Многу повеќе се. Инаку те разбирам зошто ти смета нивната броjка. Пиринска Македониjа само има околу 300 000 жители православци и муслиманска популациjа (Помаци каj Гоце Делчев, поранешен Неврокоп) по дифолт со македонско потекло.Nekade okolu milion Bugari (a moze i pomalku) imaat poteklo od Makedonija, daleku od nivnite 3 miioni kolku sto gi kazuvaat.
Историски компактно Македонци населуват подрачjа на денешна Бугариjа уште за време на албанските османлиски феодалци и посебно на Али Паша Jанински коj таков пекол створил во Западна Егеjска Македониjа и делови на Албаниjа што ги натерал христиjаните масовно да барат спас на други места. Доселениците од овоj бран колективно познати се како Арнаути, важат за група со посебни вештини во градежништвото, а во Бугариjа доволно биле истражувани:
Информациjа за Арнаутите: https://strumski.com/biblioteka/?id=678
Софиjа прима прва голема македонска емиграциjа, од денешна Пиринска Македониjа, како последица од Кресненското востание во 1878 г. Следуват Илинден, Балканските воjни+Охридско-Дебарско востание, Прва светска воjна, што се катастрофални за Македониjа за жал. Тогаш во бугарската престолнина се формират големите македонски населби Света Троица, Илинден, Захарна фабрика и Гевгелиски квартал, а полно Македонци има уште во Банишора, Лозенец, Красна Пољана, т.д. Надвор од Софиjа, али во близина, варошици како Дупница, Ќустендил, Велинград, Мездра, добиват градски облик благодарение на вредните македонски бегалци, трговци и занаетчии, а преку размена на население контролисано во 1924 г. преку споразумот Калфов-Политис од Грциjа доаѓат уште Егеjци во Пловдив, Варна и Бургас, односно претежно на Црно Море.
Тоj процес на иселување на Македонци во денешна Бугариjа никогаш не запирал, уште од време на Свети Ѓорѓи Кратовски (XVI век), туку се одвивал со различен интензитет дури за време и после Втора светска воjна, и во тие подоцни години ги носи каj Бугарите познати Македонци како jасновитката Баба Ванѓа, историчарот Христофор Тзавелла, народната пеjачка Љубка Рондова, членот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ Венко Марковски, лингвистот Благоj Шклифов, Љубчо Нешков од Скопjе сопственик на новинарската агенциjа БГНЕС.
Да не биле Македонците бугарската држава никогаш не би стигнала прилично ниво на етничка и верска хомогенизациjа на штета на Турците и Грците, а во Софиjа конкретно тие jа преземат трговиjата коjа до тогаш историски била монопол на Евреите.
Последно уредено: