Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.092
Поени од реакции
11.497
Дали јас разбрав погрешно? Но вечерва во 8 карши Рамстор немаше никакво собирање. Кога ќе има собирање?
Колку што разбрав треба на 20.08 да се одржи а не денес.

Едит: сепак на групата пишува дека за денес бил планиран
ПОНЕДЕЛНИК 6.8.2012 20.00ч
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.383
Поени од реакции
1.984
Јас сум неутрален кога е во прашање протестот...дефинитивно не одам...прво скептичен сум дека ќе се постигне нешто а второ дури и ако се постигне може неговиот ефект да е полош од самиот проблем. Што може да се направи со овој протест ич не ми е јасно. Дури и да се намали цената на струјата ЕЛЕМ ќе си ја покрива дупката од буџет и ќе се крати на други трошоци или ќе се зголемата даноци исто срање друго издање. За вакви глупости не арчам патики...плус и сонцево пржи и тоа прописно.
Друже,која дупка бе? НЕМА дупка ! ЕЛЕМ и МЕПСО и со цените од 2010,и со сите партиски вработувања,тендери и слични пичке материне работеле профитабилно.Тука се работи за зголемување на профитот а не за дупка.

Големите потрошувачи уште пред 2 години си го либерализираа пазарот за себе си и сега можат од кога сакаат струја да купуваат.Ние сите би требало во 2015 да го можеме истото.

Ако протестот се движи во насока пазарот да се либерализира до следната година а ЕЛЕМ и МЕПСО да се продадат планирам да го подржам и утре и ќе им го предложам тоа на тој собирот дека рекоа дека ќе можело кој сака да предложи.

И не само за струја туку за се и за нафта и за гас.Со новата зделка што ја прават со гас пром државата пак ќе добие моќ да национализира.

Ако планираат да идат пред собрание и да се дерат ЕФТИНА СТРУЈА/ЕВН МАФИЈА планирам да си идам дома и да си терам сеир.
Ристо,се е во ред тоа што го пишуваш ама некако погрешно го сваќаш и премногу очекуваш од еден протест.
Протест не се организира за да се понудат решенија туку за да изрази незадоволство.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.349
Грците вршеле геноцид, овој, оној...ама нашиве како што систематски не ништат, никој.
За муабетот за приватизација на ЕСМ со која се правда секое кревање цена
Предупредивме дека приватизација на ЕСМ ќе доведе до силни последици
сега доаѓа шок и за другите извори на греење, од фирми кои се под владата на РМ (ЈП Македонски Шуми)

07.08.2012, 08:01
НА КРАЈОТ НА ЛЕТОТО ДОАЃА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ШОК
Дрвата и ќумурот ќе поскапат?
Се подготвуваат нови цени за дрвата и ќумурот од септември. Најавите за промена на цените следат по најновото поскапување на струјата и укинувањето на дневната евтина тарифа. "Сe уште не знам дали сигурно ќе поскапат дрвата, но ако продолжи да се коригира цената на другите енергенси, најверојатно, и ние ќе мора да го регулираме ценовникот според условите и можностите за работа. Цената ќе ја утврдиме во согласност со статистичките податоци за зголемување на животните трошоци. Засега таа останува иста", изјави за "Вест" Жарко Караџоски, директор на Јавното претпријатие "Македонски шуми".

Ако сака некој владин економист или нивни дежурен портпарол на форумов да објасни што има врска увозот на струја, укинување на дневна ефтина со пеглање на цените дрвата и шумите. Едино ако им се парите ради новите споменици кои допрва доаѓаат во Скопје...
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
За се што ни се случува сме сами криви, никој друг. Нека продолжи така додека не не соголат, или додека не ни дојде памет па да направиме нешто големо,
во што искрено се сомневам!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За се што ни се случува сме сами криви, никој друг. Нека продолжи така додека не не соголат, или додека не ни дојде памет па да направиме нешто големо,
во што искрено се сомневам!
Овој израз ми пречи.... Зошто би биле ние самите криви, за нешто што ниту сме го сакале, ниту сме го направиле?
Криви се тие што го смислиле и направиле тоа!
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Незнам што му е финтава на грујо но го донесе народов до ѕид, не се диши вака!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Овој израз ми пречи.... Зошто би биле ние самите криви, за нешто што ниту сме го сакале, ниту сме го направиле?
Криви се тие што го смислиле и направиле тоа!
Технички си во право, но...со самото тоа што не реагираме на ништо што ни се случува, тотална апатија, на никој за ништо не му е гајле, ние им даваме легитимитет да прават што сакаат. Во овие 20 години македонскиот народ не излегол на еден единствен протест (што е спонтан или не е партиски организиран), да се побуни против некоја одлука и можеби најрепрезентативниот пример, 1 Мај кога низ цел свет има протести овде локаме и кркаме скара, како се да ни е во ред. Да не навлегувам подлабоко, ама според мене изгледа како се тоа што сме го добиле, всушност сме си го заслужиле, затоа што не сме направиле ништо да го спречиме.
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Друже,која дупка бе? НЕМА дупка ! ЕЛЕМ и МЕПСО и со цените од 2010,и со сите партиски вработувања,тендери и слични пичке материне работеле профитабилно.Тука се работи за зголемување на профитот а не за дупка.
Како нема дупка бе? Има дупка, ама стефус неубаво се искажа... со поскапувањето на струјата се пополнува ДУПКАТА ВО БУЏЕТОТ а не дупката на ЕЛЕМ и МЕПСО... Доспеваат државните обврзници и благајнички записи... пари треба да се враќаат, не врби и споменици... што мислите вие, лесно е да се води држава а? :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Овој израз ми пречи.... Зошто би биле ние самите криви, за нешто што ниту сме го сакале, ниту сме го направиле?
Криви се тие што го смислиле и направиле тоа!
Не! Криви се тие што го гласаа оној грд хермафродит, двоцевка за премиер...За таквите не само што не ми е жал, туку уште полошо тие треба да живеат за да сфатат убаво кого одбрале да ги води...!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Не! Криви се тие што го гласаа оној грд хермафродит, двоцевка за премиер...За таквите не само што не ми е жал, туку уште полошо тие треба да живеат за да сфатат убаво кого одбрале да ги води...!
20 години!. 20 години одбираме хермафродити да не водат. Ова само е нова епизода од серијата која започна во '91.
Многу луѓе мислат дека ова е дното. Ама не е. Како што рече некој, Никогаш нема да паднеме долу, некој постојано ни го копа дното под нозете.
Е тоа ни се случува нам од 91 наваму, само што сега тоа копање на дното е некако поинтензивно.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Народов едвај први со први успева да закрпи а на грујо и компанија ги заболе таквото

Важни се огради од 1 000 000 евра и врби од 80 000 евра.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Самите сме криви необразованоста и чувството дека имаме право на одредени "работи" не донесоа овдека.

Јас гарантирам сега некој да ги истреби сите политичари во Македнија утре ќе дојдат исти како овие дури и полоши можеби зошто едноставно ги сакаме такви.Никогаш нема да има крај секогаш ќе биде вака додека Македонскиот народ не се образова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom