Многу е напорна оваа хистерија на ДПМНЕ, секогаш кога ќе се соочат со некој проблем, па по автоматизам играат на картата "седете мирни државата е во прашање".
Па тој народ само пред помалку од една година ви даде 438 000 гласови, речиси 50% од излезените, имаш 58 пратеници, па земи владеј, ти си должен да ја заштитиш државата, така што ќе решаваш големи проблеми, ќе работиш под притисок, а не да кукаш само "леле на народот ќе му подметнат". Со децении ист муабет, ене го оној од Будимпешта, уште периодично исфрлува долгометражни коментари, во кои тој е совршен, а сите погрешиле, дури и народот, кој бил изманипулиран.
Не се трпи ни хистеријата на граџанството, кое само неколку месеци го тргнаа од државна цицка и веднаш увидоа како било неиздржливо во државата, "режимот се вратил", ништо не чинело и треба пак нивната структура (политичка, бизнис, медиумска, невладина) да дојде на власт, да не оправи.
×××××
@Saber Rider Не се сложувам со твоето размислување, дека е важно само тоа што ја напаѓаат власта, а да не гледаме подалеку од тоа. Надвор од политиката е така, но кога се во прашање политички борби и прегрупирања, важна е и биографијата на "борците за вистина, правда". Ние се вртиме во круг, затоа што во зависност од тоа кој е на власт, прифаќаме лесно било која структура да ја води борбата во наше име и се така во круг.
Како што не сум го прифатил Латас како херој или било кој друг од новинарското дувло на другата страна, додека СДСМ беше на власт, нема ни сега овие големи борци за правда и подобро општество во Инфомакс или од граџанството кое пак крена глава, а сега се на иста страна.
А и во недостаток на силна опозиција, се поставуваат и како политички фактор, а не само како новинари.
Левица е друга приказна, може политички да не се сложувам со нив, да ми се сомнителни некои работи, како превземањето на партијата преку вакво судство, до тоа што решија да учествуваат во власта во Скопје или нивната внатрепартиска структура.
Но, сигурно дека не биле во центарот на овој систем, гравитирале повеќе на периферија, ниту го воспоставиле ниту се офајдиле како СДСМ и ДПМНЕ, па не ги ни изедначувам со двете големи партии, за разлика од овие новинарско удбашки дувла што сега се прегрупираат и ни нудат нови херои.
А и има право Левица политички да се бори и да извлече корист (особено сега кога во опозиција е расуло), таа морална паника како сакале политички да профитираат е глупа. Па нормално дека било која партија сака политички да профитира и да ја победи, уништи конкуренцијата.
Дали мене ќе ми се допадне начинот и слично, ќе одлучам со гласање или ќе јадам гомна на форум и ќе ги критикувам.
Доколку нема подобра алтернатива, а не поминат некоја граница и покажат дистинкција од едниот дел на политичко-бизнис-удбашко дувло кое сега нема толку пристап до моќ, финансии, привилегии, може и да ги гласам на следни избори, без разлика што ми се далечни.
Ако ништо друго, треба размрдување во нашиот политички систем, тие можат да бидат оружје за такво нешто.