- Член од
- 19 февруари 2023
- Мислења
- 2.759
- Поени од реакции
- 5.689
Се согласувам дека завладеа погрешната страна 45та.После 45та во Македонија завледеја погрешната страна, оние што имаа правилна визија завршија како што завршија. А тие што останаа 45 години да владеат со Македонија го всадија најлошиот можен менталитет, едноставно културолошки не погребаа.
Прашај ги албанските трговци за ова, ќе ти кажат за конзистентното мислење на Македонците.
Трајко Попов и преостанатите од групата „Бунт“ биле уапсени на 23 мај 1945 година и притворени во зградата на Централна ОЗНА. Таму биле сослушувани повеќе месеци од иследници на ОЗНА.
Иследникот го распрашувал и му поставувал повеќе прашања и Трајко на нив одговара. Ќе го издвоиме и овој исказ:
Со пресудата КБР 32/46 од 10 март 1946 година, судот го осудил Трајко Попов "на казна смрт со застрелуење, трајно губење на граѓанските права и конфискација на целокупниот имот.“„Со започнуењето на партизанските борби и со паролата ‘За Федеративна Југославија’ за нас беше необјашнива и си поставихме прашањето дали во таја Југославија влегат Пиринска и Егејска Македонија или само Вардарска. Со тоа ако во неја влага и Грчка Македонија со Пиринска за нас нема друго да постоји освен Федерална Југославија. Ако пак остане само Вардарска, таа би била непотполна јединица- као мува без глава.“
На ваквата пресуда протестирале селаните од Скопската околија самоиницијатвно собрале повеќе илјади потписи - петиција за помилување на Трајко Попов, но безуспешно.
На 19 август 1946 година на тајна локација бил стрелан Трајко Попов. Гробот до ден денес не се знае каде е.
За денес и СДС и ДПНЕ да го слават Лазо, и ова јас мислам дека е диктат од калето, на една перена историја и сакаат од нашиот народ да направат титова творба, тој титоизам на голема се пропагира сега на сител со новата серија, пере мозици на млади, и се ова е во својство на бугарија, 100 пати сум кажал тие што го величаат тито се најголеми бугарофили, а нашите стари во времето на најголемиот комунизам слики на Делчев имаа по домовите а на Тито не.
Околу мислењето за албанските трговци не се согласувам, многу албански бизниси во македонски средини стојат празни.