Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.097
- Поени од реакции
- 9.412
Буквално го има снименото интервју на поранешен шеф во ЦИА во линкот.И Русија сигурен сум има началници во off.net
Русите уште имаат да учат за “soft power“ но овде се работи за влијание на поголем дел на човештвото.
Жаклин Лопур мина над десет години во ЦИА, како „водечки експерт на американската влада за безбедносни предизвици во Јужна Азија и Блискиот Исток“. Во Гугл доаѓа 2017 година и моментално е топ менаџер за разузнавачки информации, доверба и безбедност.
Џеф Лазарус меѓу 2010 и 2015 бил економски и политички аналитичар во ЦИА. Во 2017 е ангажиран од Гугл за сузбивање на „екстремистички содржини“. Лани премина во Епл.
Рајан Фугит минува 8 години како офицер во ЦИА. Во 2019 година, Гугл го убедува да премине кај нив.
Како директор за доверба и безбедност, Брајан Вајсбард водеше тимови кои носеа најитни и најприоритетни одлуки за чувствители содржини на Јутјуб. Меѓу 2006 и 2020 бил разузнавачки офицер во ЦИА. Сега е директор во Фејсбук.
Ник Росман бил фокусиран на Ирак како аналитичар на ЦИА во периодот 2009-2014. Од јануари е топ менаџер во Гугл.
Џејкоб Берет денес е главен за безбедно сурфање во Гугл, во ЦИА бил меѓу 2007 и 2013.
После 12 години минати во ЦИА како политички аналитичар, Мишел Тоборовски ја напушта агенцијата и преминува во Јутјуб.