Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.888
Поени од реакции
7.267
И Русија најверојатно :D
Што и фалеше на Либија, пред Гадафи да го сјебат? Не сум бил таму, ниту имал контакти со локалци, но од интернет информациите, народот бил задоволен од функционирањето на системот, немало религиозен фанатизам (ко во Иран) итн.

За Русија сум трошел време со Јамајка, зашто се тапа, наместо бр.1 да се, така да не ме шупчи сега и ти :D.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500

Јас од прва рака знам луѓе што работеле во Либија, точни се муабетите иначе освен ако не ме лажеше човекот и мене :D, ама пак јас зборувам за одржливост на долг рок на такви системи мислам а и емпириски гледано се многу понеодржливи на долг рок, дали ако на Гадафи не му направеја војна и после неговата смрт ќе се одржеше системот? Може само да нагаѓаме за жал, ама сепак емпириски гледано дека се многу поризични и понеодржливи на долг рок.
 
Епа ти праша дал има успешна држава, заклучивме дека постоела, е сега дали на долг рок (повеќе од 50г) Либија ќе задржела истиот позитивен правец, јбг, поради јенките нема да знаеме :гик:.
Емпириски, ризик има, ама факт е дека сегашниов западен систем самиот е причина за распадот што му се случува, иако немале апсолутист, или па има, ама не го сфаќаме сериозно :toe:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Демек САД немало да направат државен удар ако Либија имала bottoms up систем на управување. :unsure:
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Во превод: им го поткршија.

Интересен беше наративот на Џо "ќе направиме" ама по изборите, а за две години не направија апсолутно ништо, ни за климатските промени, каде наводно се загрижени, ни за правото за убивање на бебиња (кое не го кодификуваа ни кога имаа 60 сенатори). Креираа инфлација, рецесија, мигранска криза, рекордни стапки на криминал во сините градови, енергетска криза и се вратија на надворешната политика која се темели на (воени) интервенции. Воедно, само ја докомлицираа и Ковид пандемијата. И сега ќе простуваат студентски долгови, политика со која се кршат сите принципи на капитализмот, а притоа Џо нема уставна пропишана моќ тоа да го направи, туку тоа е во надлежност на Конгресот!
WoW, кој мелтдаун. :cuc:
Човече, еве Претставничкиот дом (најверојатно) го добивте. Тесно мнозинство, ама сепак мнозинство.

Сериозен си ова за инфлацијата и "воените интервенции"? Далеку од тоа дека федералната влада нема вина за тоа, ама сите знаеме како почна целиот овој процес уште пред 2 години и кој прв почна да се расфрла со раздавање пари.

И за какви интервенции побогу? Интервенираа кога Талибанците го зазедоа цел Авганистан? Интервенираа во Украина и Русија? Мислам стварно.

Елем, сакав да го прокоментирам поразот на Мастерс во однос на Кели. Значи толку лоша кампања имаше дечково, толкава нарцисоидност, па и покрај добриот рејтинг на Кели, мислеше дека местото во Сенатот му е загарантирано, потпирајќи се само на една мочана (Трашфлагарова) анкета (што мислам за Трафлагар ова им е најголемо промашување во историјата). Џабе оние 15те милиони евра уште пред стартот на почетокот на кампањата од швалер му Тил, нека си го земе сега кај него да работи. :P

На сликава е Мастерс инаку, ама делува како тинејџер затоа што ова е пред едно 8 години, од времето кога предавач му беше Тил на Стенфорд, па вториов бил "толку импресиониран" од младиов лик, при што "решил да му биде ко-автор на неговата книга". :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

"Воените" ми беше во заграда, ама нема врска.

Џо во Авганистан доживеа катастрофа. Воен пораз од епски размери. Зад себе остави воена опрема вредна десетици милијарди долари, на цедило го остави целокупниот систем, па сопствените воени сојузници. Луѓето во паника, да не останат на милост и немилост на Талибанците, се качуваа на авиони во полетување. Крах за неполна недела. Да, повлекувањето на трупите го започна Трамп, но политичкиот дискурс тогаш беше стабилен.

И да, во Украина има и воена и финансиска интервенција, украинската армија беше разбиена уште првиот месец на воениот конфликт, без помошта од САД и Европа, Украина сега ќе беше федерална единица во склоп на РФ. САД имаат дадено повеќе од 10 милијарди долари, што финансиска помош, што опрема.

Вина за оваа стапка на инфлација дели и администрацијата на Трамп со тие 1.200 долари за секој граѓанин (па и останатите пакети економски мерки кои се носеа со конзензус), но чива идеја беше да се затвори целокупната економија поради хистеријата поврзана со Ковид пандемијата? Последни се отворија сините држави, дел од нив крајно лицемерно постапија со старските домови, каде истрага за Квомо сеуште нема, а во Њу Јорк се претресува секоја филијала на Трамп! Воедно, одредени држави им плаќаа на работниците да седат дома (Калифорнија)! Но за оваа инфлација дели вина и Џо, го затекна во неговиот мандат, каде САД ја загуби својата енергетска независност. Џо, тесно, протна акт (Inflacion reduction act) кој нема да ја намали инфлацијата, туку ќе ја зголеми. Економските анализи одат кон тоа дека и во 2023 год во САД ќе има висока инфлација и САД ќе влезе во рецесија. Единствен позитивен индикатор за Џо е ниската стапка на невработеност. Бизнис машинеријата се врати на старите стази иако дел од големите корпорации најавија отпуштања. Сепак таа бројка нема сериозно да се одрази на стапката на невработеност.

Од друга страна, да мигрантската криза е сериозен проблем за САД, посебно за државите кои граничат со Мексико. Во овој момент има 25 милиони нелегални мигранти! Џо продолжи да го гради ѕидот на Трамп во Аризона, на кој жестоко се противеше, како и целата демократската партија, а пред само една деценија ја промовираа истата идеја. Ѕидот ќе чинеше околу 5 милијарди (иако, веројатно плус некоја милијарда), барем толку бараше Трамп, само со последниот пакет помош, САД и даде 5 милијарди на Украина. Камала дали еднаш ја посети јужната граница. АОК, која цмиздреше на празниот паркинг поради нечовечките кафези со децата останати од администрацијата на Обама, сега никаде ја нема. Кели премногу доцна започна да зборува за тој проблем, можеби предоцна го воочи. Толку се засега за проблемите на Аризона. Треба јасна солуција за тој проблем. Решлив е. Онаму каде што има препреки, миграцијата е драстично намалена. Ѕидот треба да се санира, треба да се догради. Мексико има идентичен ѕид на својата јужна граница. И Израел и Шпанија има. Имаа сличен проблем и сега го решија. Проблемот е во тоа што едната партија промовира политика на отворени граници.

Не ми е грижа за Мастерс. Тенко поличко портфолио, иако беше поддржан од Трамп. Го преферирам поконзервативното крило на републиканската партија, а не ова на Мич кое само се збогати продавајќи магла, а САД влезе во дупка од +31 трилиони. Така, не се поистоветувам со Републиканската партија. Ниту ме интересираат поединци како Колинс и Мурковски кој се софт конзервативци. Што ако се има мнозинство кога не прави ништо! Демокркатите имаа такво.

И најмал проблем се студентските долгови, Џо вети парцијална помош т.е. простување за која нема уставна моќ да ја пропише. Самите треба да си го вратат долгот затоа што самите со ја избрале таа алтернатива. Тука се студентите кој го вратиле, тука се оние кои одбрале некоја алтернатита (војска, полиција, да не студираат и работат). Федералната власт не треба да презема долгови на поединци. Не треба да се кршат пазарните принципи. А воедно, имаа мнозинство во Претставничкиот дом и ни тоа не го протнаа.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Не зборуваме за индиректна воена и финансиска помош, зборуваме за директна воена интервенција, макар и мултилатерална во склоп на НАТО. Значи ниту една ракета, ниту еден војник не беше испратен во Украина од страна Бајден.

Во однос на пост-ковид отварањето, никаква врска, ниту надлежност има федералната влада во одност на сојузните држави. Впрочем има разлика од начинот на владеењето на сините гувернери во централните, рурални држави како Канзас, со оние на Источниот брег (за на Западниот брег се трета приказна). Исто како што има разлика во владеењето на либералните републикански гувернери во Нова Англија, со оние во руралните држави на југот.

Во однос на Калифорнија, никогаш не сум го подржувал Њусом, одвратен ми е. А за локалните власти во големите урбани центри на Западниот брег (ЛА, СФ, Портленд) можам само најлошо да кажам. Небо и земја во однос на градоначалниците во урбаните центри на Источниот брег на пример.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не, зборуваме за интервенција. Има и воена (воена опрема) и финансиска.

Секоја среќа што надлежноста за отварањето е во рацете на гувернерите, гледавме мејлтдаум од целокупната либерална елита при отворањето на Флорида, пред се за туристите, па потоа и тргањето на сите непотребни рестрикции и кон сопствените граѓани, поврзани со маски, вакцини, групирање, отворање на училишта и дистанци. Истото, во тој момент, не се случуваше во Калифорнија, Орегон, Њу Јорк, па ни во Мичиген. Тука зборував за улогата на федералниот буџет.

Барем за нешто да се сложиме. Калифорнија, со овие политики, пропаѓа. Воедно и Њу Јорк. 27 од 30те најнебезбедни градови, во САД, се во рацете на демократите, проблемот е во справувањето со криминалот. Пуштањето 1/3 од затворениците, нула долари кауција, па и декриминализацијата на одредени кривични дела само ќе им наштети на тие општества. Така стотици илјади граѓани догишно бегаат од Њу Јорк и Калифорнија, бега и бизнис секторот. Така Њу Јорк загуби електор на сметка на Флорида. Со ова темпо, ќе загуби уште еден.
 
Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.394
Поени од реакции
7.326
LAS VEGAS — Sen. Catherine Cortez Masto, the first Latina elected to the Senate, will hold onto her seat in Nevada after enduring a bruising campaign against Republican Adam Laxalt, who fell short of ousting the Democrat despite severe midterm headwinds, NBC News projects.

The outcome follows days of protracted mail-in ballot counting, with the results resting largely with the state’s most populous county, Clark County, which posted updates once a day since Tuesday. A race long predicted to be within the margin of error was indeed close through the end.

"Thank you, Nevada!" Cortez Mastro tweeted Saturday evening shortly after NBC News and other outlets projected her win.

Latino voters here helped power the results after both candidates invested heavily in courting them. Latinos were expected to make up 1 in 5 midterm voters, but the NBC News Exit Poll in the state suggests those expectations fell short, with Latinos making up just 12 percent of Nevada voters. Last month, both parties saw signs of a disaffected electorate that threatened to stay home.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.619
Поени од реакции
5.136
Не, зборуваме за интервенција. Има и воена (воена опрема) и финансиска.

Секоја среќа што надлежноста за отварањето е во рацете на гувернерите, гледавме мејлтдаум од целокупната либерална елита при отворањето на Флорида, пред се за туристите, па потоа и тргањето на сите непотребни рестрикции и кон сопствените граѓани, поврзани со маски, вакцини, групирање, отворање на училишта и дистанци. Истото, во тој момент, не се случуваше во Калифорнија, Орегон, Њу Јорк, па ни во Мичиген. Тука зборував за улогата на федералниот буџет.

Барем за нешто да се сложиме. Калифорнија, со овие политики, пропаѓа. Воедно и Њу Јорк. 27 од 30те најнебезбедни градови, во САД, се во рацете на демократите, проблемот е во справувањето со криминалот. Пуштањето 1/3 од затворениците, нула долари кауција, па и декриминализацијата на одредени кривични дела само ќе им наштети на тие општества. Така стотици илјади граѓани догишно бегаат од Њу Јорк и Калифорнија, бега и бизнис секторот. Така Њу Јорк загуби електор на сметка на Флорида. Со ова темпо, ќе загуби уште еден.
Тоа со студентските долгови беше прљава игра за поткупување гласови пред избори, само да им пуштат вода и да ги изиграат, немаа никаква намера у тоа, веруј.
Ден после изборите се случи тоа што се случи...
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.296
Поени од реакции
1.912
Тоа со студентските долгови беше прљава игра за поткупување гласови пред избори, само да им пуштат вода и да ги изиграат, немаа никаква намера у тоа, веруј.
Ден после изборите се случи тоа што се случи...
Вау, сакаш дека кажеш дека воведување на полиса која гласачите блиски до твојата партија сакаат да ја има е прљава игра? Tell me more. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom