Покачен холестерол

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.194
Поени од реакции
16.023
Што е подобро висок или низок тестостерон ?
Зависи од неколку параметри, генерално низок. Ако соодносот на LDL/HDL е добар т.е. блиску до еднаков, имаш ниски триглицериди, и немаш проблем со микро честички на холестерол, (LDL-P тестирање) тогаш немаш гајле и со висок.

Се зависи од воспалението во организамот, и дигестивната флора.
 
M

MD_

Гостин
Зависи од неколку параметри, генерално низок. Ако соодносот на LDL/HDL е добар т.е. блиску до еднаков, имаш ниски триглицериди, и немаш проблем со микро честички на холестерол, (LDL-P тестирање) тогаш немаш гајле и со висок.

Се зависи од воспалението во организамот, и дигестивната флора.
Подобро е да имаш низок тестостерон, сериозно ?

http://www.healthline.com/health/side-effects-of-low-testosterone#emotional-changes5
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.194
Поени од реакции
16.023
Не, подобро е да имаш низок холестерол, таман работа за тестостерон.

Едит, Мислев дека членот прашува за холестерол лол
 
Член од
12 декември 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Sto se tice holesterola po mom iskustvu samo ishranom sam ga uspela sniziti... drzala sam se namirnica sa liste iz normal cholesterol levels clanka. Medjutim posle nekog vremena treba biti kreativan sa receptima.... tako da ako neko ima neki ukusan recept slobodno preporucite. :)
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
167
Поени од реакции
24
Колку јајца(цели) е безбедно да се јадат во текот на еден месец/неделно?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.643
Поени од реакции
17.615
Колку јајца(цели) е безбедно да се јадат во текот на еден месец/неделно?
По едно на ден нема да ти праи фрка.
Или секако, по 2 јајца, 3 дена во неделата.
Но ако холестеролот ти е висок, пожелно е да ги избегнуваш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.376
Поени од реакции
7.254
За во денешно време доста познато.*Храна којашто треба да се избегнува: Од месо, замени за месо и риба (масно говедско, телешко, јагнешко, конзервирани месни производи, бубрези, црн дроб, мозок, све пржено и поховано месо, школки, ракови, шкампи, лигњи, јастог, риба пржена во длабоко масло... ) Масти и масла (сало, сланина, путер, палмово масло, кокос, кокосово масло,
...да се потсетиме на првиот пост конкретно за поврзаноста на холестеролот со примена на свинско месо (маст) како храна која треба да се избегнува!
Заблуди и вистини за холестеролот Бидејќи холестеролот учествува во создавањето на жолчната киселина, на половите хормони и на хормонот на надбубрежната жлезда, тој е од есенцијално значење за организмот.ЛДЛ го носи холестеролот во крвните садови и создава во нив атероматозни наслаги (плаки) кои предизвикуваат срцеви заболувања.ХДЛ, пак, ја создава еластичноста на крвните садови и неговиот недостаток во организмот ги прави крвните садови крути и нееластични. Мажите се позагрозени од жените, бидејќи машкиот полов хормон, тестостерон, го намалува нивото на ХДЛ холестеролот, кој па делува заштитно спречувајќи ги наталожувањата на масните наслаги на sидовите на крвните садови.
... да се потсетиме И за важноста на ХДЛ холестеролот!
Студиите кои ги постирав се 2017-2018, има некои и малце постари. Тоа се студии кои докажуваат казуален ефект, за да дојдат до тој заклучок научниците се служат со различен тип на студии (дизајн и методологии) при што заклучокот едногласно беше дека LDL е виновникот, а HDL не беше никаде спомнат, затоа што како и што ти спомнав претходно нема доволно значајна улога во заштита од кардивокасуларен морталитет.Е сега повели најди му студија на која со покачување на HDL се постигнува нешто приближно ефективно кога се работи за кардиоваскуларен морталитет. Повели.
... или не читаш, или не ме разбираш или не ти одговара не знам, ама ете повторно ќе го повторам одговорот околу клинички студии :
... сега ќе се префрлам клинички испитувања, конкретно на овие клинички студии каде се повикуваш и за магнезиумот и за предходно за холестеролот конкретно за ЛДЛ, за да се направи некое клиничко испитување потребно е голема сума на пари т.е. спонзор кој ќе го финасира сето тоа и тоа може да биде владина организација, биотехнолошка и фармацевтска компанија под контрола и раководство како сакаш, на соодветни академски сектор (најчесто медицински лица)!
... нема да дадам пример, туко општо ќе ти кажам, какви клинички студии да ти дадам околу важноста на вредноста на ХДЛ кога немаме соодветен лек за истиот, ама пак има колку сакаш лекови од тип на статини кои делуваат на ЛДЛ и нормално јас како „спонзор“ ќе платам за клнички студии за ЛДЛ , за магнезиум...за што ми е во интерес да го продадам комерцијално, укажувајќи на дотичните еминентни професори, лекари од соодветни, па и д несоодветни специјализации ама со звучно име да дадат труд потецирајќи само бенифитот и само таа проблематика, за што јас како „спонзор“ добро ќе го платам! како „спонзор“ ќе испратам на терен комерцијални менаџери да го форсира кај докторите тоа што е во мој интерес за комерцијална продажба при што со таа продажба пак ќе платам за клиничка студија и потрошувачка???
...јас не реков дека треба да се препорача магнезиум или негирам значењето на ЛДЛ, јас само укажувам дека магнезиум треба да се дозира како суплимент само ако лабораториски се докаже дефицит, другото ете како нутриционист повели кажи која исхрана да ја форсираат со магнезиум, но немој молим те препорака на магнезиум суплименти од младо до старо како чудо кое лечи све!
... клиничка студија се прави И покрај другото според желба на спонзорот што му е во интерес таа клиничка студија да си го комеријализира лекот или пак некој суплимент кој му носи приход, зашто би се направиле такви студии и би платил труд на некој доктор да го препорача на своите пациенти (буквално на сите што имаат проблем со холестерол што не е во ред, за што јас опонирам тука) за тој лек кој делува САМО на ЛДЛ, оти нема лек за ХДЛ, па нормално дека ќе се потенцира САМО улогата на ЛДЛ! ... не знам зошто не ме разбираш дека не велам дека нема важност ЛДЛ за кардиолошки патологии, но за разлика од тебе јас велам дека и ХДЛ си има своја улога и треба да си биде во нормални вредности иако ти тоа го негираш само затоа што не го читаш на НЕТ како клиничка студија!
Пак еден куп рандом мисли и неповрзани муабети. Реков да ми дадете студија каде што свинската маст има белотворни ефекти на човекот, НЕ во спроедба со рафинирани масла, него на пример во споредба со бадеми, ореви, или ладно цедено маслиново масло.
...тоа е твое мислење, ова е мое мислење и не смееш така да дебатираш дека ете моите „биле рандом мисли и водам неповрзан муабет“, а ти ете разумни и паметни коментари, оти таму има некоја клиничка студија и некое видео и што можеби и тебе те „хипнотизира“, а можеби и ТИ си дел од тој ланец на тие што ги препорачуваат овие препарати за СИТЕ без разлика дали е оправдано или не, мене тоа не ме воодушевува ..не постои лек за СИТЕ- универзален!
за некои пациенти ДА ! -е лек не велам не, ама за некој не е препорачлив лек, суплимент или како сакаш !

