Релативизираш...
Не е толку проблем само албанското население, кое не ни било бројчано посилно од сите други жители на Космет. Проблемот е онаа лудачка идеја за припојување на Албанија кон тогашната Југославија и „во тоа име„, увезувани се Албанци од Албанија. И тогаш настанува демографската промена...
Не е баша така. Демографската промена настанува со доаѓањето на Османлиите, особено во 17 и 18 век (големата преселба по Австро-Турската војна, кога и од Македонија се иселува христијанско население) и потоа тој процес продолжува.
Кога Србите во 1912 година, го ставаат Косово во рамките на својата држава, Албанците се мнозинство. Пред балканските војни, Албанците се најбројни во целиот Косовски Вилает, на Косово најверојатно се околу 2/3 од тамошното население.
Такво Косово затекнува српската војска во 1912 година.
Прв спроведен попис од страна на Србите е во 1921 година. Тогаш Кралството на СХС спроведува попис и според тие резултати, на Косово живеат 75% муслимани, а на 65% мајчин јазик им е албанскиот. Значи ова е момент кога Србите ги остваруваат своите национални цели (единствена нација на Балкан, која барем за момент успеала).
Потоа има процес на колонизација, оној попис од 1931, за жал не е релевантен, да се види точно како се одвиваат промените, но да не се губиме во проценки, не е направен пресврт. Албанците се мнозинство и пред 2СВ.
Следен попис, кој е многу поверодостоен од оној од 1931 година е веќе во СФРЈ (1948 година). Да, после војната, како и за време на војната, се доселуваат Албанци, Србите се иселуваат, колонистите се протерани, а по одредени натегнувања голем дел не смеат да се вратат на Косово.
На овој попис, бргу после војната, Албанците се 68%. Значи доаѓаме, односно се враќаме, на оние бројки од Кралството СХС, пред да започне колонизацијата (ако се гледа вака грубо, фактички колонизацијата е поништена).
Тоа што го пишуваш на крај од овој дел е точно, на Косово во тој период се населуваат Албанци од Албанија, но така само ја зацврстуваат својата позиција, а не прават пресврт од малцинство во мнозинство, тие веќе се мнозинство и пред да се распадне Кралство Југославија (всушност уште од турско).
Има муабети дека сам Тито бил кум на некои од нив...
Тито бил кум на секое десето дете во Југославија. Е сега, што на Косово имало најмногу семејства со десет деца е друг муабет, но тоа кумство не било само за Албанците.
Од мој муабет со Црногорка од Косово, која сега живее во Србија, станува појасно дека откако Косово е „САП„ а власта им е дадена на „брачата„, жалбите кои Србите и Црногорците ги имаат упатувано до властите ради односот од Албанците кон нив, не допирале до централната власт во Србија т.е. Југославија, туку (жалбите) „останувале„ на Космет.
Дури и во многу полоша положба било неалбанското населиле, во суштина Србите и Црногорците.
Доста од жалбите и стигале до Белград, особено од крај на седумдесетите и почетокот на осумдесетите, но немале ни волја ни сила да делуваат во однос на нив. Замижуваат, заташкуваат, миат раце, се плашат да не брануваат. Немаат ни идеи, ни визија што треба да направат, па го оставаат тамошното население во доста неповолна положба, криејќи се позади фрази и институциско делување.
Затоа и Србите на Косово се принудени да се самоорганизираат (имаат подршка од одредени српски структури, но, секако, отпорот, незадоволството се автохтони).
Тогаш се формира "Српски покрет отпора", стожер се Србите од Косовоско Поле, каде се мнозинство.
Се организираат, пишуваат петиции, се закануваат дека ќе се иселат, праќаат делегации во Белград, доаѓаат партиски делегации на Косово, Србите во голем број одат во Белград и се така додека не дојде и Милошевиќ на Косово, а овие сакаат да се видат со него, да се пожалат, полицијата ги спречува, настанува кошкање, полицијата почнува да удира со пендреци, политичарите мора да излезат надвор да ја смират ситуацијата, народот избезумен се жали дека ги тепаат, Милошевиќ, во таа гунгула, уште поизбезумен ја изјавува легендарната со која уште повеќе се крева политички и влегува во историјата: "Нико не сме да вас бије".
Во времето од „краљевината„, проблемот со „брачата„ бил решаван на „соодветен начин„-каков проблем, такво и решение.
Многу тешко бил решаван, а воопшто не бил решен. Тогаш главна цел им е барем пацификација на Косово и Македонија (вмровски чети и подоцна тетористички групи).
Трошат многу е енергија и по разни пресметки, подмитувања, договарања, попуштања, успеваат барем малку да воспостават некаков ред на Косово.
Во сите извештаи поврзани со Косово, кукаат колку е лоша состојбата.