Паааа не е баш најјасно...
Постоењето и признавањето на државата Македонија (небитно со кој/каков идеолошко-политички префикс...) е признавање на постоење на правен субјект само за „внатрешна употреба„, односно само во рамките на втората Југославија (ДФЈ, ФНРЈ, СФРЈ, ват евар...).
Тоа значи дека за тогашна Србија и не било некој голем проблем, пораз или загуба ако (Србија) ја „признае„ Македонија за држава само за „домашна употреба„, оти надвор од втората Југославија, на меѓународен план и релации, постоеше само втората/Титовата Југославија, а Македонија беше само федерална единица од таквата Југославија...за која никој не чул.
Ништо чудно што и ден-денес поголемиот дел од светот не знае да посочи каде се наоѓа Македонија на атласот...
Тоа што СПЦ ја „призна„ МПЦ-ОА не е некој јак македонски успех, што значи дека аспирациите на „српскиот свет„ не ја одбегнуваат и денешна Македонија....пардон, „републиката нашата земјата„.
Се е јасно, само ако настапуваш од сомнителни позиции тогаш е повторно јасно дека вршиш манипулација.
Значи вака признале Македонци и Македонска држава Македонија ама за внатрешна употреба! не мислиш дека треба и некаков аргумент за ваква небулоза?
Признале за внатрешна употреба и после со истите тие правеле заедничка федерација, а веројатно по надвор оделе и говореле дека тие сеуште стојат на позициите на букурешкиот договор... каква се ментална гимнастика нема да се употреби за да се прави проблем таму каде го нема а во полза на нацифашизмот од Бугаристан.
Македонија беше само федерална единица а останатите членки на федерацијата не беа само федерални единициа ами имаа и директна врска со Бога!
Како и Брм Брм Брррррм се обидуваш да инсинуираш демек Томосот за МПЦ-ОА не бил Македонски успех, нешто што никој никаде не го тврдел ами секогаш говорел дека Томосот е ЧИН на подигнување на меѓусоседските односи на повисоко рамниште каде нема проблеми кои таквите односи би ги нарушиле или оневозможувале.
Инаки за да се разбере подобро.
Моето укажување до Бррррм беше дека отварање на прашање за односите со Србија во време кога имаме отворени проблеми со 3 од 4 соседи оди на рака на во случајов Бугаристан. Дека може да отвара такви прашања ама на друг пдф на пример историски теми во даден контекст, отварање и инсистирање на такви прашања на тема -актуелни- Политички случувања во Македонија во време кога Бугарија води отворена нацифашистичка пропаганда против Македонија и Македонците и Копитар од групата црпнати би го препознал бугарскиот ракопис, а неговото упорно вметнување на Србија Срби итн секогаш кога се говори за нацифашистичката пропагнда на Бугарија станува смешно ама не и за оној кој има бугарски пасош.
Ако и ти сметаш дека ваквите игри се ок нема проблем ама прво обезбеди се со бугарски пасош, оти брмбрмбрм вели дека врвен македонски интерес е сите Македонци да имале бугарски пасош - став со кој никако и никогаш нема да се сложам.