1568303496367.png

слободен превод:
,,Флин и други спровеле студија за да ги споредат ефектите на говедско месо, комбинирана живина и риба или свинско врз липидите во крвта. Вкупно 76 возрасни ги завршиле сите три интервенции. За време на секоја интервенција, на субјектите им беа обезбедувани пет јајца, месо (говедско месо, живина / риба, свинско месо) на ден. Интересно е што, основните триглицериди и нивоата на HDL-C пред секоја интервенција беа значително различни од вредностите после периодот на испуштање пред интервенцијата на свинско месо. Научниците известија дека, врз основа на анализа на варијантите, само HDL-C значително се разликувал во групите за интервенција на месо, со „недоследни промени и нагоре и надолу“. Не се дадени дополнителни детали за анализата или резултатите. Како и да е, во сите четири предметни групи на студии (како што е дефинирано по пол и дали говедата се конзумира во првата или втората интервенција), нивото на HDL-C на крајот на интервенцијата на свинско месо беше 3-5 мг / 100 мл повисоко од нивото на почеток на периодот на консумирање на свинско месо, што укажува на позитивно влијание на внесот на свинско месо врз HDL-C....,,
споредбено не со бадеми, туку споредбено примена на свинско врз ХДЛ холестеролот!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
3.724
Поени од реакции
2.660
Темава ја напраивте ко рубрика верувале или не.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.376
Поени од реакции
7.254
Член од
28 март 2006
Мислења
16.247
Поени од реакции
9.301
Абе тешко е да се симне и одржува холестерол, пак зависно од човек до човек. Знам колеги што зимаат росфери мосфери и пак имаат покачен холестерол. Некои па гнетат све и пак им е све у граница.

Можеби тоа зависи и од подолготрајни стресови, психичка состојба, нервози? Не знам, прашувам.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.643
Поени од реакции
17.615
Абе тешко е да се симне и одржува холестерол, пак зависно од човек до човек. Знам колеги што зимаат росфери мосфери и пак имаат покачен холестерол. Некои па гнетат све и пак им е све у граница.

Можеби тоа зависи и од подолготрајни стресови, психичка состојба, нервози? Не знам, прашувам.
Од се зависи но најмногу генетика.
 
На врв Bottom