Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.313
Поени од реакции
21.484
Убаво си пишуваше книги Коста Петров, кој кур му требаше да се фаќа на струмичкото оро. :tapp:

Кривични пријави против двајца поранешни директори на ФИТР – злоупотреби и измами од милионски суми!
Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили и Коста Петров. Според истрагата, тие се товарат за злоупотреба на службена положба во врска со финансирање на неколку проекти преку грантови. Случаите се поврзани со три контроверзни проекти: „Грин Хојо“, „Фротирка АД Делчево“ и „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“.

Случај 1: „Грин Хојо“ – нерегуларности во проект вреден 4 милиони денари
Првата кривична пријава се однесува на поранешниот директор Фестим Халили и компанијата Хојо Тек од Струга, која добила финансиска поддршка преку грант од ФИТР за проектот „Грин Хојо“.
Проектот имал за цел да создаде паметен дом преку употреба на IoT уреди и решенија за енергетска ефикасност. Но, истрагата покажала дека иако корисникот на грантот не ги исполнил обврските од договорот, директорот Фестим Халили дозволил исплата на сите средства во износ од 4.000.000 денари, наместо да го раскине договорот, како што е предвидено во правилникот на ФИТР.
„Од самиот почеток на проектот постојат индикации за договорена соработка меѓу лица од раководството и вработени во ФИТР со корисникот на грантот, што овозможило исплата на средства и покрај непочитувањето на обврските.“
Дополнително, истрагата покажала дека Дашмир Истрефи, одговорното лице во компанијата Хојо Тек, доставил фактури за наводни трошоци, кои потоа биле коригирани на барање на ревизорите.
„Корисникот извршил измени на трошоците по барање на ревизорите, со што прикажал различни износи за да се оправдаат добиените средства. Овие активности довеле до заблуда на Фондот и стекнување противправна имотна корист од 4.000.000 денари.“
Случај 2: „Фротирка АД Делчево“ – проект завршен само 54%, но исплатен целосно
Вториот случај се однесува на злоупотреба на средства за проектот на „Фротирка АД Делчево“, каде истрагата утврдила дека иако проектот бил само 54% завршен, средствата биле целосно исплатени.
Коста Петров, поранешен директор на ФИТР, дозволил исплата на целосната сума, иако ревизијата покажала сериозни прекршувања. Проектот започнал на 1 октомври 2018 година и требало да заврши на 30 јуни 2019 година, но до крајот на рокот, корисникот успеал да набави само една од шест планирани машини, додека останатите машини не биле набавени.
„Проектот предвидуваше набавка на шест машини, но до крајот на рокот беше набавена само една – машина за шиење (Sharing machine). Останатите машини не беа доставени според предвидениот план.“
Дополнително, корисникот на проектот подигнал 354.000 денари во готовина од наменската сметка, што е спротивно на правилникот на ФИТР. Средствата биле вратени подоцна, но само по откривање на нерегуларноста.
„Фондот овозможи исплата на средства за недовршен проект, овозможувајќи на ‘Фротирка АД Делчево’ да се стекне со незаконска имотна корист во вредност од 19.839.264 денари.“
Случај 3: „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“ – апсурдна злоупотреба претставена како иновација
Третиот случај, кој предизвика најголема јавна реакција, е проектот познат како „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“. Се работи за грант доделен на стартап кој развивал рецепт за пица стар 2.000 години.
Проектот беше финансиран преку инструментот за поддршка на стартап компании, но ревизијата покажала бројни нерегуларности. Корисникот доставил неподобни трошоци за поврат на ДДВ во износ од 140.400 денари, како и неподобни префрлања на средства меѓу различни буџетски ставки.
„Корисникот ги користел средствата за неподобни трошоци, вклучувајќи враќање на ДДВ во износ од 140.400 денари. Дополнително, средствата наменети за една ставка биле пренасочени за покривање на други ставки без одобрение од Фондот.“
Дополнително, корисникот поднел извештаи со задоцнување и ги користел средствата надвор од дозволениот временски период на проектот. Во еден случај, плаќањата извршени по истекот на проектот изнесувале 295.000 денари.
„Корисникот продолжил да користи средства и по истекот на рокот за проектот, при што извршил плаќања во износ од 295.000 денари. Иако средствата се потрошени надвор од дозволениот период, тие биле оправдани од Комитетот за инвестиции.“
Вкупна финансиска штета – над 23 милиони денари
Според резултатите од ревизијата, три клучни проекти предизвикале финансиска штета во вкупен износ од над 23 милиони денари:
  • „Грин Хојо“4.000.000 денари
  • „Фротирка АД Делчево“19.839.264 денари
  • „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“ – Злоупотреба на средства преку неподобни трошоци
Кривични пријави за незаконска исплата на грантови
Фестим Халили и Коста Петров, поранешни директори на ФИТР, се соочуваат со кривични пријави поради злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на средства за проекти што не се реализирани според договорите.
Истрагата откри дека во некои случаи се користени лажни фактури, додека во други проекти се исплаќале средства за недовршени активности.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
722
Поени од реакции
607

