Пред такви вистини, фактите да молчат.
Абецедар е печатен од грчките власти на словенски диалект, пошто тие ги обувиле б'лгарите за славофонни грци - грчки македонци, кои се словенизирани и сборуваат на словенски диалект. БГ јазик бил забранет неофициално во 1926 г. од грчките поместни власти и грчките чети.
Б'лгарите во Егејот биле доволни од Абеседарот - велеле - не е книжевен б'лгарски, ами си е нашински б'лгарски говор, добро е, ке си го нарекуваме македонски б'лгарски - брат на дедо ми е учен по таков абеседар и од него го знам тоа..
Македонскиот не е измислен од Тито..
Ама потое грците се освестиле, дека и Абеседарот исто на е б'лгарски диалект и го уништиле...
Не е точно. Абецедарот е всушност буквар на Македонците. Дури и зборовите во голема мера се совпаѓаат со тие во Македонија, а не Бугарија. Еве некои општи и детални податоци за Абецедарот:
Во 1925. година во Атина е отпечатен
буквар на македонски јазик за македонското национално малцинство во Грција. Го подготвила специјална комисија на грчката влада во состав Папазахариу, Сијакцис и Лазару,
и тоа под меѓународен притисок и покровителство на Друштвото на народите во Женевa.
Абецедарот е напишан на прилепско-битолско-лерински народен говор, со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис.
Целта на неговото издавање била едуцирање на
македонското население во Егејска Македонија, дел од Македонија кој потпаднал под грчка власт која на македонското население му ја укинала можноста да се образува на својот мајчин јазик. Тој е прв македонски учебник објавен од една легална влада.
А поради силни реакции на Софија и Белград, веднаш е повлечен од употреба во предвидените училишта во егејскиот дел на Македонија.
Во Абецедарот се користи латиницата како азбука, со неколку карактеристични букви што ги нема во стандардниот македонски јазик. Азбуката има 29 букви, при што африкатите ѕ и џ се пишуваат како дифтонзи дз, дж (дзид, джам), а ч, ш, ж се предаваат со хрватско-чешките ч, ш, ж (чаша жена), додека за темниот полугласник (н) пред слоговното р (р) е употребена романската графема о (корпата). Македонските палатали ќ, ѓ, љ, њ се градат со помош на ј или ь (кукја/ кьти, Гјорце, льлјам, сиренје).
Акцентот е обележан на третиот слог од крајот на зборот или на акцентската целост, а членот е троен (-от, -ов, -он).
Фототипно издание е објавено во Скопје во 1985. година, а во 2006. година е дозволено повторно преиздавање на Абецедарот, под наслов „Abecedar – Bukvar – Anagnwstiko“.
Испечатен е во Солун, а благодарение на политичката партија на Македонците во Егејска Македонија „Виножито“.
Во него се вклучени старото издание на Абецедарот, новото издание на Абецедарот со стандардната македонска кирилица и правопис, предговор и придружни текстови на грчки, англиски и македонски јазик.
Целиот материјал обработен во овој Абецедар е поддржан со текстови инспирирани од секојдневниот живот на луѓето за полесно учење и совладување на материјалот.
Судбината на букварот „Абецедар“ беше трагична. Целиот печатен тираж бил запален и уништен во исцениран напад на возот со кој бил пренесуван кон местата во Грција каде што живеат Македонци.
Овој документ има извонредна важност за дефинирањето на посебноста на македонската националност во средината на 20-те години од 20-от век, како и поради фактот што
тогашната грчка влада за првпат официјално го признала постоењето на македонска националност во рамките на тогашната грчка држава.
Имено, во 1920. година Грција пред Друштвото на народите Грција го потпишала Севрскиот договор (во францускиот град Севр) со кој се обврзала да им даде малцински права на сите народности во Грција што не се етнички Грци. Четири години подоцна, во 1924., повторно по сугестија на Друштвото на народите помеѓу Грција и Бугарија бил потпишан познатиот Протокол Калфов-Политис со кој врз реципрочна основа Бугарија се обврзува на грчкото малцинство во Бугарија да му обезбеди малцински права (јазик, училиште и друго), додека Грција, Македонците од егејскиот дел на Македонија ги признаваше како ,,бугарско“ малцинство, на кое би му признале, исто така, малцински права.
Меѓутоа, во 1925. година грчката влада јасно ѝ ставила на знаење на бугарската страна дека нема никаква основа Бугарија да се интересира за некакво „бугарско малцинство“ во Грција, а „словенското малцинство“ во Егејска Македонија го дефинира како посебна етничка група различна од Бугарите и Србите.