Хаха, го „решиле“ проблемот. Па уште утре (или кога ќе си оди Ши) ќе се вратат назад скитниците и ќе се решаваат со фентанил.
San Francisco: Clean For Xi, Not For Thee
No poo for Pooh...
Хахаха, насловиве се крај!!!
Значи стигнале до македонско дереџе.
Во 2004 година загинал некој си Борис Трајковски во авионска несреќа кај Мостар во Босна и Херцеговина, магично багери проработуваат турбо низ Скопјево од Петровец до Центар и до Бутел, нов асфалт, нови семафори, нови сообраќајни знаци секаде каде што ќе поминувала поворката со посмртните остатоци.
Во 2019 година доаѓа Хорхе Марио Бергољо - пардон, Франциск/Фрањо Први - од Ватикан, заваруваат шахти, кастрат дрвја, посебен сообраќаен режим низ половина Скопје.
Значи живите нека си трпат, треба некој да умре или некој ептен важен од странство да дојде во посета за да се размрдаат властите - не за потребите на народот, туку за да нашминкаат терен за некој сосема трет.
На здравје нека им е!