- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.131
- Поени од реакции
- 13.258
Колку и да не сакате да прочитате вакво мислење, ама единствена причина поради која се волкви казните е поради тоа што човеков лошо паднал и починал од ударот и второ се работи за странски државјанин и притисокот е огромен. Осудените си го јадеа за сите случаи вака што прошле неказнето и за сета корупција по судство во Македонија, ова е само мачкање очи пред други држави дека во Македонија има некое судство и дека правда има. Нормално тука ќе се дежурните фаци на Фб што ќе коментираат и ќе соберат по 100 лајкови на сите вести од портали со коментари “Треба доживотна“, “Треба смртна“ итн итн, ама тие коментари ги води само емоцијата/бес и немаат ништо разумно во нив. Да ги исклучиме околностите што и убијците и убиениот не се најморални личности во општеството, да не бидам груб на зборови, ама и двете страни со однесувањата кон општеството би биле склони на инциденти и тензични ситуации (ете несреќа имаа и двете страни што со смртни последици беше една таква ситуација), да исклучиме тоа што двете страни биле под дејство на алкохол таа ноќ, да исклчиме тоа што и убиениот прв го започнал конфликтот и го удрил првоосомничениот, ајде да го земеме во обзир само видеото што гледаме. Првоосомничениот му дава удар на убиениот, по кој што паѓа лошо и не се движи, истиот тој потоа ја трга второосомничената да не го мава и му пружува помош (Како е ова убиство со умисла???), второосомничена што го мава дур е на земја (и другпат имам кажано дека она е највиновна во ситуацијата, но искрено не мислам дека од нејзинтие удари починал убиениот), и третоосомничен што дур е целиот хаос и уште паѓа на земја убиениот се залетува и мава клоца. Дали со овие околности заслужуваат 18 години? Апсолутно не. Дали би барал 18 години ако истово се случило на близок мој? Апсолутно не. Да е нападнат малолетник, кој бил случаен минувач, па да е оправдана казната, вака е превисока и е уште една дебилна судска одлука. Ниту ќе е утеха за родителите на убиениот, ниту убиениот ќе се врати, ниту е реална, ниту пак ќе е почекот на некое праведно судство во Македонија. Жалам ако на некој не му се допаѓа моето гледиште на работите, ама не може ваква селективна правда, многу одамна за идентичен ваков случај каде што падна после еден удар лошо човекот и почина на лице место, убиецот кој исто прв беше нападнат доби 3 години кои не ги одлежа веднаш туку отпосле.