). Секоја електронска дизна е ѓаол и пол. Истото е и за пумпите. Ама и не се расипуваат тколку наеднаш како што тврдат сите. На сите возила досега сменив дизни само на Ескордот.
Факт е дека секој што купува дизел возило, го купува за да го вози. Тргнувајќи од продажната цена која е за 3000-4000 евра повисока во споредба со бензинец, па се до поскапите делови. И треба да бидеме на чисто, со 20.000 км годишно, едвај се исплати да купиш нов дизел. Секој западноевропјанин е запознаен со фактот, така да секое дизел возило што се тркала по нивните патишта, сигурно тепа по двојно од она што е наменето како репер.
Каде е тогаш проблемот?
Проблемот е во вратените километражници. Купуваш дизел со 180.000 км кај нас, а уствари тој има 3 пати по толку. Гарантирам дека 99% од дизел возилата што се увезуваат по плацови се такви, во трка за повисока заработка. Пумпата е предвидена да изоди 500.000 без ремонт, додека дизните 300.000 км. Е затоа откажуваат, и плачат сопствениците... а не поради тоа што дизелите се скапи за одржување или незнам што.