Не спахии туку Макеоднски Јаничари. Самоубиство од заседа ќе си направиме.
Како и да е, колку треба да бидеш отиден со паметот, најпрвин да се декларираш како Бугарин, а потоа и да тврдиш дека си Словен, a истовремено да се наречеш Куберов воин, кога Словените биле прогонувани од Бугарите и страдале под нивната власт, како што може да се види од записите на Александар Гиљфердинг.
Болгарите не биле бавни во преминувањето на Дунав. Императорот Константин Погонат побрзал да ги пречека. Тој прво ги потиснал назад, но се разболел и ја напуштил војската. Болгарите ги поразиле збунетите Грци и ги протерале. Зад нивните петици се појавиле кај Варна и оттука се втурнале во словенските земји. Набргу тие ја зазеле целата земја меѓу Дунав и Балкан, до границите на Аварија, односно денешна Бугарија, овде ги покориле словенските племиња, им наметнале данок и, како што вели хроничарот, го поставиле племето на Северците под Балкан, од Берегавските области на исток, останатите седум разграноци на југ и запад, до границите на Аварите (679). Можеби тие сакале за себе си да го исчистат североисточниот раб на Мизија, најпогодниот за степската орда.
Сето тоа не можело да се случи без насилство, без сурово страдање на Словените.
Гледаме дека по освојувањето на земјата на север од Балканот од страна на Болгарите, раселувањето на Словените во јужните области на Византиската Империја одеднаш повторно продолжило: тоа биле, без сомнение, племиња кои не сакале да се потчинат на Болгарите и барале засолниште од нив. Во 675 година пет племиња Дреговичи, Сакулати, Велесичи, Вајенетаи (како што Грците ни го пишуваат ова сè уште загадочно име за нас и Борзјаци или Ворзјаци се кренале во огромни сили, со целата покуќнина, со своите жени и деца и отишле во опсада на Солун; немајќи време да ги совладаат неговите ѕидини, тие се населиле во богатите околни области. Дреговичите и Сакулатите поседувале ниви во близина на Солун; Ворзјаците се уцврстиле на северо-запад, каде што сега се градовите Охрид и Битола; Велесиците ја окупирале Јужна Тесалија, Беотија со Теба, Атика со Атина; Племето, означено во грчките извори под името Вајенетаи, се наоѓало западно од Велесичити, во Јужен Епир. Западно од Солун Струменците се населиле покрај реката Струма, и Рјажданите на брегот на Архипелагот. Последниве започнале да одат на море и на своите чамци не само што ги вознемирувале островите на Архипелагот, туку се приближиле до самиот Константинопол.
Византиската Империја повторно морала да ја освои областа околу Солун. Синот на Константин Погонат, Јустинијан II (Ринотмит) испратил коњички легии во Тракија и, како што вели хроничарот, „ги проширил своите напади во Солун“ (во 688 година): толку незначителна била моќта на цариградскиот цезар на Балканскиот Полуостров во тоа време!
Тракиските и Македонските Словени делумно биле принудени да се потчинат на Јустинијан, а делумно доброволно ја признале неговата власт врз себе; тој организирал управа меѓу нив, таканаречениот Стримонски регион (река Стримон, сегашна Струма, североисточно од Солун) и основал словенски населби за да ги чуваат планинските премини што воделе кон Македонија; очигледно сметал на тоа дека овие Словени ќе сакаат да го спречат натамошното ширење на Болгарите. Во исто време префрлил голем број Словени во Мала Азија и од нив избрал 30.000 луѓе, кои ги вооружил и ги организирал како помошна војска за акции против Арапите.
Гильфердинг, Александр Федорович (1831-1872). Собрание сочинениј А. Гильфердинга. Санкт-Петербург: печатнја В. Головина, 1868-1874. Т. 1: I. Историја сербов и болгар; II. Кирилл и Мефодиј; III. Обзор чешској истории. 1868.
www.prlib.ru
И сега ќе дојде
@штипјанец' и со сиот памет ќе те убедува, не само дека тој бил Б'лгарин (Болгар), туку и Македонските Словени во XIX век биле Б'лгари. Ни срам, ни перде.