Лесно е кога си во момент на раст, ќе ти се погодат и некои внатрешни и надворешни околности, па да глумиш силен лидер, невиден шахист, кој секогаш е неколку чекори пред сите и што ти се не, од таа пропаганда за Вучиќ, на која и Македонија не беше имуна.
А и покрај голема победа на избори, доминација во парламент, медиуми, финансии, не може да крене глава од летово, кога почна се со литиум, а продолжи со оваа трагедија во Нови Сад, влегува од грешка во грешка, делува изгубено, а отпорот само се зголемува, односно се што прави има негативен ефект.
Предност му е што уште не е пуштен од Запад, нуди сѐ за да ја задржи нивната подршка и што нема квалитетно организирана опозиција.
Сите тие муабети за голема способност, невидени политички вештини, паѓаат во вода за многу вакви политичари, кога ќе почнат да се соочуваат со малку поголеми проблеми и ќе се најдат во околности кои што не им одговараат целосно.