Во однос на преселниците од југозападните краишта на Македонија повеќето од нив се селеле не поблиску до Бугарија туку поблиску до Русија, па повеќето завршиле во Украина, Молдавија, Русија. Бугарија тогаш не постоела, а таа територија била само попатна станица. Тоа впрочем не е единствениот правец туку постои и втор правец на преселување на север кон Австро-Унгарија преку денешната територија на Србија.
Втори правци, велиш.
Софиjа имала градоначелник родум Македонец уште во 1879 г. Задграничното претставништво на ВМОРО исто се сместува во тоj град. Чуму ваков тренд? Од основачите на ВМОРО, нели ги мислиш за наши Македонци, еве троjца предавнички завршуват како функционери на бугарската држава, а еден од нив, Ресенчанец, оставил доволно елоквентен тестамент каде нема трте-мрте.
Сакаш да го изрелативисаш феноменот на броjна, влиjателна, здружена и национално освестена емиграциjа од Македонци во Бугариjа, не можам да ти бранам, ма тогаш во корист на аргументот не би било потребно да понудиш примери за родум Македонци премиери, политици, генерали, академици, митрополити и врвни уметници од иста броjка во српската, руската и австро-унгарската држава како што ги има во бугарската?
Баба Ванѓа во цел свет позната како бугарска jасновитка исто се одметнала во тоj правец. Како тоа? Жими маjка, башка каj фашистите негаторски, имаш капацитет да образложиш.
Во времето на диктаторот Тодор Живков кога е дефинирана денешната комуњарско-националистичка политика кон Македонија се охрабрувало преместувањето од еден во друг град поради работни обврски. Инаку некаде до Втората Светска Војна населението на пиринска Македонија била компактно македонско.
Првин рече дека ималу многу луѓе од мешовити бракови, односно доволно да jа променат генеалогиjата на населението, меѓутоа не гледам да прецизисаш проценти и да спремаш докази, барем неколку примери да верификуваме дали тоа што го зборуваш одговара на вистинската состоjба на терен обавезно во таква мера што е статистички значаjна.
Што се однесува до помаците, реченицата би можеле да ја свртиме и вака " Доколку не бил пробивот на племето на Аспарух за никакви Бугари никогаш немало да се зборува на Балканскиот Полуостров. Генетски Бугарите не се разликуваат многу од околните православци".
А коj е крив што на една орда ѝ успеа да порази империjа светска сила коjа предходно партал ги правела сите иако тоа денес нам изгледа како приказна?