Сега поради ова Романија и Бугарија треба да ги Заострат Копнените контроли кон нонЕУ багра, Србија , Северџанија и Турција...пљус од 01.01 иде и ЕТИЕС постапка...
За нас едино е добро што пољаци , романци а и други сега за Грција преку Бугарија ќе цепаат.
Бугарија сега уште повеќе ќе се осили , нема веќе со што да ги условат...
Едино чаре донекаде е зајакнување на Опен Балкан, против кој е Бугарија, но Србија сега е под силен соросоиден притисок, така ќе биде најмалку до преземање на власта во Уса...
А, што ти мислиш дека овие неколку години бугарија ја условуваа да попушти пред Македонија? :pos:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.697
Поени од реакции
11.914
Ова е нереално. Секаде има криминал, ама кај нас е на ненормално ниво. Па секој ебан политичар, директор, или било каков функционер е вмешан во криминал. Да им се конфискува имот и пари на сите што краделе од осамостојувањето до денес, ќе има пари да ја средиме државава да личи на Сингапур
 
Последно уредено:
Член од
6 ноември 2024
Мислења
226
Поени од реакции
355
Ова е нереално. Секаде има криминал, ама кај нас е на ненормално ниво. Па секој ебан политичар, директор, или било каков функционер е вмешан во криминал. Да им се конфискува имот и пари на сите што краделе од осамостојувањето до денес, ќе има пари ја средиме државава да личи на Сингапур
Јака договорка има Мицко со кале, ние ќе ги гониме нашите, за шипојте кале јавно дава инфо за да не се врти муабет лоши каури затвараат невини шипој.

Сега со ред се ќе легне. 2 затвори модерни ни фалат.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.773
Поени од реакции
3.845
У што кладба дека нема ништо да има, само праат театар и мачкаат очи јер буквално нема со што да се пофалат па демек еве поднесуваме кривични.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.444
Поени од реакции
9.843
Убаво си пишуваше книги Коста Петров, кој кур му требаше да се фаќа на струмичкото оро. :tapp:

Кривични пријави против двајца поранешни директори на ФИТР – злоупотреби и измами од милионски суми!
Apsi se po red, pleme da im ebam hohshtaplersko. Kaj kriminalci nevideni, pa ushte za avtori i inovatori se prodavaat, gnidi :sick::mad:
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.637
Поени од реакции
17.512
А ова сега што рејдаат куќи на судии од МВР и претреси има нешто со изјавата од Калето или? ( не сум скрои во тек деновиве) или уште еден обид од пропаднатиот обид да ги сменат судиите во судскиот совет ?

ова некако тивко врви зад сцена а?


  • Апелациониот суд ја укина пресудата за случајот Беса транс и побара ново судење.
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
226
Поени од реакции
355
У што кладба дека нема ништо да има, само праат театар и мачкаат очи јер буквално нема со што да се пофалат па демек еве поднесуваме кривични.
море чаје шукарије не треба да се кладиме, туку да се радуваме.
Законот да важи еднакво за сите.
Мицко апси, шетај ги пред камери со лисици и ич не ги штеди. И некои твои ќе одат курбан, ама така се прави држава.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.872
Поени од реакции
2.850
Убаво си пишуваше книги Коста Петров, кој кур му требаше да се фаќа на струмичкото оро. :tapp:

Кривични пријави против двајца поранешни директори на ФИТР – злоупотреби и измами од милионски суми!
Чекај де, да видиме дали воопшто некој ќе затворат, да не е само театар. :)
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
226
Поени од реакции
355
А ова сега што рејдаат куќи на судии од МВР и претреси има нешто со изјавата од Калето или? ( не сум скрои во тек деновиве) или уште еден обид од пропаднатиот обид да ги сменат судиите во судскиот совет ?

ова некако тивко врви зад сцена а?


  • Апелациониот суд ја укина пресудата за случајот Беса транс и побара ново судење.
Мицко посочи за фалсификати на записници во судски совет.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.313
Поени од реакции
21.484
А ова сега што рејдаат куќи на судии од МВР и претреси има нешто со изјавата од Калето или? ( не сум скрои во тек деновиве) или уште еден обид од пропаднатиот обид да ги сменат судиите во судскиот совет ?
Нема врска со изјавата на Калето, тотално различен случај е и е поврзан со претседателката на Судскиот совет - Весна Дамева, партиска вошка, поранешен член на правната комисија на СДСМ.

Еден по еден ќе ги чистат како вошки, бидејќи само од последниве месеци после ревизорски извештаи има стотици нови пријави кои се чуваат во фиока и не се процесуираат.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.637
Поени од реакции
17.512
Нема врска со изјавата на Калето, тотално различен случај е и е поврзан со претседателката на Судскиот совет - Весна Дамева, партиска вошка, поранешен член на правната комисија на СДСМ.

Еден по еден ќе ги чистат како вошки, бидејќи само од последниве месеци после ревизорски извештаи има стотици нови пријави кои се чуваат во фиока и не се процесуираат.
Дај боже сите да се испозатворат меѓу нив од политичар судија до корумпиран џандар....

Ми мириса дека нешто спрема Калево, некако многу подршка им дадоа на Мицко или пак му се скурчи со овие будали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom