WoW, кој мелтдаун.
Човече, еве Претставничкиот дом (најверојатно) го добивте. Тесно мнозинство, ама сепак мнозинство.
Сериозен си ова за инфлацијата и "воените интервенции"? Далеку од тоа дека федералната влада нема вина за тоа, ама сите знаеме како почна целиот овој процес уште пред 2 години и кој прв почна да се расфрла со раздавање пари.
И за какви интервенции побогу? Интервенираа кога Талибанците го зазедоа цел Авганистан? Интервенираа во Украина и Русија? Мислам стварно.
Елем, сакав да го прокоментирам поразот на Мастерс во однос на Кели. Значи толку лоша кампања имаше дечково, толкава нарцисоидност, па и покрај добриот рејтинг на Кели, мислеше дека местото во Сенатот му е загарантирано, потпирајќи се само на една мочана (Трашфлагарова) анкета (што мислам за Трафлагар ова им е најголемо промашување во историјата). Џабе оние 15те милиони евра уште пред стартот на почетокот на кампањата од швалер му Тил, нека си го земе сега кај него да работи.
На сликава е Мастерс инаку, ама делува како тинејџер затоа што ова е пред едно 8 години, од времето кога предавач му беше Тил на Стенфорд, па вториов бил "толку импресиониран" од младиов лик, при што "решил да му биде ко-автор на неговата книга".
"Воените" ми беше во заграда, ама нема врска.
Џо во Авганистан доживеа катастрофа. Воен пораз од епски размери. Зад себе остави воена опрема вредна десетици милијарди долари, на цедило го остави целокупниот систем, па сопствените воени сојузници. Луѓето во паника, да не останат на милост и немилост на Талибанците, се качуваа на авиони во полетување. Крах за неполна недела. Да, повлекувањето на трупите го започна Трамп, но политичкиот дискурс тогаш беше стабилен.
И да, во Украина има и воена и финансиска интервенција, украинската армија беше разбиена уште првиот месец на воениот конфликт, без помошта од САД и Европа, Украина сега ќе беше федерална единица во склоп на РФ. САД имаат дадено повеќе од 10 милијарди долари, што финансиска помош, што опрема.
Вина за оваа стапка на инфлација дели и администрацијата на Трамп со тие 1.200 долари за секој граѓанин (па и останатите пакети економски мерки кои се носеа со конзензус), но чива идеја беше да се затвори целокупната економија поради хистеријата поврзана со Ковид пандемијата? Последни се отворија сините држави, дел од нив крајно лицемерно постапија со старските домови, каде истрага за Квомо сеуште нема, а во Њу Јорк се претресува секоја филијала на Трамп! Воедно, одредени држави им плаќаа на работниците да седат дома (Калифорнија)! Но за оваа инфлација дели вина и Џо, го затекна во неговиот мандат, каде САД ја загуби својата енергетска независност. Џо, тесно, протна акт (Inflacion reduction act) кој нема да ја намали инфлацијата, туку ќе ја зголеми. Економските анализи одат кон тоа дека и во 2023 год во САД ќе има висока инфлација и САД ќе влезе во рецесија. Единствен позитивен индикатор за Џо е ниската стапка на невработеност. Бизнис машинеријата се врати на старите стази иако дел од големите корпорации најавија отпуштања. Сепак таа бројка нема сериозно да се одрази на стапката на невработеност.
Од друга страна, да мигрантската криза е сериозен проблем за САД, посебно за државите кои граничат со Мексико. Во овој момент има 25 милиони нелегални мигранти! Џо продолжи да го гради ѕидот на Трамп во Аризона, на кој жестоко се противеше, како и целата демократската партија, а пред само една деценија ја промовираа истата идеја. Ѕидот ќе чинеше околу 5 милијарди (иако, веројатно плус некоја милијарда), барем толку бараше Трамп, само со последниот пакет помош, САД и даде 5 милијарди на Украина. Камала дали еднаш ја посети јужната граница. АОК, која цмиздреше на празниот паркинг поради нечовечките кафези со децата останати од администрацијата на Обама, сега никаде ја нема. Кели премногу доцна започна да зборува за тој проблем, можеби предоцна го воочи. Толку се засега за проблемите на Аризона. Треба јасна солуција за тој проблем. Решлив е. Онаму каде што има препреки, миграцијата е драстично намалена. Ѕидот треба да се санира, треба да се догради. Мексико има идентичен ѕид на својата јужна граница. И Израел и Шпанија има. Имаа сличен проблем и сега го решија. Проблемот е во тоа што едната партија промовира политика на отворени граници.
Не ми е грижа за Мастерс. Тенко поличко портфолио, иако беше поддржан од Трамп. Го преферирам поконзервативното крило на републиканската партија, а не ова на Мич кое само се збогати продавајќи магла, а САД влезе во дупка од +31 трилиони. Така, не се поистоветувам со Републиканската партија. Ниту ме интересираат поединци како Колинс и Мурковски кој се софт конзервативци. Што ако се има мнозинство кога не прави ништо! Демокркатите имаа такво.
И најмал проблем се студентските долгови, Џо вети парцијална помош т.е. простување за која нема уставна моќ да ја пропише. Самите треба да си го вратат долгот затоа што самите со ја избрале таа алтернатива. Тука се студентите кој го вратиле, тука се оние кои одбрале некоја алтернатита (војска, полиција, да не студираат и работат). Федералната власт не треба да презема долгови на поединци. Не треба да се кршат пазарните принципи. А воедно, имаа мнозинство во Претставничкиот дом и ни тоа не го протнаа.