Имаше протести и кога се случи масакрот на раскрсница, Судот се напраи на Тошо, Никој не прати разгранува до крај....
Кога меѓународна Авио федерација го забошоти нападот на контролна соба, не ми се зборува ( а ги следам емисиите на Дискавери за авионските несреќи и сите работи во врска со нив)... По катастрофалниот пожар во Кочани, едина порака што дојде од ЕУ не беше да се справиме со Корупција на сите нивоа, туку пак истото, Уставните Измени
Кој масакр?
Значи без насилство и глупости. Зашто не може да се обединиме. И сите што згрешиле у државава да побараме затвор? Што е толку тешко?
Значи го гледаш ко ПОЕДИНЕЦ.
Баталуваш партија, пол, вера, нација и години, и трпаш у Идризово, носи носи.
Има милион кои треба да лежат.
После тоа, ПАРТИИ да се ограничат. Да не може ко сега буквално со партиска книшка да го играат народов како сакаат.
Понатака, ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ОДМА ЗА СИТЕ. Зашо? Пошто од незадоволство од плата се подмитливи луѓево.
Секогаш ќе има зинати за пари, ама напрај бе достојни плати. Гледав баш една табела, ако ја најдам, од Економист.
За 2023 имаше како месечно растеле трошоците, како платите. Соодносот е УЖАС. Народ кој работи за 400€ ем не работи ко шо треба, ем е подмитлив.
Даље, РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕ.
Факултети ко УТМС, Славјански, ИБУ не треба да постојат бе. И Американ. Тоа све затвараш!
На факултети државни тргаш сѐ ко Трајко Славески, Апасиев итн, ПОЛИТИЧАРИ ДА НЕ ПРИПАРАТ НА ФАКУЛТЕТ.
Контрола кој све запишува факултет и кој завршува.
Даље, СЕКОЈ ЕДЕН У ДРЖАВАВА ДА НАУЧИ МАКЕДОНСКИ И АНГЛИСКИ. Брачата имаат дури 2 за учење у пм.. тоа е
Даље, тоа Обвинителство све тоа од чистач до врховници чешлаш, шо не е скапано оставаш за пример, сѐ друго у ќорќа.
Даље, вложуваш у младинава ко мене. Јас толку сакам да направам за државава, толку сакам да просперира, НО ТАА НЕ МИ ДАВА НИШТО ЗА ВОЗВРАТ.
Нѐ избркавте. Еве јас најдов пример добра работа, ај за тоа не би си идела искрено, ама за шо друго да седам? Немам кај да искочам, нема ништо интересно. Хазарди тоа затворија, имаме 1 место за билијард во Скопје, 1 кафич со игри, неколку компјутерници и со ПС ама не играм тоа.
Кафичи и кафани ексик, у диско еве не е за идење, ќе те утепа кров.
Летоска у Скопје не се искача ќе се стопиш, зимно време не се дише очи ти течат, може кола да те удри и никад да не го најдат да не те лежи.
Ако ти се слоши и си над 50 Брза Помош нема. Ако доеш до болница, на Клинички треба со хелихоптер, после тоа се молиш да не те прими некој со средно или пијан анестетичар, се молиш да не ти извадат орган некој погрешка, да не добиеш сепса, МРСА или жутица. Уште на крај иако плаќаш здравство секој месец 7,5% те чека докторот да му даеш една љиљкова и Џејмисон..
На улица исто мора да пазиш кај газиш, моеш да пропаднеш у дупка.
да продолжам да набројувам?