Лиз Чејни, која беше во самиот политички врв на Републиканската партија, но и рака на срце, мислам дека ги гласаше, во Претставничкиот дом, повеќе од 90% политиките на Трамп, ги изгуби
изборите.
Да останеше на конзистентноста, претпоставувам дека еден ден ќе беше и сенатор на Вајоминг. Но по критиките кон Трамп за упадот во Капитол и учеството во комисијата за активностите од 6-ти јануари, целата Републиканска партија се сврте против неа и доби само 28% од гласовите на изборите во Вајоминг. Дел од тие гласачи се пререгистрирани демократи.
Само 2/10 конгресмени, кои гласаа за импичмент на Трамп, победија во своите номинации.