Пред некој ден онака на зафрканција, разговараме со еден пријател кој е во политиката и го прашувам кога е на дневен ред федерализацијата на Македонија. Се изнасмеја типот, вика а бе каква федерализација, да не сакаш ти да правиш ‘‘ Фри Шоп‘‘ на граница. Вели, никој не е будала да бара федерализација во овој момент. Вака ја држиме и контролираме цела држава. Ако правиме федерализација, тогаш ке се затвориме во рамки во кои сме ограничени. Овака, ‘‘ Јампала Гостивара‘‘, држиме контрола кај сакаш си се заебааме со кого сакаш. Ја се смејам заедно со него и да бидам искрен, до некаде се согласувам, зошто ако гледаме реално, албанците контролираат фактички се во државата. На крајот испаѓа дека македонците само аминуваат она што албанците го поставуваат како цел. Далеку од тоа дека тоа е за подсмевање или за некакво ‘‘ ситење ‘‘ со оглед на хаосот во македонскиот политички кампус, ама реално, типот има право. Што ке ти федерализација бе! Ма, дај све!!!! ‘‘All inclusive‘‘, како на одмор коа идеш у Турција, пишува Агим Јонуз во колумна за коха.мк.